POBUNJENI UM - web magazin

 

МАРКСИЗМОТ И НАЦИОНАЛНОТО ПРАШАЊЕ

 

Увод

Дел Први: Националното прашање во историјата

Дел Втори: Маркс и Енгелс и националното прашање

Дел Трети: Ленин за националното прашање

Дел Четврти: Националното прашање по Октомври

 

 

МАРКСИЗМОТ И НАЦИОНАЛНОТО ПРАШАЊЕ:
автор: Алан Вудс и Тед Грант
датум: 25/02/2000

Увод

Националното прашање т.е. угнетувањето на нациите и националните малцинства, кое го карактеризира капитализмот од неговото раѓање до денешно време, отсекогаш завземало централна позиција во марксистичката теорија. Делата на Ленин посебно се занимаваат со оваа тема во голема мерка и сеуште претставуваат значајна основа за расправа на оваа најсложена и најексплозивна тема. Навистина, без правилно разрешување на националното прашање, болшевиците немаше да дојдат на власт во 1917. Само со завземањето на челната позиција на угнетуваните слоеви на општеството можеше да се обедини пролетеријатот под знамето на социјализмот за да масите ги принудат угнетувачите да ја напуштат власта. Неуспехот да се почитуваат  проблемите и аспирациите на угнетените националности во царската империја сериозно ќе ја поткопаа револуционерната борба на пролетеријатот.Двете фундаментални бариери на човечкиот прогрес се, на една страна, приватната сопственост на средствата на производство и на другата националната држава. Но, додека првата половина од проблемот е доволно јасна, на втората половина не и се обврнува внимание. Денес, во епохата на империјалистички пад, кога лелекот од контрадикциите на социо-економскиот систем кој од корен се распаѓа, ги достигнаа најнеподносливите граници, националното прашање уште еднаш се крева насекаде со најтрагични и најсангвинични последици. Далеку од мирното губење на значење како античка фаза од човечкиот развој, како што мислат безнадежните реформисти, се употребува посебно пакосна и отровна форма која ги загрозува нациите да паднат во варварство. Решението на овој проблем е витална компонента за победата на социјализмот во светски рамки.Ниедна земја, дури ни најголемите и најмоќните држави, неможат да ја поднесат разурнувачката доминација на светскиот пазар. Феноменот што буржоазијата го опишува како глобализација, предвиден од Маркс и Енгелс пред 150 години, се развива како под лабораториски услови. По Втората Светска Војна, а посебно последниве двеасетина години, имаме колосална интензификација на меѓународната поделба на трудот и енормен развој на светската трговија, со степен за кој ни Маркс и Енгелс не можела да сонуваат.  Заедничкото ткаење на светската економија се спроведува како никогаш досега во човечката историја. Ова е најпрогресивен развој затоа што се поставени материјалните услови за светскиот социјализам.Контролата на светската економија е во рацете на 200 најголеми интернационални компании. Концентрацијата на капиталот ги достигна вртоглавите пропорции. Секој ден 1,3 трилиони долари поминуваат низ границите во меѓународните трансакции, а 70% од овие се случуваат во мултинационални рамки. Со секој ден кој одминува, огромите монополи се засилуваат во смртоносната битка за завземање на други гиганти. Се фрлаат огромни пари на овие операции со кои се сконцентрира незамислива моќ во рацете на се помалку и помалку компании. Тие се однесуваат како разјарени и ненаситни канибали, ждерејќи се самите себеси за поголем и поголем профит. Во оваа канибалистичка оргија, работничката класа е секогаш губитник. Поскоро се спојуваат, а управната канцеларија прогласува нов бран на отпуштања и затворања, па безмилосен притисок на работната сила да ги подигне профитните маргини, дивиденди и егзекутивни исплати.Во овој контекст Лениновата книга "Империјализмот како највисок степен на капитализмот" бара осовременување. Ленин објаснил дека империјализмот е капитализмот во периодот на големи монополи и трустови. Ама степенот на монополизација во Лениновото време е како детска игра во споредба со денешната ситуација. Во 1999 бројот на прекугранични превземања е засташувачки 5100. Згора вредноста на спогодбите порасна за 47% споредено со 1998, за рекордно високи $798 милијарди. Со овие вртоглави суми може да се разрешат повеќето од проблемите на светска сиромаштија, неписменоста и болести. Но, се претпоставува егзистенција на рационален систем на производство во кој потребите на мнозинството се во предност во однос на суперпрофитите на малкумината.  Колосалната моќ на овие гигантски мултинационални компании, што забрзано се спојува со капиталистичката држава, го продизвикуваат феноменот што американскиот социолог Рајт-Милс го нарече "Милитарен Индустиски Комплекс", кој еве доминира со светот поцелосно од било кога во историјата.Тука ја согледуваме контрадикацијата. На основа на глобализацијата, се брани аргументот од страна на буржоазијата, а посебно од ситната буржоазија, дека националната држава не е важна повеќе. Ова не е новост. Истиот аргумент го постави Кауцки за време на Првата Светска Војна (теорија за т.н. "ултра-империјализам"),  кога тврдеше дека со развој на монополскиот капиталистички империјализам постепено ќе се отклонат контрадикациите на капитализмот.  Нема да има повеќе војни затоа што развојот на капитализмот ќе ги направи националните држави излишни. Истата теорија е поставена и денес од страна на ревизионистот Ерик Хобсбоум во Британија. Бившиот сталинист кој отиде во десното крило на Работничката Партија 1 тврди дека националната држава е транзиционен период од човековата историја која сега поминува. Буржоаските економисти ги истакнувале истиве аргументи низ историјата. Тие се обидуваат да ги укинат контрадикциите инхерентни на капиталистичкиот систем само со одрекнување на нивното постоење. Ама во исто време, кога светскиот пазар стана доминантна сила на планетава, националните антагонизми се со разјарен карактер и националното прашање, далеку од тоа да е укинато, насекаде се разбира како посебно силно и отровно.Со развојот на империјалистичкиот и монополски капитализам, капиталистичкиот систем ги прерасна тесните граници на приватната сопственост и националната држава ја игра приближно истата улога денес како што ја играа и ситните локални кнежества и држави пред издигањето на капитализмот.  За време на Првата Светска Војна Ленин напиша: "Империјализмот е највисокото ниво на капитализмот. Во најистакнатите земји капиталот ги прерасна границите на националната држава, го смени натпреварот со монопол и ги создаде објективните услови за постигање на социјализам." (Ленинови Собрани Дела 2, Социјалистичка  револуција и Правото на народите на Самоопределување, јануари февруари 1916, том 22.) Кој  не ја разбера оваа елементарна вистина нема да може да ги разбере, не само националното прашање, туку сите најважни манифестации во сегашната епоха.Целата историја на последниве сто години е историја на побуни на продуктивните сили против тесните рамки на националната држава. Од ова произлезе светската економија и со светските кризи и светските војни. Затоа сликата на професорот Хобсбоум за светот во кој националните контрадикции се елиминираат е чисто јалова фантазија. Напротив. Со општата криза на капитализмот националното прашање не е ограничено само во бившите колонијални земји. Почнува да делува и во високо развиените земји, дури и таму каде изгледа дека е решено. Во Белгија, една од најразвиените еворопски земји, конфликтот меѓу Валонците и Фламанците завзема разјарен карактер кој под одредени услови може да доведе до расцеп на Белгија. На Кипар постои конфликтот  помеѓу Грците и Турците, и поголем антагонизам меѓу Грција и Турција. Неодамна националното прашање на Балканот ја вовлече Европа на работ на војната.Во САД постои проблем со расизмот против Црнците и Хиспанолците. Во Германија, Франција и другите земји гледаме дискриминација и расистички напади против имиграцијата. Во бившиот Советски Сојуз националното прашање резултираше во крвав хаос и граѓански војни на една земја против друга. Во Британија, каде капитализмот постои најдолго, националните прашања се неразрешени, не само за Северна Ирска, туку и за Велс и Шкотска. Во Шпанија го имаме прашањето на Евскади, Каталонија и Галиција. Најчудно од се е дека по сто години од обединувањето на Италија, Северната Лига го турка реакционерното барање за расцеп на Италија на база на самоопределување на северот ('Паданија'). Заклучокот е неизбежен. Го игнорираме националното прашање на наша штета. За таа цел, се обраќаме до работниците и младината, во редовите на социјалистичките и комунистичките партии, кои сакаат да ги разберат идеите на марксизмот во борбата да го променат општеството. Ним им е посветено ова дело.

Дел Први: Националното прашање во историјата

"Во Западна Европа епохата на оформувачки стадиум на буржоаските нации, ако се тргне настрана борбата на Холандија за независност и судбината на островската земја, Англија, почна со Француската Револуција и заврши приближно сто години потоа со обединувањето на Германската Империја." (Леон Троцки, Историја на Руската Револуција, стр. 889.)Иако многумина мислат дека националната држава е нешто природно, па има свои корени во далечното минато, ако не и во душата и крвта на мажите и жените, таа е, де факто, релативно модерна креација, што рака на срце постои само во последниве 200 години. Единствен исклучок на ова е Холандија, каде буржоаската револуција во XVI век го завзема обликот на национално ослободување против Шпанија, и Англија заради уникатната положба на островското кралство, каде капиталистичкиот развој започна порано од остатокот на Европа (од касниот XIV век понатаму). Пред овој период немаше нации, туку само племиња, градови-држави и империи. Научно е некоректно да се употребува терминот "нации" за претхотните поими, како што често се прави. Еден велшки националист го истакнуваше поимот "велшка нација" , пред римската инвазија на Британија! Може само да се занесува. Велс тогаш преставуваше агломерат на племиња кои фундаментално не се разликуваа од другите на просторот, денес познат како Англија. Тоа е убиствена црта на националистичките писатели кои се обидуваат и создаваат впечаток дека "нацијата" (посебно нивната посебна нација) отсекогаш постоела. Всушност националната држава е историски еволутивно битие. Тоа не постоело отсекогаш, а нема ни да постои секогаш во иднината.Реално, националната држава е производ на капитализмот. Поставена е од буржоазијата која побарувала национален пазар. Морала да ги сруши локалните рестрикции на малите места со нивните локални такси, патарини, одвоени монетарни системи, одвоени мерни единици. Следниот извадок од Роберт Хајлбронер сликовито ни ја опишува ситуацијата на еден германски трговец од околу 1550 година:"Андреас Риф, трговец, брадосан и со крзно на себе, се враќа дома во Баден; тој и пишува на својата жена дека посетил триесет пазари и имал неволји со седлата. Уште повеќе незгоди имал со времето; додека патувал тој запирал на секои десет милји да плати царина; помеѓу Базел и Келн платил 31 леви."И тоа не е се. Секоја заедница што тој ја посетувал имала свои пари, свои плавила и регулативи, свој закон и ред. Во околината на Баден имало 122 различни мерки за должина, 92 резлични мерки за житарици и 123 за течности, 63 за ликери и 80 за тежина." ( R, Heilbroner, The Worldy Philosophers, p. 22.)Отфлањето на локалните партикуларизми тогаш представуваше гигантски чекор напред. Собирањето на продуктивните сили во национална држава е колосална прогресивна историска задача на буржоазијата. Основата за оваа револуција беше поставена при крајот на Средниот Век, во периодот на падот на феудализмот и подемот на буржоазијата и градовите во кои постепено ги добиваат нивните права. Средновековните кралеви бараа пари за нивните војни и беа приморани да се потпрат на растечката класа на трговци и банкари како Фугерови и Медичи. Но времето на пазарната економија се уште не беше дојдено. Она што постоеше беше ембрионска форма на капитализмот, карактеризиран со ниско производство и локални пазари. Никој неможеше да зборува за вистински национални пазари и национални држави. Навистина, елементи кај некои современи европски земји ги има во овој контекст, но и овие беа во подразвиен стадиум. Иако Франција постепено ја завземаше својата форма со стогодишната војна со Англија, овие борби беа од феудален и династиски карактер, а не од вистински национален . Војниците кои се бореа во овие војни оддава повеќе почит на нивните локални кнезеви отколку на клалот на Франција, и покрај заедничката територија и јазик, се сметаа себеси за Бретонци, Бургундијци и Гаскоњи повеќе отколку Французи.Вистинската национална свест се издигна  постепено, мачно, за период од неколу века. Овој процес се одвиваше паралелно со растот на капитализмот, монетарната економија и постепено воведување на националниот пазар, представен со трговијата со дрво во Англија во доцниот Средниот Век. Распадот на феудализмот и растот на апсолутните монархии, кои за свои потреби го поттикнуваа развојот на буржоазијата и трговијата, го забрзуваа процесот. Роберт Хајлбронер го напиша како:"Првин, имаше постепена појава на национални политички единици во Европа. Под виорот на селските буни и кралските освојувања, изолираната егзистенција на раниот феудализам го отвори патот за централизираните монархии. А со монархиите растеше и националниот дух; за узврат тоа значеше кралска патронажа на омилените индустрии, како големите француски таписериски работи и развојот на армадите и армиите со сите нивни неопходни сателитски индустрии. Бескрајните правила и регулативи кои го плашеа Андреас Риф и неговите другари, патувачките трговци од шестнаесетиот век, го отворија патот за националните закони, заедничките мерки и повеќе или помалку валутите." (Ибид. стр.34)Затоа националното прашање, од историска гледна точка, се поврзува со буржоаската демократска револуција. Говорејќи стриктно, националното прашање не влегува во социјалистичката програма, бидејќи се претпоставува дека е решено од буржоазијата во нивната борба против феудализмот. Буржоазијата е таа која на прво место ја формираше националната држава. Основањето на национална држава, во тоа време, беше извонреден прогресивен и револуционерен чин. И не беше постигнат мирољубиво и без борба. Првата вистинска европска нација, Холандија, беше формирана во XVI век како резултат на буржаоската револуција што доби форма на војна за национално ослободување против империјалната Шпанија. Во Соединетите Држави доби форма на револуционерна војна за национално ослободување во XVIII век и беше консолидирано преку крвавата ѓраѓанска војна во 1860те. Во Италија тоа беше постигнато со војна за национална независност. Обединувањето на Германија, прогресивна задача во тоа време, беше спроведено од јункерот Бизмарк со реакционерни средства, со војна и политика на "крв и железо".

Француската Револуција

Основањето на модерните европски држави (со исклучок на Холандија и Англија) започнува со француската револуција. До овој момент националната држава беше идентично спознаена со кралската држава. Нацијата беше сопственост на влеадеачките суверени. Оваа застарена легална поставка, наследена директно од феудализмот, беше во директен конфликт со новите услови поврзани со подемот на буржоазијата. Со цел да ја завземе власт буржоазијата мораше да се постави како претставник на народот односно Нацијата. Како што кажа Робеспјер: "Во аристократските држави зборот патрие (нација) нема никаква смисла освен за патрициските фамилии, кои ја одредуваа сувереноста. Само под демократија државата е вистински патрие на сите индивидуи што ја сочинуваат." (цитирано од Е.Х. Кар , "Болшевичката Револуција", том 1, стр. 414.)Првиот принцип на француската револуција беше непомирливата централизација. Тоа беше предуслов за успехот во борбата на живот или смрт против стариот режим подржан од останатата Европа. Под знамето на "Републиката, една и неделива" револуцијата ја обедини Франција за прв пат во една нација, заобиколувајќи ги локалните партикуларизми  и сепаратизми на Бретонците, Норманите и Провансалците. Алтернативата беше дезинтеграција и смрт на самата револуција. Крвавата борба на Ванде беше и војна против сепаратизмот и феудалната реакција. Падот на Бурбоните даде нов моќен импулс во националниот дух низ Европа. Во прво време, примерот на револуциониот народ кој успеа да го сруши стариот феудален монархистичен поредок насекаде служеше како инспирација и фокусна точка за револуционите и прогресивни сили. Подоцна, револуционите војски на француската револуција беа принудени на офанзива против здружените снаги на Европа кои се обединија под водство на Англија и рускиот царизам да ја урнат револуцијата. Со чудовишниот подвиг на оружјето, револуционерните сили успеа да ги одвратат реакционерните сили на секој фронт, а со тоа пред вчудоневидениот свет ја открија моќта на револуционерниот народ и оружената нација.Револуционерната армија го пренесе духот на револт насекаде и беше приморана да ја пренесе и револуционерната порака на териториите што ги окупира. Во растечката фаза на револуцијата, армијата на француската Конвенција се појави пред народите на Европа како ослободителна. За да успеат во титанската борба со стариот поредок, тие беа приморани да ги повикаат масите да ги спроведат истите револуционерни трансформации што се случија во Франција. Ова беше револуционерна војна, невидена никогаш порано. Ропството беше укинато во француските колонии. Револуционерната порака на Декларацијата за Правата на Човекот беше насекаде здружен повик што го означи крајот на феудализмот и монархистичкото угнетување. Давид Томпсон истакна:"Тие (Французите) беа навистина подржани од домашните помошници и деструктивната страна на нивната работа често беше добро пречекана. Дури откако популациите сфатија дека француските господари не се повозбудливи од нивните стари режими, тие ги распламтеа идеалите за самостојно управување. Идејата дека "сувереноста на народот" водеше во национална независност е индиректна последица на француската окупација; нејзиното оргинално значење, укинување на привилегиите и правењето на правата да бидат универзални, се сплотија во оваа нова импликација само како резултат на освојувањата. Француските револуционери го ширеа либерализмот со интенција, но креираа национализам од невнимателност." (Дејвид Томпсон, "Европа по Наполеон", стр 50.)Исцреноста и распадот на француската револуција го произведе диктаторството на Наполеон Бонапарта, како што и дегенерацијата на изолираната држава на руски работници подоцна заврши со пролетерско бонапартанско диктаторство на Сталин. Поранешната револуционерна демократска порака беше испревртена и деформирана во династичките и империјални амбиции на Наполеон што се покажаа за фатални по Франција. Но, и под Наполеон, дури и во дисторзирана форма, некои од придобивките на француската револуција беа зачувани и раширени низ француските европски територии, со револуционерни последици, посебно во Германија и Италија."Нејзините најдеструктивни придобивки беа меѓу најперманентните. Наполеон ги прошири и зајакна ефектите на француската револуција со рушењето на феудализмот во Ниските Земји, во поголем дел на Германија и во Италија. Феудализмот како легален систем, кој вклучува благородничка јурисдикција над селаните, заврши; феудализмот како економски систем кој вклучува феудални давачки од селаните на благородниците, заврши, иако често како одговор имаше компензации и обештетување. Барањата на Црквата беа тргнати настрана од патот на оваа реорганизација. Средните класи и селаните станаа како благородништвото, субјекти на државта, сите подеднакво должни да плаќаат даноци. Системот на наплата и собирање на даноци стана поефикасен и порамноправен. Старите гилди и градските олигархии се укинаа; интерните тарифни бариери се тргнаа. Насекаде беше инаугурирана поголема рамноправност, во смисла што кариерите станаа отворени за талентите. Дуваа ветришта на модернизација низ Европа во екот на Наполеоновиот поход. Неговите насилни обиди да ја закова западна Европа како супсервилен блок на анектирани и сателитски територии успеаа барем да ги ослободат од застарените јурисдикции и привилегии, од поминатите територијални поделби. Повеќето од она што беше збришано не можеше да се реставрира." (Ибид., стр. 67.)Но наполеоновото владеење не беше со непоматен благослов. Со цел да го избегне наметнувањето на тешки даноци дома, Наполеон наметна даноци во освоените територии. И покрај сите социјални предности, француската власт си остана странска. Робеспјер мудро забележал, никој не ги сака мисионерите со бајонети. Неизбежно француската инвазија доведе до војни за национално ослободување кои целосно ги поткопаа поранешните триумфи. Наполеоновиот пораз на замрзнатите предели во Русија и уништувањето на француската војска беа сигнали за бранот на национални востанија против Французите. Во Прусија целата нација стана и го прати Фредрик Вилхем Трети во војна со Наполеон. Од крвавиот хаос на Наполеоновите војни и довајувањата на победниците што го следеа се издигнаа модерните држави на Европа како што ги знаеме денес.

Националното прашање после 1848

1848 беше пресвртница за националното прашање во Европа. Помеѓу пламените јазици на револуциите, потиснатите национални аспирации на Германците, Чесите, Полјаците, Италијанците и Маѓарите остро проникнаа од позадината. Да успееше револуцијата, ќе беа отворени патиштата за решавање на националните проблеми во Германија и другде со најдемократски средства. Но, како што објаснија Маркс и Енгелс, револуцијата од 1848 беше предадена од контрареволуционерната буржоазија. Поразот на револуцијата значеше дека националниот проблем мораше да се реши со други средства. Случајно, една од причините за поразот беше точно манипулацијата со националното прашање (на пример, на Чесите) за реакционерна завршница.Во Германија националното прашање можеше да се каже со еден збор: обединување. По поразот на револуцијата во 1848, земјата остана поделена на мали државички и поседи. Тоа беше несовладлива пречка за слободниот развиток на капитализмот во Германија и воедно на работничката класа. Обединувањето, затоа, беше прогресивно барање. Но, центално беше прашањето кој ќе ја обедини Германија и со какви средства. Маркс се надеваше дека тоа ќе се случи од оздолу, од работничката класа и со револуционерни средства. Но, не беше така. Бидејќи пролетеријатот  не успеа ова прашање да го реши со револуционерни средства во 1848, беше решено со реакционерни средства на конзервативниот пруски јункер Бизмарк. Принципелниот метод да се постигне целта беше преку војна. Во 1864 Австриците и Прусите се собраа да ги победат Данците. Данска ја загуби провинцијата Шлезвиг-Холштајн, која по препирањето меѓу Австрија и Прусија , се обедини кон Германија во 1865. Маневрирајќи со тоа што ја држеше Франција настрана од конфликтот, Бизмарк формира сојуз со Италија против Австрија. Откако Австрија претрпе пораз во битката кај Кенинггрец во јули 1866, беше обезбедена пруската доминација на Германија. Со овој чин, Германија беше обединета со реакционерни средства, користејќи го прускиот милитаризам. Обединувањето послужи да се зајакне прускиот милитаризам и Бизмарковиот бонапартистички режим и да се посее семето на нови европски војни. Затоа, начинот на кој се решава националното прашање, која класа го решава и со кои интереси, не е и те како неважно прашање за работничката класа. Само ова е доволно да се објасни зошто е недопусливо да се бара од нас да се однесуваме како водачи на навивачите за буржоазијата и ситно буржујските националисти, дури тие и да спроведуваат задача што објективно е прогресивна. Во секое доба мора да се зачува класната гледна точка.Објективно, обединувањето на Германија беше прогресивен развој, кој Маркс и Енгелс го подржуваа. Но, тоа никако не значи дека германските социјалисти треба да го подржуваат Бизмарк. Самата помисла би била анатема за Маркс. Тој секогаш се спротивставувал на реакционерниот Бизмарк, но кога тој веќе успеа да ја обедини Германија, Маркс и Енгелс опирајќи се мораа да го подржат, како чекор напред, бидејќи бездруго ќе го отежнеа обединувањето на германскиот пролетеријат. Така, Енгелс му пиша на Маркс на 25 јули 1866: " Стварта ја има добрата страна во тоа што ја поедноставува ситуацијата; револуцијата ја прави полесна со кавгата меѓу ситниот капитал и во секој случај ќе го забрза развојот... Многуте државички ќе бидат збришани со движењето, најлошите локализирачки влијанија ќе престанат и страните конечно ќе постанат вистински национални, наместо локални..."Според мене, затоа, се што можеме да направиме е да го прифатиме фактот, без да го оправдуваме, и ги користиме, колку што можеме, поголемите установи за национална организација и обединување на германскиот пролетеријат, кој сега по секоја цена мора да се стави самиот на располагање."

Италијанското обединување

Аналогна ситуација постоеше во Италија. При крајот на 1850те, покрај сите обиди за унификација, Италија сеуште остана безнадежно поделена и потчинета на Австрија, која ги анектираше северните територии. Згора, неколку помали држави, како бурбонското Кралство на Две Сицилии (јужна Италија и Сицилија) беа заштитени од револуција од, одготвените за интервенција, австриски трупи. Папските држави во централна Италија беа под француска "протекција". Само малото кралство на Сардинија, поставено од Савој-Пиемонт, не беше под австриска доминација. Под водство на способниот дипломат и државник грофот Кавур, конзервативната владеачка династија постепено ја ширеше сферата на влијание и териториите, бркајќи ги Австриците од една по друга област.Раме до раме на династичката конзервативна опозиција на Пиедмонтови кон Австрија беше радикалниот и револуционерно националистичко движење, хетерогена мешавина на републиканци, демократи и социјалисти. Овие сили беа присутни во сите држави во Италија како и во егзил. Највиден претставник на овој тренд беше Мацини, чии конфузни и аморфни идеи кореспондираа со природата на движењето што го застапуваше. Спротивно нему, Кавур, челникот на независната северно италијанска држава Пиедмонт, маневрираше итро и непринципиелно. Во типично дипломатска интрига, тој првин доби дозвола да им се придружи на Британија и Франција во Кримската експедиција против Русија во 1855. Потоа тајно, ветувајќи му ги на францускиот император Наполеон III Ница и Савој, Кавур склучи сојуз со кој Французите ќе му дадат помош на Пиедмонт во случај на непријателство со Австрија. Војната избувна во 1859 и беше почетница на обединувањето на Италија. Се востанаа сите италијански војводства и папски држави. Заедно со Французите, трупите на Пиедмонт извојуваа значајна победа против Австријците кај Солферино. Обединувањето на Италија се чинеше блиску. Но тоа не кореспондираше со интересите на Луи Бонапарта, кој промптно потпиша примирје со поразените австриски армии, оставајќи ги Пиедмонтови и револуционерите на нивниот к'смет.Конечно, италијанската војна за ослободување беше спасена со востанието во Сицилија, отпоздравено од екседитивната сила на Гарибалди со илјадата црвенокошулашки доброволци. По победата во битката за Сицилија, Гарибалдовите бунтовнички сили навлегоа во јужна Италија и триумфално влегоа во Неапол. Така италијанското обединување беше остварено со револуционерни средства од здолу, но плодовите ги ожнееја други. Несопирливиот интригант Кавур ги убеди Лондон и Париз дека е подобро да се прифати власта на Пиедмонт над обединета Италија, отколку да им се предаде на револуционерите и републиканците. Армијата на Пиедмонтовата династичка реакција вмаршираа во Неапол без никаков отпор. Гарибалди, наместо да ги собори, ги отвори портите и го поздрави Кралот на Пиедмонт, Виктор Емануел, како "крал на Италија" на 26 октомври. Така народот на Италија наместо целосен триумф против стариот поредок, извојува само половина победа која ја плати со пролевањето на својата крв.Наместо република, Италија стана уставна монархија. Наместо демократија, доби ограничени повластици од кои беа иземени 98% од народот од гласање. На папата му се дозволи да управува со папските држави (концесија на Луи Бонапарта). И покрај сево ова обединувањето на Италија беше гигантски чекор напред. Беше обединета цела Италија со исклучок на Венеција, кој остана под Австриска власт, и папските држави. Во 1866, Италија и се придружи на Прусија во војната против Австрија и ја доби Венеција како награда. Конечно, по поразот на Франција во Франко-Пруската војна (1871) француските трупи се повлекоа од Рим. Влегувањето на италијанските трупи во овој град ја означи конечната победа на италијанското обединување. До подоцната половина на деветнаесетиот век, националното прашање во западна Европа беше воглавно решено. Со обединувањето на Италија и Германија, по 1871 националното прашање во Европа изгледаше ограничено во Источна Европа и, со посебно експлозивна смисла, на Балканот, каде беше замрсено со територијалните амбиции и ривалитети на Русија, Турција, Австро-Унгарија и Германија, факт кој  неумоливо доведе до Првата Светска Војна. Во првиот период, приближно од 1789 до 1871, националното прашање сеуште имаше релативно прогресивна улога во Западна Европа. Дури и обединувањето на Германија под реакционерниот јункер Бизмарк се смета за прогресивен чин како што видовме претходно. Но веќе во втората половина на XIX век развојот на производните сили под капитализмот ги надраснуваше тесните национални граници. Ова веќе беше манифестирано со развојот на империјализмот и неодливата наклоност кон војна помеѓу главните сили. Балканските војни од 1912 и 1913 значеа завршница на формирањето на национални држави во југоисточна Европа. Првата Светска Војна и Версајскиот Договор (кој случајно се одржа под слоганот "право на нациите на самоопределување") ја заврши работата со растурањето на австро-унгарската империја и гарантирајќи и независност на Полска.

Дел Втори: Маркс и Енгелс и националното прашање

Националното прашање има многу долга историја во теоретскиот арсенал на марксизмот. Веќе во делата на Маркс и Енгелс можеме да најдеме некои многу интересни и продорно забелешки за националното прашање. Подоцна Ленин се базираше врз тие дела и ја разработи својата класична теорија за народностите. Така на пример Маркс ги истражуваше до детаљ прашањата на Полјаците и Ирците што низ XIX век го преокупираа вниманието на европското работничко движење. Интересно е да се види дека Маркс, кој не му приоѓаше на националното прашање како на шиболет3, ама дијалектички, го смени ставот во однос на двете теми.Разликата помеѓу револуционерната дијалектика и апстрактното мислење остро се изрази во дебатите за националното прашање помеѓу Маркс и Прудон за време на Првата Интернационала. Прудон, француски социјалист и предвесник на анархизмот, го одби постоењето на националното прашање. Низ историјата секогаш имало секташи кои ја презентираат апстрактната концепција на класната борба. Тие не се водат од конкретната реалност на општеството какво постои, туку се движат во безживотните апстракции на нивниот имагинарен свет. Прудонистите на Генералниот Совет на Првата Интернационала ја сметаа борбата на Полјацте, Ирците и Италијанците за национална еманципација за неважна. Се што беше потребно беше револуција во Франција, и се ќе беше перфектно; сите мораа да чекаат. Но угнетените народи не можат да чекаат и тие нема да чекаат. Во 1866 Маркс му напиша на Енгелс разобличувајќи ја "прудонистичката клика" во Париз која "... ги декларира националностите како апсурдност и ги напаѓа Гарибалди и Бизмарк. Како полемика против шовинизмот нивните тактики се корисни и експлицитни. Но кога верниците на Прудон (моите добри пријатели Лафарг и Лонге припаѓаат кон нив) мислат дека цела Европа може и треба да седи мирно и спокојно додека господата од Франција ја укинат сиромаштијата и незнаењето, тие постануваат глупави." (Маркс и Енгелс, Selected Correspondence, Писмо од 7 јуни 1866.4)На Генералниот Совет на Првата Интернационала или Интернационална Работничка Асоцијација (International Workingmen’s Association (ИWА) Маркс мораше да се бори на два фронта, на една страна против ситно-буржујскиот националист како Мацини, а на другата против полу-анархистичните следбеници на Прудон кои го негираа постоењето на националното прашање. На 20 јуни 1866, Маркс напиша: "Вчера имаше дискусија на Интернационалниот Совет за сегашната војна... Дискусијата го разгори, како што се очекуваше, со генерално "прашањето на националностите" и со ставот што го завземавме... Претставниците на "Млада Франција" (не-работници) истакнаа дека сите националности и дури и нации се застарени предрасуди. Прудонизиран Стирнеризам... Целиот свет чека додека Французите не созреат за социјална револуција..." Но иако Маркс и Енгелс му одаваа значење на националното прашање, како во случајот против Прудон, тие секогаш го сметаа за подредено на "работничкото прашање", односно, тие го разгледуваа исклучиво од гледна точка на работничката класа и социјалистичката револуција .

Полското прашање

Како Ленин, и Маркс имал доста флексибилен став околу националното прашање, на кој тој секогаш му пријдувал од гледна точка на општите интереси на пролетеријатот и интернационалната револуција. Во еден стадиум во 40-те, 50-те и 60-те години на деветнаеасетиот век, Маркс го бранел правото не само на самоопределување на Полјаците туки и на беспрекорна независност. Така беше и покрај фактот дека движењето за независност на Полска беше предводено во тоа време од реакционерната полска аристократија. Причината зошто Маркс застана зад овој став не беше некаква сентиментална приврзаност за национализмот, а најмалку од се тој го разбираше правото на самоопределување како некоја универзална панакеја5.Во едно од неговите последни дела, Надворешната Политика На Рускиот Царизам, Енгелс истакнува дека полскиот народ, со нивната херојска борба против рускиот царизам, во неколку прилики ја спасиле револуцијата во останатиот дел на Европа, како во 1792-94 кога Полска, поразена од Русија, ја спаси Француската револуција. Но има и друга страна на полското прашање. "Прво, Полска, комплетно дезорганизирана, република на племството, основана на пљачкањето и угнетувањето на селанството, со устав со кој секоја национална акција е оневозможена и според тоа земја која е лесен плен на соседите. Уште од почетокот на векот, како што и самите Полјаци кажуваа,  таа постоеше само како неред..., целата земја беше заеднички окупирана од странски трупи, кои ја користеа како крчма... во која обично забораваа да платат." ( Маркс и Енгелс, Собрани Дела, том 27, стр.18.6)Низ деветнаесетиот век полското прашање завземаше централно место во европската политика и исто така длабоко влијаеше на работничкото движење. Во јануари 1863 Полјаците дигнаа побуна. Востанието се прошири во цела Полска и доведе до формирање на национална влада. Но востанието го предводеа ниските благородници кои не беа способни да го подигнат  масите да учествуаат во побуната. Кога моќта подоцна ја превзедоа крупните земјопоседници, последниве надевајќи се на дипломатска интервенција на Франција и Британија, постигнаа договор со царот, кој веднаш го прекрши. Русите го срушија движењето. Се разбира, Французите и Британците не го мрднаа ни малото прсте. Но полската побуна ги разбуди солидарноста и сочувството на работниците на Европа. Првата Интернационала беше основана во 1863 како резултат на интернационалната иницијатива за асистенција на револуционерното движење на Полјаците. Енгелс истакна дека единствената надеж за полското востание е работничката класа на Европа. "Ако издржат," му пишуваше на Маркс на 11 јуни 1863, "тие може да се вклучат на општо европско движење кое ќе ги спаси; на друга страна ако работите тргнат надолу Полска ќе биде уништена за десет години, востание од овој вид ја истрошува борбената сила на населението за многу години." (МЕСД, стр.150.)Марксовиот став за полското прашање беше детерминирано од општата револуционерна стратегија за светска револуција. Во тоа време царска Русија беше главен непријател на работничката класа и демократија, монструозна реакционерна сила на Европа, посебно во Германија. Бидејќи немаше работничката класа во Русија во тоа време, непостеше тогаш можност за револуција во Русија. Како што подоцна Ленин се изрази, "Русија сеуште спиеше, а Полска вриеше". (ЛСД, Правото на Нациите на Самоопределување, фебруари март 1914, том 20, стр.108.) Затоа Маркс го подржуваше правото на полска независност како средство со кое ќе се удри на главниот непријател, рускиот царизам. Но, до 1851, Маркс извлече песимистички заклучоци за "витешко-тромата" Полска, така да се каже, тој беше скептичен околу изгледите за успех на востанието предводено од полската аристократија.Од ова апсолутно е јасно дека и Маркс и Ленин барањето за самоопределување и националното прашање во општи црти секогаш завзема субординирана позиција на класната борба и перспективите за пролетерска револуција. Никогаш марксистите немале должност да го подржат секое и секакво движење за самоопределување. Истиот Маркс кој ја подржуваше полската независност беше радикално спротивставен на независноста на Чесите и беше против така наречените ослободителни движења на Балканот во втората половина од деветнаесетиот век. Овие две наизглед контрадикторни става беа, де фацто, мотивирани од истите револуционерни резгледувања. Маркс разбираше дека независноста на Полска ќе претставува гест против рускиот царизам, кој ќе имаше револуционерни импликации, а националните движења на јужните Словени беа користени од рускиот царизам како алатка за својата експанзионистичка политика на Балканот. Како што премногу често се случува во историјата, борбите на малите нации се користат како ситниш во маневрите на реакционерните големи сили. Кој нема да ја надмине оваа страна на националното прашање неизбежно ќе западне во реакционерна замка.При крајот на својот живот, Енгелс, со исклучителна далекувидост, ги предвиде револуционерните потреси во Русија: "И тука доаѓаме до самата срж на стварта. Внатрешниот развој на Русија од 1856, подржана од самата влада, ја заврши својата работа. Социјалната револуција ги направи големите чекори. Русија од ден на ден станува се повеќе оксидентална; модерни мануфактури, пареа, железница, трансформација на сите видови исплати во парични исплати, и со тоа дробењето на старите темели на општеството се развиваат со се поголема брзина. Но со ист степен е и еволуирањето на неспособноста на деспотското царство за новото општество на курсот на формирање. Се формираат опозициски партии, уставни и револуционерни, кои владата може да го потчини со зголемување на бруталноста. И руската дипломатија го гледа ужасот кога ќе треба да се чуе гласот на рускиот народ и кога заради поставеноста на внатрешните работи ќе нема време, а ни желба да се грижат за такви детски работи како освојувањето на Константинопол, на Индија и владеењето со светот. Револуцијата од 1848 која заврши на полските граници сега чука на вратите на Русија, а сега има многу сојузници од внатре кои го чекаат вистинскиот момент да и ги отворат вратите."(МЕСД, том 27, стр.45.)Какви неворојатно редови! Во 1890, 15 години пред првата руска револуција и 27 години пред Октомври, Енгелс ги предвиде овие величествени настани и поврзувајќи ја судбината на националното прашање со руската револуција. Настаните го потврдија Енгелс. Како што Ленин подоцна објасни, од 1880-те натаму слоганот за полска независност не беше прикладен слоган заради развојот на работничката класа во Русија и изгледите за револуција во самата Русија.

Француско-пруската војна

Под влијание на Маркс и Енгелс Првата Интернационала завзеде принципиелен интернационалистички став за сите фундаментални прашања. Ставот на Интернационалата не беше само теоретски туку и практичен. Така на пример, за време на штрајк во една земја, членовите агитираа и го објаснуваа проблемот во другите земји да се спречи употребата на странските крлежи7.Како што проследивме, еден од централните проблеми на работничката класа во првата половина на XIX век беше обединувањето на Германија. Маркс и Енгелс беа принудени да дадат критичка подршка на германското обединување, иако овој објективно прогресивен чин беше спроведен со реакционерни средства од Бизмарк. Но тоа на никој начин не значи капитулација пред Бизмарк или напуштање на класната позиција. Првата Интернационала првобитно ја сметаше Франко-Пруската војна од 1870-71 како дефанзивна борба за Германија. Тоа беше недвосмислено точно. Реакционерниот бонапартистички режим на Наполеон ИИИ се стремеше да го блокира германското национално обединување со употреба на сила. Но, тој погреши. Пруската армија се проби низ деморализираните француски сили како врел нож низ путер.Случајот со Франко-Пруската војна јасно го претстави флексибилниот и револуционерен став на Маркс за националното прашање. Тој даваше критичка подршка на Прусија во првата фаза од војната, кога таа имаше исклучиво дефанзивен карактер. Тука Марксовиот став беше детерминиран не од некои надприродни и сентиментални размисли (тој го мразеше реакционерниот пруски Бизмарк), но исклучиво од гледна точка на интересите на пролетеријатот и интернационалната револуција. Од една страна, победата на Прусија ќе доведе до обединување на Германија, историски прогресивна задача. Од друга страна, поразот на Франција ќе значи отфрлање на бонапартистичкиот режим на Луи Наполеон, отварајќи ги перспективите за револуционерни развитоци во Франција. Тоа ќе значеше и движење против рускиот царизам кој се базираше на бонапартистичкиот режим во Париз, да се држи Германија слаба и поделена. Затоа Маркс првобитно ја подржуваше Прусија во војната со Франција, покрај фактот дека пруската победа ќе значи зацврстување на режимот на Бизмарк, барем за некое време.Но овој општ исказ не го исцрпува прашањето на марксистичкото однесување кон војната. Во секое време неопходно е да се пријде на националното прашање од класна гледна точка. Дури кога некоја национална борба има прогресивна содржина, неопходно е пролетеријатот да ја зачува својата класна независност од буржоазијата. Во текот на војната Маркс го смени својот став. Кога Луи Наполеон беше тргнат (во октомври 1870) и беше прогласена република во Франција, карактерот на војна од пруска страна се смени од војна за национално ослободување во агресивна кампања насочена против народот на Франција. Војната престана да има прогресивен карактер и Маркс затоа ја осуди. Завземањето на Алзас-Лорен од Прусија исто така беше целосно реакционерен чин кој неможе да се оправда со прогресивната задача на обединување на Германија. Тоа служеше само да се загрее националната омраза помеѓу Франција и Германија и да се подготви тлото за империјалистичката кланица од 1914-18.Поразот на француската армија веднаш доведе до револуција во Франција и славната епизода на Париската Комуна. Маркс ги советуваше работниците од Париз да почекаат, но кога веќе тие се активираа тој веднаш се стави себе си во одбрана на Париската Комуна. Во тој момент карактерот на војната се трансформира. Националното прашање за Маркс беше секогаш подредено на класната борба (прашањето на трудот). Исправноста на овој став се открива во огледалниот лик, на однесувањето на владеачката класа во секоја војна. Без оглед колку е голем степенот на национален антагонизам помеѓу владеачката класа во завојуваните држави, тие секогаш ќе се обединат да ги поразат работниците. Затоа, пруските генерали стоеа настрана кога нивните непријатели, реакционерните Версајски сили, го нападнаа Париз и ги испоубија комунарите.

Маркс за Ирска

Како и за Полска, така и Марксовиот став за Ирска беше определен исклучиво од револуционерните размислувања. Додека природно сочувствувал со угнетуваниот ирски народ, Маркс секогаш непомирливо ги критизираше буржоаските и ситно буржоаските националистички водачи. Од почетокот Маркс и Енгелс објаснија дека националното ослободување на Ирска е неразделно поврзано со прашањето на социјална еманципација, посебно на револуционерното решение на проблемот со земјиштето. Оваа далекугледна анализа има голема тежина општо во национално-ослободителната борба, а не само во Ирска.Во писмото до Едвард Бернштајн од 26 јуни 1882, Енгелс истакна дека ирското движење се состои од два тренда: радикално аграрно движење што бликна во спонтана селанска директна акција и ги најде своите политички изјаснувања во револуционерната демократија, и "либерално-националната опозиција на урбаната буржоазија ". Ова е вистина за селанските движења во сите периоди. Може да успее се до степенот да најде водачи во урбаните центри. Под современи услови, тоа значи или буржоазијата или пролетеријатот. Но, буржоазијата демонстрираше низ историјата колку е неспособна да ги реши било кое од фундаменталните проблеми со буржоаско-демократска револуција, вклучувајќи го проблемот на национална независност. Ирска е класичен пример за ова.Во срцето на ставот на Маркс и Енгелс беше перспективата за доброволна федерација на Ирска, Англија, Шкотска и Велс. И оваа перспектива беше секогаш поврзана со перспективата работниците да ја земат власта. Тоа, пак, бараше безусловна одбрана на единството на работничката класа. Така, Енгелс напиша во јануари 1848:"Ирскиот народ мора да се бори ревносно и во блиска соработка со англиската работничката класа и Чартистите, да ги добијат шесте точки од Народниот Договор (People’s Charter), годишни парламенти, универзално право на глас, гласање преку избори, укинување на квалификациите за сопственост на членовите на парламентот, на исплата на истите и воспоставување на еднакви изборни подрачја. Само откако ќе се добијат овие шест точки ќе биде можно Укинувањето (на Унијата) и некаков прогрес за Ирска."(Енгелс, Фиргус О Конор и Ирскиот Народ, 9.01.1848)Од самиот почеток, Маркс и Енгелс продолжија со непомирливата борба со ирските националистички либерали од средната класа како Даниел Оконел, кого го разоткрија како шарлатан и предавник на ирскиот народ. Подоцна, за кратко време тие даваа критичка подршка на ситнобуржоаските фенијанци. Тоа беше природно и исправно во време кога не постоеше работничко движење во Ирска, која остана претежно аграрно општество до првите години на XX-от век. Но, Маркс и Енгелс не се однесуваа како навивачки лидери на фенијанците, туку секогаш ја прифаќаа независната класна позиција. Тие сериозно ја критикуваа авантуристичката тактика на фенијанците, нивните терористички намери, нивната национална ограниченост и нивното одбивање да ја прифатат потребата за поврзување со англиското работничко движење. Иако фенијанците беа најнапредно крило на ирското револуционерно демократско движење, па дури покажуваа социјалистички инклинации, Маркс и Енгелс немаа илузии за нив. Еве што пишуваше Енгелс на 29.11.1867 год. до Маркс :"Што се однесува до фенијанците, ти си сосем во право. Ѕверствата на Англичаните не треба да направат да заборавиме дека лидерите на оваа секта се повеќето магариња и делумно експлоатарори и ние на било кој начин не треба да станеме одговорни за глупостите што се случуваат во секоја завера. А тие сигурно ќе се случат."Набрзо, Енгелс се покажа дека е во право. Само две недели подоцна, на 13.12.1867 , група од фенијанците постави експлозија во Лондонскиот Затвор Клеркенвел во неуспешен обид да се ослободат нивните затворени другари. Експлозијата уништи неколку соседни куќи и повреди 120 души. Според предвиденото, инцидентот предизвика бран на антиирско расположение кај населението. Следниот ден Маркс му напиша на Енгелс со огорченост:"Последново нешто на фенијанците во Клеркенвел беше многу глупаво. Лондонските маси, кои покажуваа големо сочувство со Ирска, ќе станат луди со тоа и вовлечени во војска од владеачката партија. Не смее да дозволи лондонскиот пролетеријат да биде  самиот разнесуван во експлозии во име на честа на фенијанските емисари. Секогаш има некој вид фаталност околу таквите тајни, мелодраматични типови на завери."Неколку дена подоцна, на 19.12.1867 год. Енгелс одговори: " Глупавата афера во Клеркенвел секако е дело на неколку специјализирани фанатици; несреќа е што сите завери што тие водат до такви ступидност, бидејќи после се, нешто мора да се случи, после се, нешто мора да се стори. Посебно што во Америка се крена прав за овие разрушувања и работа со запаливи средства и потоа дојдоа неколку магариња и ни ги претставија тие глупости. Уште понатака, овие канибали се општо најголемите кукавици, како овој Ален, кој се чини дека го привлече вниманието на кралицата, а потоа идејата за ослободување на Ирска со тоа што ќе го запали лондонскиот кројачки дуќан!"Ако Маркс и Енгелс можеа да пишуваат со такви погрдни термини за фенијанците само да замислиме што тие ќе кажеа за терористичката тактика на ИРА во последниве 30 години, кои споредени со "злосторствата во Клеркенвел" се само детска игра. Најреакционерната содржина за овој индивидуален тероризам, кој не ја слабее буржоаската држава, туку само ја зајакнува, е таа што ги разделува работниците и ги ослабува во очите на експлоаторите. Ова беше најслабата точка на фенијанците, кои Енгелс ги критикуваше кога напиша "за ова ниско племство целото работничко движење е чист еретизам и за кои на ирските селани ни под која цена не треба да им било дозволено за дознаат дека социјалистичките работници се нивни единствени сојузници во Европа." (МЕСД, Енгелс до Маркс.)Се разбира дека Маркс и Енгелс ги бранеа фенијаските затвореници од лошиот третман од англиската држава. Тие секогаш го бранеа правата на ирскиот народ за определување на нивната судбина. Но, тие го правеа тоа од социјалистичка, а не од националистичка гледна точка. Како доследни револуционери и следбеници на пролетерскиот интернационализам, Маркс и Енгелс секогаш ја истакнуваа врската помеѓу судбината на Ирска со перспективите за пролетерска револуција во Англија. Во четириесетите и педесетите години на XIXот век, Маркс мислеше дека Ирска може да ја добие независноста преку победа на англиската работничката класа. Подоцна, во шеесетите години од тој век, тој го промени мислењето и го прифати гледиштето што е поверојатно, дека победата во Ирска може да биде искра што ќе ја запали револуцијата во Англија. И најлетимично читање на Марксовите дела на Ирското прашање покажуваат дека неговата одбрана на ирската независност по 1860 беше детерминирана исклучиво врз општите интереси на пролетерска револуција, пред се во Англија, која тој ја сметаше за клучна земја за успехот на светската револуција. Во доверливата комуникација со членовите на Генералниот Совет, напишан во март 1870, Маркс го објаснува своите погледи, та:"Иако револуционерната иницијатива најверојатно ќе дојде од Франција, Англија самата може да биде лост за сериозна економска револуција. Таа е единствената земја каде повеќе нема селанство и каде земјишните поседи се во рацете на мал број луѓе. Таа е единствена земја каде капиталистичката форма, т.е. здружен труд на голем размер под капиталистички господари, го опфаќа речиси целото производство. Таа е единствената земја кадешто поголемот мнозинство од населението се наемни работници.8 Таа е единствената земја каде класната борба и организациите на работничката класа, синдикатите9, бараат извесен степен на зрелост и универзалност. Таа е единствената земја каде, поради нејзината доминација на светскиот пазар, секоја револуција во економските сфери мора веднаш да повлијае на сиот свет. Ако земјопоседството и капитализмот се класични примери во Англија, од друга страна, материјалните услови  за нивна деструкција се најзрели тука."Од ова гледиште, ирското националното прашање беше само дел од големата слика за перспективите на светска социјалистичка револуција. Невозможно е да се разбере Маркс вон овој контекст. Причината зошто Маркс ја посакуваше назависноста на Ирска после 1860 беше таа што тој заклучи дека англиските земјишни интереси, кои почиваа највеќе во Ирска, можеа многу лесно да се поразат од револуционерно движење основано од ирското селанство во кое барањето за национално самоопределување беше поврзано со радикално решавање на аграрното прашање. Во истиот меморандум, Маркс објасни:"Ако Англија е тврдината на земјопоседништвото и европскиот капитализам, единствената точка која најсилно може да ја погоди официјална Англија е Ирска. "Првин, Ирска е тврдината на лендлордизмот, англиското земјопоседништво. Ако падне во Ирска, ќе падне во Англија. Во Ирска е стопати полесно бидејќи економската борба таму исклучиво е концентрирана во поседувањето на земја, бидејќи борбата истовремено е и национална и бидејќи луѓето таму се пореволуционерни и пораздразнети отколку што се во Англија. Земјопоседништвото во Ирска е едино одржувано од британската армија. Во моментот кога присилениот сојуз помеѓу земјите ќе заврши, веднаш ќе избие социјална револуција во Ирска, иако во застарена форма. Англиското земјопоседништво не само што ќе го изгуби големиот извор на богатство, ама и најголемите морални сили, т.е., оние кои значат доминација на Англија над Ирска. На друга страна, со задржување на силата на нивните земјопоседници во Ирска, англискиот пролетеријат ги прави нив неповредиви во самата Англија."Второ, англиската буржоазија не само што ја експлоатира ирската сиромаштија за да задржи работничката класа на Англија преку присилена имиграција  на сиромашниот Ирец, туку го дели пролетеријатот на два непријателски табора. Револуционерниот оган на келтскиот работник не оди баш со природата на англо-саксонскио работник, цврст, но бавен. Напротив, во сите големи индустриски центри во Англија има длабок антагонизам помеѓу ирскиот и англискиот пролетеријат. Просечниот англиски работник го мрази ирскиот работник, како соперник кој ја снижува платата и животниот стандард. Тој чувствува религиозни и национални антипатии кон него. Тој го смета него слично како што сиромавите белци од јужните земји на Северна Америка ги сметаат нивните црни робови. Овој антагонизам помеѓу пролетерите на Англија е вештачки подхрануван и подржуван од буржоазијата. Таа знае дека тоа е вистинската тајна да се одржи на власт."И Маркс заклучува: "Резолуциите на Генералниот Совет за ирската амнестија служат само како увод во други резолуции кои ќе потврдат, сосема одвоено од интернационалната правда, дека тоа е предуслов за еманципирање на англиската работничката класа  да го трансформира сегашниот присилен сојуз (односно поробувањето на Ирска) во еднаква и слободна конфедерација, ако е можно, и комплетна сепарација ако е потребно."Да увидиме колку внимателно Маркс пишува тука, и колку скрупулозно ја опишува пролетерската позиција на националното прашање. Прво, ирското прашање не е можно да се согледа вон перспективите на светска социјалистичка револуција, во кое е интегрален дел. Посебно, се смета за почеток на социјалистичка револуција во Англија. И потоа? Маркс не зема здраво за готово дека борбата за националното ослободување на Ирска нужно ќе доведе до сепарација од Британија. Тој вели дека има две можности: или "еднаква и слободна конфедерација", која тој ја преферираше, или "комплетна сепарација", која тој го сметаше за можен но не толку посакуван исход. Која од двете варијанти ќе дојде зависи од однесувањето на на англискиот пролетеријат и перспективите на победоносната социјалистичка револуција во самата Англија.Така, Марксовите ставови секогаш беа за пролетерската револуција и интернационализмот. Тоа и само тоа ги детерминираа неговите ставови за ирското прашање и секоја друга појава за националното прашање. За Маркс и Енгелс , "трудовото прашање" беше централно. Никогаш не им паднало на ум да ја редуцираат нивната пропаганда и агитација за ирското прашање на едноставен, прост слоган како "трупите надвор" или да изигруваат неплатени советници на националистите. Напротив, тие водеа тврдоглава борба против опасната демагогија на ирските буржоаски и ситнобуржоаски националисти и за револуционерен сојуз на ирската и англиската работничката класа .Историјата покажа на исправност на проценката на Маркс и Енгелс за ирските буржоаски и ситнобуржоаски националисти. Во 1922, ирските буржоаски националисти ја предадоа национално-ослободителната борба со тоа што се согласија на поделбата на Север и Југ. Одтогаш ситно-буржоаските националисти покажуваат на длабоката неспособност да се реши "граничното прашање". Тактиката на индивидуален тероризам, толку критикуван од Маркс и Енгелс, покажа дека е и контрапродуктиван и немоќен. По триесет години од т.н. "оружена борба" во Северна Ирска унификацијата на Ирска е подалеку од било кога. Единствениот начин да се реши она што е останато во Ирска е основано врз класна, социјалистичка и интернационалистичка политика-политиката на Маркс, Ленин и големиот пролетерски револуционер и маченик Џејмс Коноли.Само работничката класа може да го реши проблемот со обединување околу класна програма за спроведување на неуморлива борба против буржоазијата во Лондон и Даблин. Предуслов за успех е обединувањето на работничката класа. Тоа не може да се постигне на националистичка основа. Национализмот на ситната буржоазија направи неискаживи штети на работничкото единство во северна Ирска. Раните можат и мораат да се излечат. Но, тоа може да се стори само на основа на јасен раскин со национализмот и прифаќање на класна политика, со оживување на духот и идеите на Ларкин и Коноли. Националното прашање во Ирска ќе биде решено преку социјалистичка трансформација на општеството или нема да биде решено никако.

Втората Интернационала

Започната во 1889 Социјалистичката Интернационала, за разлика од Првата Интернационала, беше составена од масовни организации во форма на масовни Социјално Демократски Партии и синдикати. Несреќата на Втората Интернационала беше таа што беше родена во период на пролонгиран капиталистички раст. Во периодот од 1870-1900 светското нафтено производство се покачи за два и пол пати. И железничките пруги се зголемија два и пол пати. Германија и САД ја предизвикуваа хегемонијата на Велика Британија. Грабеж почна да го дели светот на сфери на влијанија и колонии. Брзиот раст на индустријата  исто така значеше раст на работничката класа и нејзините организации во развиените капиталистички земји. Во последните три декади на XIX век работничката класа во Русија и САД порасна троструко. Во Британија бројот на синдикатите се зголеми четири пати помеѓу 1876 и 1900. Во Германија бројот на членови на синдикатите порасна од десетина илјади на милиони. И паралелно со ова имаше и постојан растеж на членството, гласовите и влијанието на масовните Социјал Демократски Партии.Одпочеток, иако во теоријата стоеја зад марксизмот, на новата Интернационала и фалеше теоретска јасност гарантирана со присуството на Маркс и Енгелс. Очигледен беше случајот со односот кон националното прашање. Втората Интернационала реално не го разбра националното прашање, кое доби несоодветен третман на конгресите. Во 1896 Лондонскиот конгрес на Интернационалата ја донесе следнава резолуција:"Конгресот се декларира за целосна автономија на сите националности и за сочувство со работниците на секоја сегашна држава страдајќи под јаремот на милитарниот, националниот или друг деспотизам; и ги повикува работниците од сите овакви земји да се подредат раме до раме со класноосвестените работници ширум светот, да се организираат за отфрлање на интернационалниот капитализам и поставување на интернационална социјал-демократија. " (цитирано од Е.Х.Кар, Болшевичката Револуција)Но, ставот на Втората Интернационала за колонијалното прашање беше двосмислен и неодреден. Левицата се стремеше кон антиколонијализам, а имаше и такви кои го оправдуваа колонијализмот на основа на наводната "цивилизирачка мисија". Така на дебатите на Амстердамскиот конгрес во 1904, холандскиот делегат Ван Кол отворено го бранеше колонијализмот. Поднесе резолуција во која се тврдеше:"Новите потреби по победата на работничката класа и нејзината економска еманципација ќе ги направи колониите неопходни, дури и во идниот социјалистички систем на владеење." И го запраша конгресот: "Можеме ли да ја напуштиме половината од светот на каприцот на народите, сеуште во нивното детство, кои го препуштаат енормното богатство на здравицата10 неразвиено и најплодните делови на нашата планета некултивирани?" (Лениновата Борба за револуционерна партија)Конгресот му пожели добредојде на Дадабаи Наороџи, основачот и претседателот на Индискиот Конгрес, но во неговата резолуција, иако повикувајќи за самовладеење, нагласи дека Индија ќе остане под британска сувереност. Не го ни прифати ни отфрли погледите на Ван Кол. Во дебатата за имиграцијата, расистичка резолуција беше подигната од американецот Хилкит, а подржана од Австриците и Холанѓаните. Но таа предизвика бура од негодување та мораше да биде повлечена. Сепак, фактот што таква резолуција можеше да се предложи пред Конгресот беше симптом на притисокот на буржоазијата и националистичките идеи на социјалистичките партии.Руската револуција во 1905 и даде моќен импулс на колонијалната револуција, инспирирајќи ги масите на одбрана на нивните национални аспирации во Персија, Турција, Египет и Индија. Со тоа се заострија разликите во редовите на Социјалистичката Интернационала за колонијалното и националното прашање. На конгресот во Штутгарт во 1907, на кој Ленин и Роза Луксембург ги приложија нивните славни амандмани за војната, имаше остра борба помеѓу Левицата (во стварноста центристи) репрезентирани од Лебедур и Десницата, предводена од ревизионистот Едвард Бернштајн, токму за колонијалното прашање. Холандските делегати, типични ситнобуржоаски империјалисти, пак беа најгласни бранители на колонијализмот. Левицата беше во малцинство во спротивставувањето. Во вжештената дебата, Бернштајн го даде следниов коментар:"Мораме да ја напуштиме утописката замисла просто да се напуштат колониите. Крајна консеквенца на таквиот поглед е дека САД треба да се врати на Индијанците (вознемиреност). Колониите се тука и ние мораме да го прифатиме тоа. И социјалистите треба да се заблагодарат на потребата на цивилизираните луѓе да се однесуваат како заштитници на нецивилизираните." (Ибид. )Расправајќи за аргументите околу "цивилизирачката" улога на колонијализмот, полскиот делегат Карски (Јулијан Марчлевски) одговори: "Давид претпоставува дека постои право на една нација да вежба туторство на друга. Но ние Полјаците го знаеме вистинското значење на ова туторство, бидејќи и рускиот цар и пруската влада се однесуваа како заштитници ("многу добро" )... Давид го цитира Маркс да го подржи својот поглед дека секоја нација мора да помине низ капитализмот, но не е во право и тука. Она што навистина Маркс го кажа е дека земјите кои го почнаа капиталистичкиот развој мораат да го продолжат процесот до негово комплетирање. Но тој никогаш нема речено дека ова е апсолутен предуслов за сите нации..."Ние социјалистите разбираме дека постојат и други цивилизации покрај капиталистичка Европа. Апсолутно не смееме да бидеме вообразени за нашата така наречена цивилизација, ниту пак да ја наметнуваме на азиските народи со нивните антички цивилизации. ("браво!") Давид мисли дека колониите ќе потонат во варваризам ако се остават на нив самите. Во случајот со Индија тоа тешко да ќе се случи. Дури јас ја гледам независна Индија која ќе продолжи да профитира од европското влијание во идниот развој и ќе се развива на овој начин до најголемиот потенцијал." (Ибид., стр11)На крајот, резолуцијата за Индија не беше ставена на гласање.Иако лидерите на Интернационалата се обидоа да ги препокријат пукнатините со сите видови на дипломатија, крајниот резултат на ова беше катастрофата во Август 1914, кога секоја од партиите на Втората Интернационала, со исклучок на Русите и Србите, ги предаде принципите на интернационализмот и ја подржи империјалистичката војна. Отсуството на права револуционерна интернационалистичка политика начисто беше изложена летото 1914 кога Втората Интернационала пропадна поради социјал-шовинизмот.

"Национално-културна автономија"

Посебна верзија за националното прашање на Втората Интернационала беше претставена од австрискиот социјален демократ пред Првата Светска Војна Тие ја бранеа така наречената национално-културна автономија. Истата позиција беше прифатена во Русија од еврејскиот Бунд. На конференцијата во Брно на австриските социјал демократи (1899) идејата за национално-културна автономија бранета од јужните Словени беше отфрлена. Наместо тоа, конференцијата го прифати слоганот за територијална автономија, која иако недоволна беше сигурно подобра. Подоцна под влијание на центристичкиот теоретичар Бауер и неговиот другар Карл Ренер (кој пишување под псевдонимот Рудолф Шплинглер), партијата ја смени позицијата и застана зад национално-културната автономија.Отфрлајќи ја поврзаноста меѓу нацијата и територијата, Бауер ја дефинираше нацијата како "релативна заедница на карактери". (Отто Бауер, Die Nationfrage und die Sozialdemokratie, Vienna 1924, p. 2.) Но што е тоа национален карактер? Бауер го дефинира како "вкупна сума на карактеристики кои ги разграничува луѓето од една и од луѓето со друга народност, комплексни и духовни карактеристики кои ја разделуваат една нација од друга." (Ибид., стр.6) Излитеноста на оваа дефиниција е сосема јасна. Чиста тавтологија: национален карактер е она што ја прави една нација различна од друга! А што ја прави разликата на една нација од друга? "Карактерот на луѓето е детерминиран од ништо друго како што е од нивната судбина... Нацијата е ништо друго та заедница на судбини (детерминирани) од условите под кои луѓето го произведуваат средствата за опстанок и ги распределуваат производите на нивниот труд." (Ибид., стр. 24)Нацијата, според Бауер, е "агрегат од луѓе ограничени во заедница на карактери со заедница на судбини." (Ибид., стр. 135) Ренер ја дефинира како: "Нација е сојуз на личности кои слично размислуваат и слично зборуваат, /таа е/ културна заедница на современи луѓе кои не се повеќе поврзани со земјиштето." (Шпринглер ) Овој пристап кон националното прашање не е научен, туку субјективен и да кажеме "психолошки", т.е. мистичен. Тоа беше неуспешен и опортунистички обид да се бара решение на националното прашање во австро-унгарската империја преку давање концесии на буржоаскиот национализам. Напротив, марксизмот му приоѓа на националното прашање од историско-економски стојалишта.Спротивно на болшевиците, кои го гледаа решението на националниот проблем преку револуционерно отфрлање на царизмот, австриските социјал демократи му пријдоа на националното прашање во духот на ситните реформи и градуализмот. Бауер напишал: "Ние први претпоставуваме дека австриската нација ќе остане во истиот политички сојуз во кој тие постојат истовремено, и следи како нациите во овој сојуз ќе ги уредат меѓусебните односите и односите со државата." (цитирано во Сталиновата "Националното прашање и марксизмот")Еднаш кога ќе се скине алката помеѓу нацијата и територијата, се истакнува барањето за групирање на членови од различни националности кои живеат во различни региони во општ меѓукласен национален сојуз. Членовите од различни национални групи може да си се соберат на конференција и да гласаат на која националност тие и припаѓаат. Германците, Чесите, Унгарците, Полјаците итн., потоа ќе гласаат за свој Национален Совет, "културен парламент на нацијата", како во стилот на Бауер. Со таквите средства австриските социјал демократи се обидоа да го избегнат отворениот судир со државата на Хапсбурзите и го редуцираа националното прашање на чиста културно-лингвистичка работа. Бауер отиде дотаму да тврдеше дека локалните автономии за националностите ќе бидат скалило кон социјализмот кој "ќе до дели човештвото на национални ограничени заедници" и "ќе преставува шаренолика слика на национални сојузи на личности и корпорации".Оваа философија е сосем различна од класното гледиште и интернационалистичките принципи на марксизмот. Тој го претставува ситно буржоаскиот национализам накитен со "социјалистички" фрази. Од тие причини Ленин беше навреден околу ова. Тој беше непријателски расположен посебно на идејата да се сепарираат училиштата за различните националности. За ова Ленин напиша: "'Културно-националната автономија' значи точно најпрочистениот и затоа и најопасниот национализам, значи корупција на работниците со помош на слоганот за национална култура и пропаганда за длабоко штетната и дури антидемократска поделба на училиштата според националноста. На кусо, оваа програма недвосмислено противречи на интернационализмот на пролетеријатот и е во согласност само со идеалите на националистичката ситна буржоазија." (ЛСД)Никаде не е појасен штетниот ефект на оваа ситно-буржоаска теорија отколку во полето на образованието. Затоа, Ленин се спротивстави на секој привилигиран статус за јазикот, и спротивно на ставовите на Ото Бауер и адвокатите на "национално културната автономија", жестоко се спротивстави за одвоени училишта за децата од различни националност: "Практичното извршување на планот за 'екстратериторијалност' (надвор од и неповрзана со територијата на која живее нацијата) или 'културно националната' автономија ќе значи само едно нешто: поделба на образовните процеси според националност... (ЛСД, Критички осврти на Националното прашање, 1913)Очигледна е разликата помеѓу ленинизмот и ситно буржоаскиот национализам. Марксистите ќе се борат против секој форма на национално угнетување, вклучувајќи го и јазичното. Недозволиво е мажот или жената да биде лишен-а од правото да го говори неговиот/нејзиниот јазик, да бидат учени на него, да се користи во судниците или во другите јавни функции. Општо, нема никаква посебна причина за постоење на "официјален" јазик, или за некакви привилегии на еден јазик во однос на друг. Но, да се разделат децата на национална, лингвистичка или религиозна основа е крајно реакционерно и ретроградно. Сегрегацијата на училиштата одигра реакционерна улога во Јужна Африка и во САД. И одвојувањето на католичките и протестантските деца во Северна Ирска во т.н. религиозни училишта игра не помалку погубна улога. На религијата и нема место во образовниот систем и треба радикално да е одвоен од него. Ако црквата сака да ги проповеда своите доктрини, таа мора тоа да го прави во свое време и со свое пари, собрани од својата конгрегација, а не од државата. И додека училиштата ги обезбедуваат потребите на различните лингвистички групи, со парични средства за оваа цел, потполно е неприфатливо да се одвојуваат децата на национално-лингвистичка основа и со тоа да се создава основа за предрасуди и конфликти во подоцнежниот живот.Непријателството во Белгија помеѓу фламанското население кон француското е производ на генерации на дискриминација на фламанскиот јазик и насилното наметнување на францускиот. Но, има разни видови на остварување на ова прашање. Така, во Јужна Африка предавањата на мајчините јазици беа користени за национално угнетување. На ист начин претставниците на неруските националност се напрегаа да ги учат децата на руски. На пример, во ерменските црковни училишта, децата учеа на руски иако тоа беше незадолжително. Болшевиците се противеа на дискриминација кон било кој јазик, насилната асимилација и насилното наметнување на доминантен јазик и култура. Но нема причина некој јазик да има монопол. Во Швајцарија има не два туку четири официјални јазика. Сега со современата технологија нема причина луѓето да немаат образование и да комуницираат во парламентот или во судниците на кој било јазик. Она што е неприфатливо е воведување на националистички или религиозен отров во училиштата:"Марксистите, драги националисти-социјалисти, имаат општа школска програма која бара, на пример, апсолутно секуларни училишта. Од гледиште на марксизмот, излегувањето од општата програма никогаш не е дозволиво во демократска држава било каде (и прашањето на воведување на некакви "локални" предмети, јазици и понатака, од страна на локалното население). Но, од принципот дека образованието 'треба да ги следи одредбите на државата' и да биде пренесен на нациите, следи дека ние работниците мораме да дозволиме 'нациите' во нашата демократска држава да ги трошат народните пари на клерички школи! Без да биде свесен г-н Либман ја откри реакционерната природа на културно-националната автономија!" (ЛСД)На овој како и на сите други аспекти на националното прашање, борејќи се против сите видови на угнетување и дискриминација без исклучок, марксистите ја завземаат класна позиција. Така, во Белгија каде фламанските и валонските националисти се обидоа, за жал со некој успех, да го поделат белгиското општество и работничкото движење врз национална основа со користење на јазичното прашање, белгиските марксисти изработиа транзициони барања по јазичната тема. Таму, на пример, каде се бараше од работникот да учи на фламански или француски, тие бараа да им се даде од работното време со целосна надница и курсеви платени од нивните шефови под контрола на работничките организации и згора на тоа добивање на повисока плата како резултат на новите научени вештини.Од сево ова јасно е дека Ленин инсистирал да се пристапи кон националното прашање строго од класно стојалиште. "Слоганот за работничка демократија," напиша Ленин, "не е 'национална култура', туку интернационална култура на демократија и светското движење на работничката класа." (ЛСД, том 20)И повторно: "Националната програма за работничка демократија е: никакви привилегии за било која нација или за било кој јазик, поставување на прашањето на политичко самоопределување на нациите, т.е. нивна државна сецесија на апсолутен слободен и демократски начин; донесување на закон кој ја покрива целата земја и прогласување за незаконите и ништожни и празни сите мерки... кои гарантират привилегии на било кој нација, кои ја кршат еднаквоста на нациите или правата на националните малцинства, и со правото на законот секој граѓанин на државата има право да побара поништување на таквита мерки како неуставни и криминално гонење на сите они кои тоа го спроведуваат." (Ибид.)Расколничката природа на "културно-националната автономија" јасно беше прикажана со штетните ефекти врз работничкото единство во самата Австрија. По Конгресот во Вимберг, австриската социјално демократска партија почна да се цепи на национални партии. Наместо една обединета работничка партија во која сите националност ќе бидат присутни, се формираа шест партии: германска, чешка, полска, рутенска, италијанска и југословенска. Со тоа се потикна ширењето на шовинистичките сентименти и националните антагонизми во рамките на работничкото движење, со негативни резултати: чешката партија немаше што да прави со германската, итн.Како што се случува секогаш, така наречените практични политики на реформизам ги постигнуваат спротивните резултати од предвидените. Програмата за национално-културна автономија имаше за цел да се спречи расцепувањето на Австро-Унгарија, но го имаше токму спротивниот ефект. Соборувањето на Хабсбурзи можеше да води кон пролетерска револуција, како Февруарската Револуција во Русија. Но, неуспехот на работничката класа да ја земе власта водеше директно кон дезинтеграција на Австро-Унгарија на национална линија, додека Лениновата политика за правото на самоопределување ги обедини работниците и селаните на повеќето угнетувани нации и така создавајќи услови за советска федерација. Не сепаратизам, туку ставот на болшевизмот. Тоа брилијантно се потврди по 1917.

Дел Трети: Ленин за националното прашање

"Додека во национално хомогените држави буржоаските револуционери развија моќни центрипетални правци, потпирајќи се на идеата за надминување на партикуларизмите, како во Франција, или надминување на националната разединетост, како во Италија и Германија, во национално хетерогените држави, напротив, како во Турција, Русија и Австро-Унгарија, задоцнетите буржоаски револуции ги испуштија центрифугалните сили." -Ленин. ТроцкиПредреволуционерна Русија беше исклучително назадна земја, полуфеудална, тешко зависна од странскиот империјализам. Така, таа  многу личеше на многу земји од Третиот Свет денес. Згора, проблемот на националностите го завземаше централното место во рускиот политички живот. Иако царска Русија сакаше да се преправа во бранителка на малите угнетени нации на Балканот, таа беше затвор на националностите. 43% од населенито на царска Русија беше од доминантата великоруска националност, додека 57% беа Украинци, Полјаци, Грузици, Финци и други угнетени националности.70 милиони великоруси доминираа над околу 90 милиони неруси и сите беа доминирани и угнетувани од царската држава со бирократски касти. За да се влошат работите, барем на западните руски територии, економското ниво на подредените народи беше општо повисоко отколку во останатата Русија. Сепак може да се расправа за руската прогресивна улога со источната експанзија во Кавказието и посебно Централна Азија, но не и истото тоа да се истакнува во случај на Полска, Финска и балтичките држави. Како што коментираше стариот Енгелс: "Финска е финска и шведска, Бесарбија Руманска, кралството Полска на Полјаците.  Тука не постои прашањето за обединување на расеаните и сродни кралства, сите носејќи го руското име; тука ние не гледаме ништо друго освен освојување на туѓи територии со брутална сила, ништо освен кражба." (МЕСД, том 27, стр.28)Болшевистичката партија од самото оформување имаше скрупулозна позиција за националното прашање. Тоа беше есенцијално со цел да се придобијат масите, посебно селанството. Националното прашање нормално не влијае толку кај работничката класа, колку кај масите на ситната буржоазија, посебно селанството, и историски гледано националното прашање и аграрното прашање се тесно поврзани. Понекогаш дури и поедуцираните марксисти застануваат на ова прашање. За да се допре до ушите на ситно буржоаските маси и да се придобијат кон целите на револуцијата апсолутно неопходна беше употребата на демократските и други парцијални барања, како на пример правото на самоопределување. Но употребата на таквите слогани имаше смисла само како дел од борбата на пролетеријатот и неговата партија да го превземе водството на масите во директна борба со буржоаските и ситно буржоаските партии и трендови. Предуслов за успех на револуционерното крило затоа е неумитива борба со националистичката ситна буржоазија и буржоазија. За да се води таква борба, потребна е јасна позиција за националното прашање.Како и Ленин, Троцки пишувал опширно за националното прашање. Посебно интересно е прекрасното поглавје во "Историјата на руската револуција" кое најдобро ја заокружува позицијата на Болшевистичката Партија на оваа тема. Но, Ленин пред се беше тој кој го разви и прошири марксистичкиот став за националното прашање. Заокружувајќи ја болшевистичката позиција Троцки напиша:"Ленин рано го разбра неизбежниот развој на центрифугалните национални движења во Русија и многу години тврдоглаво се бореше, посебно против Роза Луксембург, за фамозниот параграф 9 од старата партиска програма која го формулираше правото на нациите на самоопределување, т.е. за комплетно отцепување како држави. Болшевистичката партија не го превземе евангелието на отцепување на било кој начин. Тоа само значеше должност за неуморна борба против секоја форма на национално угнетување, вклучувајќи го присилното задржување на оваа или онаа националност помеѓу границите на главната држава. Само на овој начин рускиот пролетеријат можеше постепено да ја добие довербата на угнетените националности."Но тоа беше само една страна од работите. Политиката на болшевизмот во националната сфера имаше и друга страна, наизглед контрадикторна со претходната но суштински суплементна. Во рамките на партијата, и во работничките организации воопшто, болшевизмот инсистираше на крут централизам, неумориво војувајќи со сите нијанси на национализам кои можат да ги постават работниците еден против друг или да ги разединат. Додека јасно го одфрлаа правото на буржоаската држава  да наметне задолжително државјанство, или дури и државен јазик, над националното малцинство, болшевизмот во исто време ја направи света задачата за колку е можно поблиско обединување на работниците од различните националности преку доброволна класна дисциплина. Затоа тој потполно го отфрли национално-федеративниот принцип за изградба на партијата. Револуционерната организација не е прототип на идната држава, туку само инструмент за нејзино создавање. Инструментот треба да се адаптира за обликување на продуктот, а не да го содржи истиот. Затоа централизирана организација може да го гарантира успехот за револуционерната борба, дури и кога задачата е да се уништи централизираното угнетување на националностите." (Троцки, "Историјата на руската револуција", стр.890-891)

Што е нација?

Во периодот пред Првата Светска Војна Ленин посвети големо внимание на националното прашање и посебно на одговорот на ревизионистичките теории на Ото Бауер. Во периодот 1908-10, Ленин беше во егзил и речиси потполно изолиран. При недостаток на контакти со Русија и со соработниците, тој со ентузијазам го поздрави доаѓањето на Сталин, млад Грузиец, непознат за него. Како по обичај Ленин го охрабруваше доаѓањето на новодојдениот, како што тоа го правеше со сите млади другари. Како дополнителен бонус, Сталин беше Грузиец, претставник на угнетена националност. Ленин ја искористи можноста да го учи неговиот ученик, кој се покажа исклучително бистар, за фундаменталните ставови на неговата политика за националното прашање. Резултатот беше една подолга статија која се појави на крајот на 1912  во списанието Просвецение (Просветлување) под насловот Националното прашање и марксизмот.Во 1914 се појави истата статија во памфлет насловен како Националното прашање и марксизмот. Тој е објавен во вториот том од Сталиновите Дела. Со години тој се сметаше за стандардна партиска работа за националното прашање, но фактички, покрај формалистичката репрезентација, тој не е лош одломок. Но ова не резултат на Сталиновиот генијален теоретски ум. Оваа статија и не е воопшто Сталиново дело. Како што напиша Е.Х. Кар: "Нaдворешните и внатрешните докази покажуваат дека е напишано под Лениновата инспирација." Идеите во оваа статија се целосно Ленинови.Уводот на оваа статија, напишан при врвот на антисемитската агитација околу општопознатиот Бејлисов случај, предупредува на "бранот на национализмот замавнува со растечка сила и прети да ги загуши работничките маси". И додава: "Овие круцијални времиња и определуваат висока мисија на Социјал-Демократската Партија да се одбрани од национализмот и да ги заштити масите од општата "епидемија". За Социјалните Демократи, а само тие може ова да го направат, со истакнувањето на испробаното оружје против национализмот интернационализмот, единството и неделивоста на класната борба." (Ј.В. Сталин, "Марксизмот за националното прашање и колонијалното, стр.8)Централна тема е како може да се дефинира нацијата. Ова прашање воопшто не е лесно како што може изгледа. Тоа е како да се дефинира времето. Свети Августин рекол дека тој знае што времето е, но ако некој го запрашал да го дефинира, тој бил неспособен да го стори тоа. Истото е и со нацијата. Секој мисли дека знае што е, но кога ќе го запрашаат, тој веднаш ќе се соочи со тешкотии. Памфлетот објавен со Сталиновиот потпис се обидува да обезбеди дефиниција. Резултатот е најверојатно најблизок до задоволителен. Како спротивност на Бауеровата субјектвна дефиниција, нацијата тука е дефинирана научно, во марксистичка смисла: "Нација е историски еволуирана, стабилна заедница на јазик, територија и економски живот и психолошки состав манифестиран во заедница на култура." (Ибид.)Така, нацијата мора да има заеднички јазик и територија, споделена историја и култура, и исто така обединета со моќни економски врски. Толку од општата дефиниција, која е недвосмислено точна и во секој случај бескрајно супериорна над "психолошкиот" приод на Ото Бауер и поклониците на "национално-културната автономија". Сепак, како кај сите општи дефиниции, ова под никои услови не го исцрпува прашањето. Во реалноста може да наидеме на конкретни варијанти кои може да се контрадикторни со дефиницијата на еден или повеќе основи. Општо познато е дека прашањето што е нација е замрсено и упропастило многу анализи.Да го земеме на пример јазикот. Важност на јазикот за нацијата е јасна. Тоа изгледа е најевидентното разграничувачко обележје на националноста. Во неговата "Историја на руската револуција" Троцки ја изразува значајноста на јазикот, та: "Јазикот е најзначаен инструмент на човечката комуникација и следствено на индустријата. Тој станува национален заедно со триумфот на стоковата размена која ги интегрира нациите. На овие основи националната држава е издигната како најудобна, најпрофитабилна и нормална арена за играње на капиталистички односи." (Троцки, "Историја на руската револуција" , стр.889)Но се среќаваме со исклучоци од ова важно правило. На пример, малкумина ќе негираат дека Швајцарците се нација. Швајцарскиот национален идентитет беше добиен со вековна борба да се задржи индивидуалниот национален идентитет, главно против Австрија. Но, сепак Швајцарците немаат заеднички јазик, како што рекол Ленин:"Во Швајцарија има три државни јазици, но законите кои се подложни на референдум се печатат на пет јазика, односно на два романски дијалекти и на трите други државни јазици. Според пописот од 1900, двата дијалекта се зборувани од 38 651 од 3 315 443 жители на Швајцарија, т.е., околу еден процент. Во армијата на  офицерите им е дозволено широка слобода да зборуваат со нивните луѓе на нивните мајчини јазици. Во кантоните на Граубурден и Валис (секоја со популација од нешто повеќе од сто илјади) двата дијалекта уживаат комплетна еднаквост" (ЛСД, Критички забелешки за Националното прашање, том 20)Клучот за разбирање на прашањето лежи во почетниот суд дека нацијата е историски еволуиран ентитет. Дијалектиката не продолжува од апстрактни формални дефиниции туку од конкретни оценки на живите процеси, на нештата како се развиваат, променуваат и еволуираат. Нацијата не е нешто статично и фиксно. Таа може и се променува и еволуира. Нации може да се создадат таму каде не постоеле порано. Токму така постанаа модерните национални држави. Таков беше случајот со Франција, Италија и Германија. Подоцна беше формирана индиската национална свест, се разбира со невнимание, од британскиот империјализам. Сега со распадот на капитализмот и неспособноста на индиската буржоазија да понуди излез, постојат јасни знаци на слабеењето и фрагментацијата на оваа национална свесност, која предизвикува несомнена опасност за иднината на Индија.Историски, нациите можат да се формираат од расположливите суровини во услови на војни, инвазии и револуции кои го разградуваат старите врски и граници и создаваат нови. Ова историско преуредување може да ги сврти работите наопаку. Она што беше вчера угнетувана нација или поробена колонија може да се трансформира во најмонструозна угнетувачка и империјалистичка држава. Најдобар пример се самите САД, која претставуваше колонија на Британија и сега е најмоќна и најреакционерна империјалистичка држава во светот. Слично, буржоаските држави кои неодамна се ослободија од странската доминација и останаа во субординирана положба визави големите империјалистички сили во светски рамки, не помалку се локални империјалистички сили, угнетувајќи ги и експлоатирајќи ги посиромашните земји близу ним. Така, Индија се однесува како империјалистичка во односите со Непал, Асам и Кашмир. Царската Русија беше една од главните империјалистички сили пред 1917, иако не извезуваше капитал и беше назадна, полуфеудална земја која држеше полу-колонијални врски со Франција, Британија и другите развиени капиталистички земји.

Класното прашање

Националното прашање како и сите други социјални прашање во срж е класен проблем. Тоа беше Лениновото гледиште, и гледиште на секој вистински марксист. Во своето дело Критички забелешки за националното прашање, Ленин ги објаснува своите елементарни ставови на марксизмот со восхитувачка јасност:"Секоја национална култура содржи елементи, иако не развиени, на демократска и социјалистичка култура, оти во секоја нација има мачени и угнетени маси, чии животни услови несомнено ја издигнаа идеологијата на демократијата и социјализмот. Но, секоја нација има исто така и буржоаска култура (а повеќето и Црните Стотина и религиозна култура) која зема облик, а не само елементи, на доминантна култура. Затоа, општата, демек, национална култура е култура на поседниците на земјата, на клерот и буржоазијата" (ЛСД, Критички забелешки за националното прашање, том 20)Азбука на марксистите е дека владеачките идеи на секоја нација се идеите на владеачката класа. Ленин инсистира дека прифаќањето на "национална култура" не е ни повеќе ни помалку отколку прифаќањето на доминацијата на буржиазијата во секоја нација. Националното прашање е класно прашање. Марксистите не смеат брзо да преминат преку класните контрадикции, ама напротив, да ги истакнат. Ова не е помалку задолжително и во случај кога се работи за угнетена националност како и за угнетувачка нација. Како што Ленин објаснува во Критички забелешки за Националното прашање "Во бордовите на компаниите со здружени стоки, капиталистите од различни националности седат заедно, комплетно амалгамирани еден со друг. Во фабриките работниците од различни нации работат раме до раме. За сите основни и навистина сериозни политички прашања страните се завземаат според класата, а не според нацијата." (Ибид.)Во друго дело тој пишува: "Интересите на работничката класа и нејзината борба против капитализмот бараат потполна солидарност и најблиско единство на работниците од сите нации; тие бараат отпор од националистичката политика на буржоазијата на секоја националност."И повторно: "Нема разлика за наемната рака дали е експлоатирана главно од Велико Руската буржоазија или од полската буржоазија или пак од еврејската буржоазија итн. Наемниот работник кој ги разбира неговите класни интереси е еднакво индиферентен на државните привилегии на великоруските капиталисти или ветувањата на полските или украинските капиталисти за изградба на рај на Земјата кога тие ќе ги имаат државните привилегии..."Во осекој случај работникот ќе биде предмет на експлоатација. Секоја успешна борба против експлоатација изискува од пролетеријатот се ослободи од национализмот и да биде апсолутно неутрален, така да се каже, во борбата за супремација која се одвива помеѓу буржоазијата на разните нации. Ако пролетеријатот на некоја нација и даде и најмала подршка на "својата" национална буржоазија, тоа сигурно ќе ја зголеми недовербата помеѓу пролетеријатот на другите нации; тоа ќе ја ослабе интернационалната класна солидарност на работниците и ќе ги подели, на воодушевување на буржоазијата. И одбивањето на правото на самоопределување, или сецесија, неизбежно во практика води до подршка на доминантната нација." (ЛСД, Правото на нациите на самоопределување, том 20.)Во сите времиња Ленин ја истакнуваше потребата да се обединат работниците и угнетените маси против буржоазијата. Ленин вели: "Националната култура на буржоазијата е всушност (и повторувам буржоазијата насекаде прави договори со земјопоседниците и свештенството) воинствен буржујски национализам, кој ги осакатува, надмудрува и разединува работниците со цел буржоазијата  да ги предводи  со ланец-оглавник, толку фундаментален факт во денешно време."Кој што сака да му служи на пролетеријатот мора да ги обедини работниците од сите народности и да се бие со буржоаскиот национализам, дома и надвор, несомнено." (ЛСД, Критички забелешки за Националното прашање, том 20)За ова прашање Ленин секогаш беше непомирлив. Слични цитати може да се репродуцираат од дузина негови дела и говори.

Класна независност

Националните барања имаат демократски, а не социјалистички, карактер. Националното угнетување не влијае само на работничката класа, иако работниците страдаат највеќе, како и од останатите видови на угнетување. Националното прашање влијае на целиот народ, на севкупните маси и посебно на ситната буржоазија. И покрај тоа, како што е покажано, Ленин секогаш тргнуваше од класна гледна точка, а и ние го правиме истото.Она што толку силно допира до нас, читајќи го Ленин, е колку длабоко и јасно го објаснува националното прашање. Навистина, ова прашање има долга историја во руското работничко движење, почнувајќи со дебатите со Еврејскиот Бунд на Вториот Конгрес на Руската Социјал Демократска Работничка Партија во 1903. Како се справил Ленин со националното прашање? Сумирано, тој имал негативен став по ова прашање. Руските Болшевици, објаснуваше тој стотици пати, беа против сите облици на национално угнетување. Не е важно за што си ти, туку против што си. Доволно е да се каже на што се спротивставуваме. Се спротивставуваме на сите облици на национално, лингвистичко и расно угнетување и ќе се бориме против сите форми на национално угнетување. Тоа е сосема доволно за пролетерската тенденција која посакува да се издржи на политиката на конзистентна демократија, задржувајќи ја класната независност.Она што Ленин не го кажа е дека марксистите мора да ја подржат националната буржоазија или националистичката ситна буржоазија. Напротив, фундаментална премиса на Лениновиот став за националното прашање беше апсолутна класна независност. Првиот принцип на ленинизмот е секогаш борбата против буржоазијата- буржоазијата и на угнетувачката и на угнетуваните нации. Во сите Ленинови дела за националното прашање има непомирлив критицизам не само на националистичката буржоазија, туку и на националистичката ситна буржоазија. И со право. Целата идеја на Ленин беше дека работничката класа мора да се постави на чело на нацијата со цел да се предводат масите во револуционерна трансформација на општеството. Затоа во Критичките забелешки за националното прашање тој пишува:"Будењето на масите од феудалниот сон, нивната борба против сите национални угнетувања, за сувереноста на народот и за сувереноста на нациите е прогресивно. Па, ограничена должност на марксистите е да ја подржат најцврстата и конзистентна демократија по сите точки на националното прашање. Задачата е главно негативна. Но, пролетеријатот не може да прејде преку ова во подршката на национализмот, затоа што преку тоа тој почнува со "позитивна" активност на буржоазијата напрегајќи се да го оцврсне национализмот." (наше истакнување)Подоцна, тој додава, за поголемо нагласување: "Битка против националното угнетување ---да, се разбира. Битка за секој вид на национален развиток, за "национална култура" воопшто---разбирливо не." (Ибид.) Повторно, во Правото на нациите на самоопределување, Ленин, напиша: "Затоа пролетеријатот се самоограничува, така да кажам, на негативното барање за признавање на правото на самоопределување, без да се дадат гаранции на некоја нација и без обврска да се даде нешто на сметка на  друга нација."Во друг дел Ленин пишува за штедното влијание на национализмот врз работничкото движење: "Заклучокот е дека сите либерално-буржоаски национализми ја предизвикуваат најголемата корупција помеѓу работниците и предизвикува штета на слободата и пролетерската класна борба. Уште поопасно е што буржоаската (и буржоаската слуго-поседничка) тенденција е сокриена под слоганот "национална култура". Во името на национална култура на Великорусите, Полјаците, Евреите, Украинците и другите, Црните Сто, реакционерите и клериците, а и буржоазијата на сите нации, ги вршат своите валкани работи."Такви се фактите на денешниот национален живот, ако е испитан од ставот на класната борба, а ако слоганите се тестирани согласно интересите и политиката на класите и не од гледната точка на накаквите општи принципи, декламации и фрази." (ЛСД, том 20)Не е ли јасно? Работниците се должни да се спротивстават на сите форми на национална дискриминација и угнетување. Но, исто така и должни да одбијат да го подржат национализмот во секој облик или лик. Каков контраст на оние самопрогласени марксисти, кој не пропуштаат прилика да мавтаат со знамињата на ИРА, ЕТА, или ОВК, со погрешното уверување дека ја спроведуваат Лениновата политика! Да се размати линијата на поделба помеѓу марксизмот и национализмот е прекршување на сето она за кое стоел Ленин.За да ги победи разурнувачките илузии продавани од националистите, Ленин предупреди дека пролетеријатот не може да подржи било каква консолидација на национализмот, напротив, тој го подржува сето она што помага при збришување на националните разлики и отстранување на националните бариери, подржува се она што врските помеѓу нациите ги прави поблиски и поблиски и води во амалгамирање на нациите.  Делувањето поинаку значи застанување на страната на реакционерниот националистички филистинизам." (Ибид.)Тоа е вистинската позиција на ленинизмот во врска со национализмот. Колку различно од вулгарната дисторзија која тежнее се да редуцира на еден едноставен слоган "за самоопределување"! Баш вака се запаѓа во реакционерниот националистички филистинизам и се напушта марксистичката, т.е., пролетерската, гледна точка. Далеку од глорификација на национализмот и креација на нови бариери преку сепаратизам, Ленин, како и Маркс, имаше многу бедни мисли за тесногледоста на малите нации. И двајцата фаворизираа што е можно поголеми држави. Тој стоеше на ставот за укинување на границите, а не за создавање нови. Тој стоеше на ставот за мешање на населението и дури асимилација (се додека е доброволна) а не за глорифицирање на јазикот и културата на една нација како да се спротивставени на друга. Да видиме што тој самиот кажал:"Пролетеријатот не само што не се обврзува да го подржува националниот развој на секоја нација, туку напротив, ги предупредува нации на такви илузии, ја подржува полната слобода на капиталистичкиот контакт и ги пречекува сите видови на асимилација, освен присилната, или таквата изградена врз привилегија."И повторно: "буржоаскиот национализам и пролетерскиот интернационализам, такви се двата неприлагодиви непријателски слогана кои кореспондираат на двата големи класни табора низ капиталистичкиот свет и изразуваат две политики (уште повеќе од тоа, два светогледа) на националното прашање." (Ибид.) Нема никакви сомневања. Буржоаскиот национализам и пролетерска интернационализам се две крајна некомпатибилни политики, одразувајќи го некомпатибилните светогледи на двете непријателски класи. Бескорисно е да превртуваме и испретураме и да се гадиме од оваа очигледна вистина. Ленин стоел цврсто за пролетерскиот интернационализам и против национализмот во било која форма да е маскиран. Фактот што тој се спротивставуваше на сите форми на национално угнетување и покажа сочувство со угнетените народи, не треба да се користи да се замачка овој неоспорен факт. Ленин беше непријател на национализмот.

Ленин и Роза Луксембург

Како и Маркс, и Ленин ја водеше битката за националното прашање на два фронта. Требаше да се бие против опортунистичките и ревизионистички идеи како оние на Ото Бауер, кои го одразуваа притисокот на буржоазијата и ситната буржоазијата врз пролетарската авангарда. Но, истовремено требаше и да се бие против оние кои сметаа дека националното прашање е неважно. Ленин водеше остра полемика со Роза Луксембург долги години по ова прашање, а со цел да се доведе Партијата во вистинската насока. Подоцна, за време на Првата Светска Војна тој мораше да се спротивставува и на Бухарин и Пјатиков, кои исти така тврдеа дека националното прашање не е повеќе важно и се противеа на самоопределувањето. Роза Луксембург беше, без никакво сомнение, голема револуционарка и предан интернационалист, но за несреќа нејзиниот интернационализам имаше малку апстрактен карактер. Затоа, таа го оспоруваше правото на Полјаците за самоопределување и ја опишуваше идејата за украинската народност како инвенција на интелектуалци.Иако полските социјално демократи имаа погрешна позиција, апстрактна позиција, тие беа изворни интернационалисти и беа мотивирани од потребата за битка со реакционарниот ситно буржоаскиот национализам на Пилсудуцкиевата самопрогласена Полска Социјалистичка Партија. ППС (Polska Partija Socijalistyczna) воопшто не беше социјалистичка партија, туку ситно буржоаска националистичка партија основана 1892. Се залагаше за сепаратизам и свесно намеруваше да ги раздели полските од руските работници. Како и кај сите масовни ситнобуржоаски националистички движења, така и ППС имаше лево и десно крило. Во 1906 дојде до разделба на двете крила. Подоцна, за време на Првата Светска Војна, левото крило се оддалечи од национализмот и се фузионираше со полските социјално демократи во декември 1918 за да ја создадат Полската Комунистичка Работничка Партија. Сепак, десното крило остана на шовинистичките основи. За време на Првата Светска Војна тие ја организираа Полската Лига која се бореше на страната на австро-германскиот империјализам.Ленин беше Рус, т.е. член на угнетувачката нација, Великите Руси. Роза Луксембург беше Полјакиња (исто така и Еврејка). Ленин ја разбираше потребата за крајна осетливост спрема народите угнетени од рускиот царизам. Тој се обрати на полските другари приближно со овие зборови: "Видите, ние ја разбираме вашата позиција. Вие сте полски социјал демократи. Ваша прва задача е борба со полските националисти. Се разбира, мора така да правите. Но, Ве молам, не кажувајти ни нам руските социјал демократи, да го отфрлиме слоганот за правото на полскиот народ на самоопределување. Бидејќи како руски социјал демократи наша прва задача е да се бориме против нашата буржоазија, руската буржоазијата и царизмот. Затоа што ова е единствениот пат кој ние руските социјал-демократи може да им докажеме на Полјаците дека не сакаме да ги угнетуваме и така да ја положиме основата на единството на обата народа во револуционерната борба. "На брилијантен, дијалектички начин, Лениновиот став на правото на нациите за самоопределување не значеше поделба на руските и полските работници, народи,  туку напротив да се здружат заедно.

Единство на работничките организации

Зошто Ленин го подржуваше правото на нациите на самоопределување? Тоа го правеше само од гледна точка на понатамошната класна борба. За болшевиците, националното прашање претставуваше не само проблем и пречка туку исто така револуционерен потенцијал. Без исправна позиција на националното прашање, Октомвриската Револуција немаше да се случи. Но, интегрален дел на Лениновата политика за националното прашање беше неговото инсистирање, од 1903 натаму, на потребата да се очува светото единство на работничката класа и нејзините организации над сите разлики на народност, јазик, раса или религија. Така, тој жестоко се спротивстави на обидите на еврејскиот Бунд да го организира еврејските работници одделно и покрај руските. На ова прашање тој беше најемфатичен:"Како контраст на националистичките напори на разните буржоаски партии по прашањето на јазиците, итн, работничката демократија го истакнува барањето: апсолутно единство и комплетна амалгамација на работниците од сите народности во сите работнички организации, синдикати, кооперативи, едукативни и други, за да ја натежнеат рамнотежата со буржоаскиот национализам од сите видови. Само таквото единство може да ја штити демократијата, да ги штити интересите на работниците против капиталот, кој веќе постана и уште расте интернационално, да го штити човечкиот развој кон нов начин на живот според кој сите привилегии и секоја експлоатација ќе биде туѓа. " (ЛСД, Критички забелешки на Националното прашање, том 20)Како Троцки правилно истакна, правото на самоопределување беше само половина од ставот на Ленин по националното прашање. На другата страна на медалата беше непомиривата опозиција на секоја поделба на работничкото движење според национална линија. Мора јасно да се разделат овие два елемента. Правото на самоопределување е демократско право, или поточно, буржоаско демократско барање. Таа половина од програмата се однесува на нацијата како целина. Но, што се однесува за пролетаријатот, нема збор за делење на работничкото движење по национална основа. Иако Ленин, беше апсолутно јасен и чист околу ова прашање, денес секоја од оние мизерни секти, кои себеси се викаат троцкисти не само што ја подржуваат, туку и ја бранат и ја спроведуваат криминалната политика на разделби на работничките организации по национална линија, на еден или друг начин.Апсолутна е монструозноста и нема никаква врска со ленинизмот поделбата на синдикатите на расна или национална основа. Но, овие секти во Британија, активно учествуваа во создавањето на посебно секции за црнците во синдикатите и Работничката Партија. Во Шкотска, тие подржуваа создавање на одделен синдикат на работниците во нафтената индустрија, што е најгрубо прекршување на најосновните принципи на марксизмот. Слични примери може да се дадат и за останатите земји. Да расчистиме: поставувањето на посебни организации за различни национални и расни групи е криминален чин кој доведува само до расцепкување и ослабнување на работничкото движење. Друга работа е борбата со шовинизмот и расизмот во мнозинската националност. Сосем друго е да се расцепкува работничката класа на национални, лингвистички, религиозни или расни основи.Болшевистичката партија никогаш не го зазеде таквиот став, ниту пак РСДРП пред тоа. Ниту една од тенденциите (крилата) на руската социјал демократија (со исклучок на еврејскиот Бунд) не се согласи со поделба на движењето на национална основа. Меншевиците имаа ист став како и Болшевиците. Прашањето се дебатираше низ целиот период, кога се покрена барањето за посебна организација на еврејските социјални демократи во рамките на РСДРП. Бундот (еврејска социјал-демократска организација) беше многу силна во западна Русија и Литванија, каде имаше голема еврејска популација, бараше да тој има право да зборува за правата на еврејските работници и дека има право да формира посебна Еврејска Социјал Демократска Организација. Барањето беше одбиено од Ленин и руските марксисти кои инсистираа дека мора да има една партија на работниците и еден синдикат. И денес нашиот став е истиот. Најсилното оружје во рацете на работничката класа е единството. Тоа мора да се зачува по секоја цена. Ние радикално се спротивставуваме на поделбата на работничката класа по нацинална, расна, јазична, религиозна или друга линија. Со други зборови ние ја земаме класната позиција.

Еврејското прашање

Оние кои се залагаа за поделба на работичкото движење по линија на народност, раса или пол, со досадно повторување да ја оправдаат својата позиција со изнесување на очигледна демагогија и со солзи преполна сентименталност, апелираат на страдањата на угнетените и на монструозните неправди кои го поднесуваат, како "доказ" за "невозможноста" за обединување во заедничка организација на Црнците и Белците, мажите и жените, Протестантите и Католиците, и така натака. Овој погрешен аргумент е побиен од историјата на самиот болшевизам, како што се покажа ставот на Ленин по еврејскиот Бунд. Евреите во Русија беа монструозно угнетувани со систематска дискримаинација, присилени да живеат оддвоено и подложени на периодични крвави масакри. Само ограничен број на Евреи беа примани во државната служба како и во државните средни и високи школи. До 1917 бројот на закони со кој се ограничуваат правата на Евреите беше 650. Е ова е пример на национално ограничување во најгруб и најбрутален облик.Ленин секогаш објаснуваше дека должноста на работниците е да се борат против својата буржоазија. Тоа значи дека сите работници, дури и оние најугнетуваните. Од тие причини руските социјал демократи ги отфрлаа барањата на еврејскиот Бунд. Фактот што Евреите страдаа од најужасното угнетување не беше аргумент. Бундот го истакна слоганот за национал-културна автономија, позајмен од програмата на Ото Бауер и австро-марксистите. Но, овој слоган имаше уште помала вредност за руските Евреи отколку за оние во Австро-Унгарија. Со нивната расејана популација, Евреите кои претежно живееја во градските населби, не можеа да истакнат јасно дефинирана територија, еден од првите преедуслови за нација. Идејата за национална културна автономија беше да се обедината расеаните Евреи околу школи и други посебни еврејски институции. Ова барање, кое Троцки го карактеризира како реакционерна Утопија, само ќе ги продлабочеше алиенираните врски на Евреите со останатото население и ќе ги зголемеше расните тензии и фрикции.Евреите не поседуваа ниту заедничка територија ниту заеднички јазик. Иако многу Евреи во Русија и источна Европа зборуваат Јидиш, многумина и не зборуваат. Во развиените капиталистички држави Евреите го зборуваа јазикот на земјата во која живееа. Така, Сефардските Евреи, кои потекнуваат од Шпанија го задржаа шпанскиот за нивен мајчин јазик по векови од нивното протерување од Шпанија и од каде се распрскале низ Средоземјето. Каде и да се создале услови за тоа, Евреите се асимилирале од населението на земјата во кои тие се населиле. Но фанатизмот и мрачноста на средновековната Католичка Црква го спречила тоа. Евреите биле присилно исклучувани и отуѓувани од општеството. Бидејќи им било забрането да поседуваат земја, тие морале да се приклонат на други начини на живот на маргините на феудалното општество, тука вклучувајќи ги трговијата и лихварењето. Присилената алиенација на Евреите беше повеќе од јасна во назадната царска Русија.Дури и на Ленин му беше тешко да ги класифицира Евреите. Најблиско до кој тој дојде е дека се посебно угнетена каста, како што покажува следново: "Истото се применува" пишува тој, "за најугнетуваната и осудувана нација, Евреите. Еврејската национална култура е со слоганот на рабините и буржоазијата, слоганот на нашиот непријател. Но, постојат и други елементи во еврејската култура и низ историјата на Евреите. Од десет и полте милиони Евреи половина живеат во Галиција и Русија, назадни и полуварварски земји, каде присилно се држат во позицијата на каста. Другата половина живее во развиениот свет, и таму Евреите не се сегрегирани како каста. Таму, големите светско прогресивни одлики на еврејската култура се јасно изразени: со својот интернационализам, својата одговорност кон напредните движења на епохата (процентот на Евреите во демократските и пролетерски движења е секаде повисок од процентот на Евреите во населението како целина)." (ЛСД, Критички забелешки за националното прашање, 1913)Иако Евреите немаа карактеристики на нација и Ленин не ги сметаше за такви, по Октомвриската револуција, болшевиците им го понудија правото на само определување на Евреите, гарантирајќи им татковина во која тие може да емигрираат ако така сакаат (Бирибаиџан). Но, само неколку го избраат тоа. Ова е бескрајно поприфатливо од создавањето на еврејска држава во Палестина, земја која ја завземаат Арапите преку илјада години, та предизвикувајќи  непрестани крвопролевања и војни на Средниот Исток. Поставувањето на државата Израел беше реакционерен чин на кој се противеа марксистите. Троцки претходно ги предупреди дека тоа ќе биде свирепа замка за еврејскиот народ. И историјата на минатиот половина век ни потврди дека тоа било вистина. Сепак, сега Израел постои како држава и времето не може да го вратиме назад. Изреал е нација и неможе да повикуваме на нејзино укинување. Решението на палестинското националното прашање (за него подоцна) може да се постигне со поставување на социајлистичка федерација на Средниот Исток во кој Арапите и Израелците ќе коегзистираат со нивните автономни татковини и со целосна почит за сите национални права.Следбениците на ционизмот во Русија беа секогаш во малцинство. Значен број на кадрите во револуционерното движење во Русија беше од еврејско потекло, бидејќи најнапредните еврејски интелектуалци и работници разбраа дека нивната иднина зависи од револуционерната реконструкција на општеството. Тоа се покажа за точно. Во Русија по Октомвриската револуција, еврејскиот народ доживеа целосна граѓанска еманципација и потполна рамноправност. Тие беа задоволни со тоа и од тие причини само мал број ја прифатија понудата за татковина во рамките на Советскиот Сојуз.

Самоопределување

Барањето за признавање на правото на нациите на самоопределување е централно во Лениновата позиција по националното прашање. Тоа е општо познато. Но, како што еднаш забележал Хегел, тоа што е познато не значи дека е разбрано. Ленин пишуваше многу за националното прашање и неговите дела го поставуваат основниот марксистички став на оваа тема, кој тој ја разви на многу богат, сестран и дијалектички начин. Но, дури и најбрзо прелистување на литературата на групите кои се претставуваат како наследници на Ленин е доволно да не убеди дека никој повеќе не го чита Ленин, а ако ги читаат неговите дела, тие не разбрале ниту збор. Посебно, барањето за правото на самоопределување, без сомнение едно од најважните елементи на Лениновата мисла по националното прашање, беше отргнато од својот вистински контекст и презентиран на еден механички и едностран начин, како да било тоа единственото нешто со што се занимавал Ленин.Ленин го бранеше правото на самоопределување и тоа е аз-бука на марксистот. Но по А (аз) и Б (бука) следат В (веда), Г (глаголи), Д (добро) итн. останатите букви од азбуката и оние деца кои ја пеат азбуката само АБ, АБ, АБ баш и не се сметаат за посебно интелегентни. Дијалектиката, како објаснуваше Ленин, се бави со појавите на сестран начин. Да се апстрахира еден елемент од комплексна равенка, и истиот да се замени со другите елементи, е детска злоупотреба на дијалектиката, позната во историјата на философијата како софизам. Таквите погрешни употреби доведуваат до најтапи утки во логиката. Во политиката, а посебно во политиката за националното прашање, тие водат директно во одбрана на реакционерниот национализам и напуштање на социјализмот. Националното прашање е минско поле, за кое ако сакаме да го поминеме треба до поседуваме соодветен компас. Моментот кога макар и еден сантиметар ќе се оддалечите од класната позиција, вие сте загубени. Затоа, многумина кои денес се обидуваат да ја цитираат Лениновата одбрана на правото на самоопределување паѓаат во замката на капитулација под притисокот на малограѓанскиот национализам кој е во спротивност од Лениновиот став. Нека тој зборува самиот:" Ние не сме за очувување на малите нации по секоја цена, под сите други еднакви услови, ние сме за централизација и се противиме на филестинските идеали за федеративни односи." (ЛСД, Социјалистичката Револуција и Правото на Нациите на Самоопределување, 1916, том 22.)Ленин не го подржуваше во секој случај правото на малите нации на самоопределување. Како што тој внимателно објаснува, под сите други работи еднакви, ние секогаш ги подржуваме поголемите национални единици против помалите и централизација, на демократска основа, против децентрализација. Но, сите други услови не значи дека се еднакви. Фактот за национално угнетување над една нација од друга го проморува пролетеријатот и неговите организации да се борат против националното угнетување и да се брани правото на нациите на самоопределување.Правото на нациите на самоопределување е демократско барање и марксистите го подржуваат, како што ги подржуваме сите други демократски барања. Но, подршката на демократските барања општо никогаш за марксистите не е некој вид на Категоричен Императив. Таквите барања се секогаш субординирани на интересите на работничката класа и борбата за социјализам, како Ленин јасно објаснува: "Практично, пролетеријатот може да се здобие со политичка независност само преку субординирање на неговата борба за сите демократски барање, не исклучувајќи го правото на република, на револуционерната борба за отфрлање на буржоазијата." (Ибид.)Нема ништо ново и зачудувачко тука. Тоа е во согласност со општата марксистичка позиција за демократски барања. На пример, правото на развод е демократско право, кое ние исто така го подржуваме. Во што се состои ова право? Тоа значи дека мажот и жената може да живеат заедно доколку се сложуваат и се среќни. Но ако односите се нарушат, тогаш тие имаат право на разделба. Никој неможе да ги присили да живеат заедно. Или да го разгледаме правото на абортус. Во што се состои тоа пак? Жената има право да одлучи дали да има или не дете, бидејќи е јасно дека жената има право да господари со своето тело како што таа гледа дека е добро. Ние ги браниме овие демократски права, но дали кажуваме дека разводот или абортусот е добра работа за себе? Дали кажуваме дека секој мора да има абортус, или секоја брачна двојка мора да се разведе? Тоа ќе биде апсурд. Разводот и абортусот не се добри работи, но под одредени опкружувања можат да се помалото зло. Она што го браниме не е разводот или абортусот, туку само правото на развот и абортус. Исто е и со правото на самоопределување. Постои огромна разлика помеѓу подршката на правото на самоопределување и подршката на самоопределувањето како такво. Тоа е разликата помеѓу марксистичката политика и ситно буржоаскиот национализам. Ленин е многу јасен за ова: " за да не се спрепнеме на нашето право на самоопределување, ние не смее да се врзуваме со "гласање за отцепување" , како што г-нот Семковски претпоставува, туку да гласаме за правото на одделни региони за одлучат за ова прашање самите." (ЛСД, Национална Програма на РСДРП, 15 декември 1913, том 19.)Тоа е сршта на работите. За Ленин, правото на самоопределување не значи  дека работниците "се обврзани да гласаат за отцепување", туку исклучиво да се спротивстават на секоја форма на национално угнетување и да се противат на присилното задржување на некоја нација во рамките на друга држава, то ест, луѓето да одлучат слободно за проблемот. Тоа е елементарно демократско право, кое го бранеа болшевиците. Но, дури и тогаш, правото не се сметаше за нешто апсолутно, туку секогаш беше субординирано на интересите на класната борба и светската револуција. Лениновата позиција не беше сепаратизам, туку доброволна унија. Слоганот за правото на самоопределување, далеку од тоа да имплицира сепаратизам, беше интегрален дел на борбата против сепарацијата. Ленин продолжува: "Признавањето на правото на самоопределување е , не уверува г-нот Семковски, "играње во рацете на најтврдокорниот буржоаски национализам". Тоа е детска глупост бидејќи признавањето на правото не ја исклучува пропагандата и агитацијата против сепарацијата или изложувањето на буржоаскиот национализам. Но, апсолутно е недвосмислено дека порекнувањето на правото на сецесија е игра во рацете на најтврдокорните великоруските стоте црни националисти!" (Ибид.)Нека земеме современ пример. Франкофонското население во Квебек се чувствува национално угнетено од Канада. Квебечките националисти вршат притисок за сепарација. Марксистот ќе им каже на Квебечаните: да, го имате правото на самоопределување. Ние ќе го браниме тоа право. Но сметаме дека отцепувањето ќе претставува загуба за Квебечаните и за сите луѓе на Канада. Ако има референдум ние сигурно ќе агитираме и гласаме против отцепување. Ние сме за социјалистички Квебек во социјалистичка Канада со полно разбирање на националното право како единствено решение за нашите проблеми. Таква беше приближно Лениновата позиција за националното прашање.Ленин во никој случај не го сметаше правото на самоопределување за панакеа, универзално применлива под секоја околност. Таквиот идиотизам беше превземен од групите кои одаваат јазична почит кон марксизмот и ленинизмот без да поседуваат ни најмало знаење што е тоа. Ленин не го сметаше правото на самоопределување за апсолутно право, одвоено од просторот и времето, туку само како дел од борбата на пролетеријатот за моќ и исклучиво подредена на таа борба. Во Сталиновото дело Националното прашање и Марксизмот, кое е речиси диктирано од Ленин и кое без сомнение ги изразува неговите погледи на ова прашање, оваа идеја е јасно изразена:"Нацијата го има правото да го уредува својот живот по автономни линии. Таа има право дури на сецесија. Но тоа не значи дека така треба да се направи под било кои услови, дека автономијата или сепарацијата насекаде и секогаш ќе предничат за нацијата, т.е. , за мнозинството на населението, те, трудбеничкиот слој." ( Сталин, оп.цит., стр.20) И продолжува:"Но кое решение ќе биде најприфатливо за интересите на трудбеничките маси? Автономија, федерација или сепарација?"Сите овие се  проблеми чии решенија ќе зависат од конкретните историски услови во кои нацијата ќе се најде."Уште повеќе. Условите, како и се друго, се менуваат и некоја исправна одлука во одредено време е сосема неприфатлива за друго. " (Ибид.)Ова е апсолутно точно. Позицијата која марксистите ќе ја заземат во однос на правото на самоопределување не може да се постави однапред. Зависи од конкретните околности на секој сличај и неговите импликации за каузата на пролетеријатот и светската социјалистичка револуција. Таква беше секогаш Лениновата позиција. Така, во Правото на Нациите на Самоопределување, тиј пишува: "Не станува збор за марксисти од некоја земја ако тие составувааат нивни национални програми без да ги земат предвид сите овие општи историски и конкретни државни услови. " (ЛСД, Правото на Нациите на Самоопределување, 1914, том 20, стр. 401)Расправајќи се со полските социјал демократи кои имаа ултра-лева позиција за националното прашање и го порекнуваа правото на самоопределување во принцип, Ленин објаснува, помеѓу останатото, дека не е задача на социјал-демократијата да ја подржува секоја и секаква борба за самоопределување. Ленин го вели следново: "Од гледиште на општа теорија овој аргумент е гаден, бидејќи е очиглено нелогичен, прво нема и неможе да има некакво демократско барање кое не ги изложува злоупотребите освен ако посебните се подредени на општите. Ние не сме обврзани да подржуваме било каква борба за независност или некое републиканско или анти-клерикално движење." (ЛСД, Расправа за Самоопределувањето, Сумирано, том 22, стр. 349)Има еден случај каде Ленин ни става на знеање дека не го подржува правото на нациите на самоопределување: кога тоа значи воведување на работниците во војна. Тој го сметаше барањето за подршка на самоопределувањето (иако тоа беше оправдано за и по себе), ако тоа значеше вовлекување на големите сили во војна како монструозна сугестија. Дали болшевиците ќе ја подржуваа националната борба за дадениот случај зависеше од конкретните околности и во секој случај Ленин пријдуваше на проблемот, не од гледна точка на тесниот национализам, ама од стојалиштето на светската револуција. Во јули 1916 Ленин ги предупреди Полјаците да не ја дигнат борбата за национална независност. Тој објаснува дека судбината на борбата на полскиот народ е неразделно врзана од перспективата на револуцијата во Русија и Германија: "Да се покрене прашањето на независноста на Полска денес" пишува, "под постојните односи на соседните империјалистички сили, тоа е навистина потрага по утопија, спуштање на тесниот национализам и заборавање дека неопходна е премиса за сеевропска или најмалку руска и германска револуција." (Ибид.)Во дадените услови тој им препорача на Полјаците да ја подредат нивната борба за самоопределување на перпесктивата на револуција во Русија и Германија. Ленин се покажа за исправен. Само руската револуција ги создаде условите за поставување на независна полска држава, додека сите останата обиди завршија во катастрофа. Тоа е она што Ленин го мислеше и предупреди на "потрагата по утопија" и "спуштање во тесниот национализам". Колку добри совети Ленин им даде на полскиот народ! И колку беше монструозна карикатурата на Лениновиот став да се биде адвокат на рушењето на Југославија на подметнатите основи за самоопределување! Тоа беше токму потрага по утопија (и тоа реакционерна) и спуштање во тесниот национализам од најлош вид.

Ленин и "практичноста"

Еден од најчестите трикови на ситно буржоаската критика за марксизмот, кои капитулирале пред национализмот е да се обвини марксизмот за утопизам. "Вашите говори за обединување на работниците се утопизам", "идејата за социјалистичка федерација не е практична", "мора да направиме нешто сега!" и слично на тоа. Како Ленин одговори на ваквите аргументи, кои му беа нему добро познати?"Што имплицира барањето за практичност во националното прашање?", се прашал Ленин и одговорил:"Или подршка за сите национални аспирации или одговори од типот да и не за прашањето на сецесија за секој случај на секоја нација, или националните барања веднаш да се направат општо практични".Продолжува: "Нека ги испитаме сите три можни значења на барањето за "практичност"."Буржоазијата, која природно излегува како хегемон(водач) во почетокот на секое национално движење, вели дека подршката на сите национални аспирации е практична. Но политиката на пролетеријатот за националното прашање (и за другите прашања) ја подржува буржоазијата само во одредени правци; никогаш не се совпаѓа со политиката на буржоазијата. Работничката класа ја подржува буржоазијата само за да се одржи национален мир (која буржоазијата не може да го донесе потполно и кој може да се достигне само со комплетна демократија), со цел да се обезбедат еднакви права и да се создадат подобри услови за работничката борба. Затоа, таа е против практичноста на  буржоазијата каде пролетерите ги истакнуваат своите принципи во националното прашање. Тие и даваат на буржоазијата само условна подршка. Во националните прашања буржоазијата секогаш се стреми или за привилегии за својата сопствена нација или исклучиви предности за себе; а тоа се нарекува "практичност".  Пролетеријатот е против сите привилегии, против сите исклучивости. Да се бараа тој да биде "практичен" е да се следи патот на буржоазијата, да се падне во опортунизам." (ЛСД, Пр. На нац. На самоопределување, 1914, том 20)Кога Ленин ги пишувал овие редови во 1914, тој сеуште ја имал перспективата на буржоаско-демократската револуција во Русија. Болшевиците се бореа на екстремно левото крило во буржоаско-демократскиот камп. Нивната цел беше да се мобилизираат масите под раководство на пролетеријатот , не да пренесе моќта на работничката класа (Ленин го сфати тоа дури во 1917), туку да се спроведе најрадикален вид на буржоаска-демократска револуција во Русија и така да се создадат најповолни услови за развој на капитализмот и класната борба. Се разбира, Лениновата перспектива не заврши тука. Тој ја гледаше победоносната буржоаска-демократска револуција во Русија како силен импулс за социјалистичката револуција во западна Европа, а тоа пак ќе значеше потик на руските работници, заедно со работниците на Европа, да ја превртат буржоаска-демократска револуција ви социјалистичка. Но итните задачи на револуцијата беа буржоаско-демократски, а средиште на тоа беше аграрната револуција и националното прашање.Дури и кога Ленин ја имаше перспективата на буржоаска-демократска револуција тој инситираше на потребата за целосна независност на пролетеријатот од буржоазијата. Во националното прашање пролетерите мора де бидат независни од националистичката буржоазија . Тие мора да се борат против националните угнетувања, но да се борат под своето знаме, со своја политика и методи. Додека националната буржоазија прави чекори против угнетувачката нација, работничката класа е обврзана да ја подржува, јасно. Но, на прво место, оваа подршка е високо условна и тоа не значи под било какви околност обврска за работниците за подршка на националната буржоазија во секој случај. Ленин предупреди на предавството на националната буржоазија , на себичната алчност и реакционерни намери и ги убедуваше работниците да не се подредат на националистичката демагогија за "единство".Аргументот на буржоаските и ситно буржоаските националисти против марксистичката позиција на националното прашање секогаш е една те иста: "Зборувањето за социјализам и класната борба е утопско. Ние страдаме од национално угнетување токму сега и мора да превземеме практични мерки да се решат овие проблеми." Еве го одговорот на оваа демагогија:"Барањето да се одговори на прашањето на национална сецесија со "да" и "не" за секој случај на секоја нација изгледа дека е многу "практичен". Во стварноста тоа е апсурдно; метафизика во теоријата , а во пракса тоа води до субординирање на пролетеријатот на интересите на буржоазијата. Буржоазијата секогаш ги истакнува националните барања. Ги истакнува категорично. За пролетеријатот , пак, овие барања се субординирани на интересите на класната борба." (Ибид. )Повторно: "Буржоазијата на угнетените нации ќе го повика пролетеријатот да ги подржи нејзините аспирации безусловно под изговор дека нејзините барања се "практични". Најпрактично е да се каже просто "да" во однос на сецесија на одредена нација отколку во однос на сите нации да одвојување!"Пролетеријатот е против таквата практичност. Додека се признаваат еднаквоста и еднаквите права на националната држава, тој над се ги вреднува сојузот на сите пролетери на сите нации и го оценува секое национално барање, секоја национална сепарација од аголот на класната борба на работниците. (Ибид.)Од овие редови е јасно дека Ленин сметаше дека пролетеријатот не е обврзан да го подржи секое барање за самоопределување, дека тој ги повика работниците за дадат отпор на обидите на буржоаските (а ние да додадеме и ситно буржоаските) националисти за се присилат на подршка на национализмот со апел на нивното природно сочувсто со национално угнетените луѓе; дека националното прашање секогаш е подредено на општите интереси на пролетеријатот и класната борба; и дека е неопходно да се завземе позицијата на самоопределување исклучиво на основите на понатамошниот развој на каузата на пролетеријатот и борбата за социјализам во дадениот случај. Во секој друг случај, пролетеријатот , далеку од давањето на подршка , мора одлучно да ја отфрли.Со секој настан, Лениновата позиција за националното прашање еволуираше со време, како што се промени и неговиот општ поглед за природата за руската револуција. По Фебруарската Револуција Ленин го напушти поранешниот став дека руската револуција ќе биде буржоаска-демократска во карактер ("демократска диктатура на пролетеријатот и селаните") и се приклучи на ставот бранет од Троцки од 1904-5. Троцки објасни дека иако објективно задачите на руската револуција се со буржоаско-демократски карактер, револуцијата може да се предводи само од пролетеријатот во сојуз со сиромашните селани. Руската буржоазија прекасно се појави на историската сцена за да ја изврши својата прогресивна улога. Под околностите, задачите на буржоаска-демократска револуција во Русија можеа да се спроведат само од работничката класа, откако ќе ја земе власта во свои раце. Но тоа не е "демократска диктатура на пролетеријатот и селаните"  туку диктатура на пролетеријатот. Оваа перспектива брилијантно беше потврдена во Октомври 1917.Дури и пред ова, како што видовме, Ленин во никое време не ја бранел подршката за националната буржоазија, или, најмалку гледал најограничена и условна подршка под одредени услови, додека секогаш ја потенцирал потребата на пролетеријатот да ја задржи независноста од махинациите на така наречената прогресивна буржоазија. Но, по 1917 тој сфати дека таканаречената национална буржоазија во назадните полу-колонијални земји како царска Русија беше целосно неспособна да ја изврши својата прогресивна улога. На Вториот Конгрес на Комунистичката Интернационала, Ленин демонстративно го смени својот став за националната буржоазија . Од тој момент натаму тој ја сметаше националната буржоазија на колонијалните земји за неспособна за прогресивна улога. Целата подоцнежна историја го потврди неговиот став по ова прашање.

Дел Четврти: Националното прашање по Октомври

"Разните барања за демократија, вклучувајќи го самоопределувањето," пишува Ленин, "не се апсолутни, туку само мал дел на општо демократско (сега општо-социјалистичко) светско движење. Во индивидуални конкретни случаи, делот може да ја контрадиктира целината, ако е така тој мора да биде отфрлен. Можно е републиканското движење во една земја да е само инструмент на свештенички или финансиско-монархистички интриги на други земји; ако е така, ние не смееме да го подржиме ваквото, конкретно движење. Но, ќе биде лудо да се поништи барањето за република од програмата на Интернационалната Социјал-Демократија на овие основи."  (ЛСД, Расправа за самоопределувањето Сумирано, 1916 , том 22)Овие зборови кажуваат дека правото на самоопределување е само релативно право. Дали работничката класа треба да го подржи барањето на право на самоопределување зависи од специфичните околности во секој одделен случај. Тоа е конкретно прашање. Невозможно е да се завземе општ став, валиден за сите случаи. Ленин сигурно никогаш не зема таков став. Неопходно е да се проучи секој конкретен случај и да се направи, внимателно, разлика помеѓу она што е реакционерно и она што е прогресивно. Ако не, ќе завршите во збрка. А Лениновиот став се покажа дека е точен во практиката во 1917. Националното прашање се реши во Русија, не со буржоаска, туку со социјалистичка револуција. Тоа е факт што сите негатори на болшевизмот одбиваат да го признаат. Ова е од фундаментално значење за сите оние кои сакаат да ја разберат марксистичката позиција на националното прашање.Како Ленин предвиди, Полјаците се здобија со независност како резултат на револуцијата во Русија. Октомвриската Револуција ги создаде условите за отцепување на Полска. Десното крило на ППС се избори да ја предводи владата, каде тие брзаа да им ја предадат власт на буржоазијата. А таа пак, подбуцната од Британија и Франција, објави војна на Русија во 1920. Болшевиците не само што се бранеа од полската реакционерна буржоазија, туку ја пренесоа војната во Полска. Дали тоа значи одрекнување од правото на самоопределување? Ленин веќе одговори на ова прашање во неговата "Расправа за Самоопределувањето, Сумирано", напишана во јули 1916:"Да се повтори конкретната ситуација со која се соочи Маркс во периодот кога царистичкото влијание во интернационалната политика беше доминантно,  на пример, во таква форма да бројни нации почнат социјалистичка револуција (како буржоаско-демократската револуција од 1848), додека останати нации беа почва за буржоаската реакција, тогаш и ние ќе бидеме за револуционерна војна против последниве, за нивно 'рушење', за уништување на нивните предсстражи, без разлика какви мали национални движења ќе се родат во нив." (ЛСД, Расправа за Самоопределувањето, Сумирано, том 22.)Овие редови адекватно ја одразуваат реалната позиција на самоопределувањето. Националното прашање (вклучувајќи го и самоопределувањето) секогаш е подредено на општите интереси на пролетеријатот и светската револуција. Пролетеријатот мора да ги подржува национално-ослободителноте борби на угнетените нации, до степен до кој последните се насочени против империјализмот и царизмот. Во оваа смисла националните движења можат да бидат сојузници на пролетеријатот, како селанството. Но кога таквите национални движења се насочени против револуцијата, кога малите нации се користат како пиони на империјализмот и реакцијата (какошто често се случува во историјата), тогаш ставот на работничкото движење мора да биде комплетно непријателство, дури и до точката на објава на војна на таквите движења. Тоа е перфектно јасно од Лениновите зборови.Болшевистичката програма по националното прашање значеше средство за обединување на работниците и селаните од сите националности на царска Русија за револуционерно рушење на царизмот. Кога руските работници ја земаа власта, тие им го понудија правото на самоопределување на угнетуваните националности, но во големо мнозинство на случаи народот  реши да остане заедно и да доброволно учествува во советската федерација. Вистина е дека Полска и Финска се одвоија, и двете поставија диктатури, непријателски расположени на советската сила. Украина потпадна под германска контрола. Болшевиците не интервенираа против Финска и Полска,  не заради правото на самоопределување , туку затоа што беа преслаби да го направат тоа. Подоцна тие де факто интервенираа во Полска, Украина и Грузија.По Октомвриската Револуција, болшевистичката влада на повеќе пати мораше да објави војна на реакционерните националистички движења, на пример ерменските Дашнаци и украинските Ради, кои беа само изговор за странската империјалистичка интервенција против Советската република. Во 1920, Ленин беше за револуционерна војна против Полска. Троцки беше против таа војна, не од принципиот, а секако не и на основите на полското самоопределување (реакционерниот режим на Пилсудски во Полска беше играчка за францускиот и британскиот империјализам, кој го охрабруваше во агресивниот став спрема Советска Русија), ама од практични причини.Кога финската националистичка буржоазија, за свои реакционерни причини, се оддели од Русија по Октомвриската Револуција, болшевиците не превзедоа ништо да интервенираат. Тоа беше одраз на слабоста на советската држава во тоа време. Работничката влада се бореше на живот или смрт на многу фронтови. Троцки мораше да ја импровизира Црвената Армија од ништо. Внатре во Финска изби крвава граѓанска војна помеѓугнетување буржоаските националисти од Белата Гарда и работниците. Да ја имаа болшевиците Црвената Армија, тие сигурно ќе интервенираа да ги подржат финските работници против контра револуционерната финска националистичка буржоазија. Како што бидна, интервенцијата беше материјално невозможна во тоа време, но тоа немаше никаква врска со "правото на самоопределување " кое , како што објаснуваше Ленин, беше само дел, релативно мал дел, на општата стратегија на светската пролетерска револуција. Првото беше секогаш подредено на последното, на ист начин како што делот секогаш е подреден на целината.Во 1922 год. во својата книга Социјал Демократијата и Војните на Интервенција ( понекогаш позната како Помеѓу Црвено и Бело), Леон Троцки го напиша следното: "Економскиот развој на сегашното општество има силен централистички карактер. КАПИТАЛИЗМОТ ги постави прелиминарните основи за добро уредената економија на светско ниво. Империјализмот е само предаторски капиталистички израз за оваа желба да се има управувачка улога во водењето на светската економија. Сите силни империјалистички земји сметаат дека немаат доволно домет во рамките на тесните граници на националната економија и сите тие се во потрага по пошироки пазари. Нивната цел е монопол со светската економија..."Фундаменталната задача на нашата епоха се состои во поставување на блиски односи помеѓу економските системи на разните делови на светот и во изградба за интересите на целото човештво, во координирано светско производство, базирано на најекономската употреба на сите сили и извори. Тоа е токму задачата на социјализмот. Очигледно е дека принципот на самоопределување во ниеден случај не ги надминува намерите на социјалистичката економска конструкција. Во овој аспект, самоопределувањето ја завзема подредената позиција избрана од демократијата воопшто во процесот на историскиот развиток. Социјалистичкиот централизам, пак не може да го замени империјалистичкиот централизам, без транзиција и на угнетените националности мора да им се даде можноста да ги протегнат нозете вкочанети под синџирите на капиталистичката принуда." Задачата и методите на пролетерската револуција не се состојат во механичка елиминација на националните карактеристики или во воведување на присилена амалгамација. Вмешување во јазикот, образованието, литературата и културата на разните националности е секако туѓо за пролетерската револуција. Таа се однесува за други работи од професионалните интереси на интелектуалците и "националните" интереси на работничката класа. Победоносната социјална револуција ќе донесе целосна слобода на сите национални групи да се сместат себеси во сите прашања од националната култура, додека ставајќи под една капа (за доброто на сите и со дозвола од работниците) стопанските задачи, што бара спретност на начин, промислен и адекватен со природните, историските и техничките услови, а не, под никакви услови, со националните групирања. Советската Федерација претставува најприлогоден и флексибилен државен облик за координација на националните и економските потреби."Политичарите на Втората Интернационала, во единство со нивните ментори од буржоските дипломатски канцеларии, се смеашкаат пакосно на нашето признавање на правата на национално самоопределување, ние се грижиме да им го објасниме на масите неговото ограничено значење и ние никогаш не го истакнуваме над интересите на пролетерската револуција."

Ленин и великорускиот национализам

Ленин ја познаваше и ја сакаше националната традиција, историја, литература и култура на Русија. Иако во душата длабока интернационалист, тој беше враснат во рускиот живот и култура. Сепак, Ленин не направи ни најмали концесии кон великорускиот шовинизам, против што тој водеше безмилосна битка целиот живот. Победата на пролетерската револуција, се разбира, не значеше веднаш исчезнување на старовремските предрасуди и навики на умот, или ликвидација на традицијата, која, според зборовите на Маркс, тежи на човечката совест "како Алпите". Неможе да се променат умовите на мажите и жените преку ноќ само со рушење на власта на експлоататорите и национализирање на средствата за производство. Општеството и понатаму ги носи раните и деформациите на стариот поредок, не само на својот грб туку исто така и во својот ум.Постигнувањето на вистински хумани односи помеѓу мажите и жените, помеѓу поранешните угнетувани и угнетувачки нации може да се случи во период, чија должина ќе биде определена од нивото на развој на силите на производство, должината на работниот ден и културното ниво на масите. Ова е прецизно значењето на транзициониот период помеѓу капитализмот и социјализмот. Во случајот со Русија, каде револуцијата се најде изолирана во услови на најстрашна назадност, проблемите со кои се соочуваше Советската власт беа огромни. Тоа директно се одрази врз националното прашање. Во предвечерието на Првата Светска Војна Ленин запиша:"Дури сега, најверојатно и прилично долго време, пролетерската демократија ќе мора да смета на национализмот на Великоруските селани (не со цел да и се прават концесии, туку да се собори)." (ЛСД, Правото на Нациите на самоопределување , феб-март 1914, том 20, наше истакнување.)И тој продолжува: "Состојбата на работите е таква да пролетеријатот на Русија е соочен со двострана задача; да се бори со сиот национализам и највеќе со великорускиот; да ги признае не само еднаквите права на нациите општо, туку и еднаквоста на правата во однос на државноста, т.е., правото на нациите на самоопределување. И во исто време, нивна е задачата да ја промовираат успешната борба против национализмот на сите нации, без разлика на формата, и го сочуваат единството на пролетерската борба и на пролетерските организации, амалгамирајќи ги овие организации во густо збиени интернационални асоцијации покрај буржоазијата која намерува национална ексклузивност."Комплетна еднаквост на правата на сите нации, правото на нациите на самоопределување, единството на работниците од сите нации, таква е наионалната програма која марксизмот, искуството на целиот свет и искуството на Русија, ги учат работниците." (Ибид.)Ленин секогаш покажуваше голема чувствителност справувајќи се со националностите во Советската држава. Болшевиците ги пресретнаа сите должност кон угнетуваните нации на поранешната царска империја. Во почетокот, името на Русија исчезна од сите официјални документи. Болшевиците ја именуваа само како "Работничката Држава". Подоцна имаше движење за основање на Сојуз на Советски Републики. Додека разбирливо во корист на доброволна федерација, која беше формирана веднаш по Октомвриската Револуција, Ленин беше нестрплив да се избегне импресијата на не-руските националности дека болшевиците само сакаат да ја реконституираат старата царска империја под ново име. Тој повикуваше на претпазливост и внимателност. Сепак, Сталин, кој беше поставен за Комесар за Националностите бидејќи беше Грузиец, имаше други идеи. Добро е познато дека членовите на малите нации кои се издигнуваат на водечки позиции во владата на угнетувачката мнозинска нација тежнеат да постанат најголеми шовинисти. Така, Наполеон Бонапарта, иако Корзиканец, стана најфанатичен застапник на францускиот централизам.Сталин, суштеството на Бирократијата, стана еднакво изразит великоруски шовинист, покрај фактот што тој зборуваше руски тешко и имаше силен грузиски акцент. Во 1921, покрај Лениновите замерки, Сталин организираше инвазија на Грузија, која беше (теоретски) независна држава. Поставен пред свршен чин Ленин беше принуден да ја прифати позицијата. Но тој силно советуваше внимание и чувствителност кога се работи со Грузиците, со цел да се отстрани секое руско силеџиство. Тој го нагласи значењето на одржувањето на братските односи помеѓу националностите и инсистираше на доброволниот карактер на секој сојуз или федерација. Сталин, напротив, сакаше по секоја цена да го истурка сојузот на Руската Социјалистичка Федерација (РСФСР) со Транскавкаската федерација, Украинската ССР и Белоруската ССР. Кога Сталин го понуди предлогот на Централниот Комитет, Ленин го подвргна на силен критицизам и предложи алтернативно решение кое беше во принцип различно од Сталиновото. Ленин, типично, го потенцираше елементот на еднаквост и добловолната природа на федерацијата: "Ние се гледаме како еднакви со Украинаската ССР и другите," тој пишува, " и заедно со нив на рамноправни основи со нив влегуваме во нов сојуз, нова федерација..." (Ленин, Прашања за Националната Политика и Пролетерскиот Интернационализам, стр. 223)Во меѓувреме, позади грбот на партиското водство, Сталин, помогнат од неговиот потрчко Орџоникиѕе (руски Грузиец, како него) и Џержински (Полјак) направија нешто како удар во Грузија. Ги споија грузиските меншевици, против Лениновиот јасен совет, и кога грузиските болшевистички лидери протестираа, тие безмилосно беа отстранети. Сталин и Орџоникиѕе ги сузбија сите критики. Со други зборови, тие спроведоа политика сосема спротивна на Лениновата во однос на Грузија. Тие ги заплашуваа грузиските болшевици и отидоа дотаму да употребат физичко насилство, кога Орџоникиѕе удри еден болшевик. Кога Ленин, оневозможен од болест, го дозна тоа, тој беше престрашен и диктираше серија на писма на неговите секретари, разоткривајќи го Сталиновото однесување со најсурови можни термини и барајќи најстрога казна за Орџоникиѕе.Во текстот диктиран на 24 25 декември 1922, Ленин го сврсти Сталин како "вистински и прав национал-социјалист", и вулгарно "великоруски силеџија". (види Буранов, Ленинова Волја, стр. 46.) Тој пишува: "Јас исто така се плашам дека Другарот Џержински кој беше во Грузија да го испита 'злосторот' на овие 'национал-социјалисти', се истакна таму со прави руски мисловни рамки (јасно е дека луѓето од други националности кои се русизирани претеруваат со овии руски рамки на размисла) и дека непристрасноста на оваа цела комисија беше добро обработена од Орџоникиѕевото 'однесување со луѓето'." (ЛСД, Прашањето на националностите и 'автономизација', 13.12.1922, том 36, стр. 606.)Ленин ја постави вината за овој инцидент цврсто кај Сталин: " Мислам", пишуваше, "дека Сталиновото итање и залуденост со чиста администрација, заедно со неговата пакост против неславните 'национал-социјалисти' одиграа фатална улога. Во политиката, пакоста општо има најниска улога." (Ибид.)Ленин го поврза Сталиновото однесување во Грузија со проблемот на бирократската дегенерација на советскиот државен апарат под услови на страшна назадност. Тој посебно го осуди Сталиновото брзање во истакнувањета на Сојузот на Советски Републики, безоглед на мислењето на луѓето кои се засегнати, под изговор за потребата за "обединет државен апарат". Ленин цврсто го отфрлил овој аргумент и го објаснил како израз на гнилиот руски шовинизам произлезен од бирократијата, која, во голем дел, Револуцијата ја наследи од царизмот:"Речено е дека е потребен обединет државен апарат. Од каде поизлегува ова убедување? Дали не доаѓа од истиот руски апарат, што, јас го истакнав во претходните делови на мојот дневник, ние го земавме од царизмот и малку му додадовме Советско масло? "Нема сомневање дека таквата мерка треба да се одложи се додека ние може да речеме дека зборуваме за наш апарат како за свој. Но сега, мораме со сета свесност, да го признаеме спротивното, државниот апарат кој го нарекуваме наш е, фактички, сеуште доста туѓ за нас; тој е буржоаски и царски бучкуриш и немаше можност да се ослободиме од него во минатите пет години без помош од другите земји и затоа што ние бевме "зафатени" најголениот дел од времето со воени обврски и борба против гладот."Сосема е природно што во такви услови 'слободата да се оддвои од сојузот' со којшто се оправдуваме ќе биде само шкртаници на хартија, неспособни да се бранат не-русите од присилбите на тој вистински руски човек, великорускиот шовинист, во суштина битанга и тиран, каков што е типичниот руски бирократ. Нема сомневање дека инфинитеземален процент на советските и советизираните работници ќе биде вовлечен во таа плима на шовинистички великоруски олош како мува во млеко." (Ибид., наше истакнување.)По Грузиската афера, Ленин ја насочи целата тежина на својот авторитет во борбата да го тргнат Сталин од должноста генерален секретар на партијата која тој ја вршеше од 1922, по смртта на Свердлов. Лениновите, пак, главни стравови најголеми од било кога беа дека отворениот расцеп во водството, под тие услови, може да води до расцеп на партијата по класни линии. Затоа тој се обидуваше да ја задржи борбата во рамките на водството и пораките и другиот материјал не беа јавни. Ленин пишуваше тајно до грузиските болшевици-ленинисти (праќајќи копии до Троцки и Каменев) завземајќи ги нивните причини против Сталин "со целото свое срце". Бидејќи не можеше да ја спроведе работата лично, тој му напиша на Троцки барајќи од него да се завземе во одбрана на Грузиците во Централниот Комитет.Документираните докази за Лениновата последна битка против Сталин и бирократијата Москва ги скриваше со декади. Лениновите последни дела беа криени од Комунистичката Партија во Русија и интернационално. Лениновото последно писмо до партискиот конгрес, покрај протестите на неговата вдовица, не беше прочитано на партискиот конгрес и остана затворено и заклучено се до 1956 кога Хрушчев и компанија го објавија, заедно со други предмети вклучувајќи ги писмата за Грузија и националното прашање. Така, Лениновата борба во одбрана на вистинската политика на Болшевизмот и пролетерскиот интернационализам беа осудени на заборав.

"Социјализам во една земја"

Национализмот и марксизмот се некомпатибилни. Но, национализмот е сијамски близнак на сталинизмот во сите свое облици. Во срцето на идеологијата на сталинизмот е така наречената теоријата за социјализам во една држава. Оваа анти-марксистичка поставка не може никако да биде бранета од Маркс и Ленин. До доцната 1924, Сталин продолжи да ја подржува Лениновата интернационалистичка позиција. Во фебруари истата година, во својата Основи на Ленинизмот , Сталин ги сумираше Лениновите погледи како треба да се гради социјализмот, па:"Рушењето на буржоазија од власт и поставување на пролетерска влада во една земја не гарантира потполна победа на социјализмот. Главната задача на социјализмот, организација на социјалистичко производство, ни преостанува понатаму. Може ли да се постигне оваа задача, може ли конечната победа на социјализмот во една земја да се достигне, без заедничките напори на пролетеријатот на неколкуте напредни земји? Не, тое е невозможно. Да се сруши буржоазијата доволни се напорите на една земја, како тоа го кажа нашата револуција. За конечната победа на Социјализмот, за организација на социјалистичко производство, напорите на една земја, посебно таквите земјоделски земји како Русија, се недоволни. Затоа се потребни напорите на пролетеријатот на неколку развиени земји."Такви, накратко, се карактеристичните црти на ленинистичката теорија за пролетерска револуција."Дека тие беа точно "карактеристичните црти на ленинистичката теорија за пролетерска револуција" не беа во расправа во почетокот на 1924. Тие беа повторувани многу пати во стотици говори, дела и документи од Ленин од 1905. Но, при крајот на 1924, се ревидираше Сталиновата книга и токму со спротивното беше заменето. Во ноември 1926, Сталин го кажуваше токму спротивното: "Партијата отсекогаш за почетна точка ја земаше идејата за победа на социјализмот во таа земја и таа задача може да се постигне со силите на една земја."Овие редови значат комплетно раскинување со Лениновата политика за пролетерски интернационализам. Сталин никогаш не се изразил вака додека Ленин беше сеуште жив. Првенствено, "теоријата" за социјализам во една земја го изразуваше расположението на растечката каста на бирократи на кои им беше добро по Октомвриската Револуција и кои сега посакуваа да се запре револуционерната бура и стрес. Тоа беше теориски израз на ситно буржоаската реакција против Октомври. Под паролата Социјализам во една Земја, сталинистичката бирократија водеше еднострана војна против Болшевизмот кој заврши со физичко уништување на лениновата Партија и создавање на монструозен тоталитарен режим.Режимот што беше издигнат на коските на Болшевистичката Партија конечно ги уништи сите придобивки на Октомвриската Револуција. Но, тоа не можеше да се предвиди однапред. По Руската Револуција, Комунистичката Интернационала повторно ја бранеше исправната позиција на националното прашање. Но со растот на сталинизмот и дегенерацијата на третата Интернационала сите фундаментални идеи беа загубени. Повеќето од лидерите на странските Комунистички Партии слепо ја следеа линијата од Москва. Тие кои се обидоа да завземат независна позиција беа бркани. Коминтерната се трансформира од возило на светската пролетерска револуција во пасивен инструмент на Сталиновата надворешна политика. Кога повеќе не му одговараше, Сталин ја распушти во 1943, без да свика конгрес.Само еден човек претходно објасни каде дефинитивни води Теоријата за Социјализам во Една Земја. Дури рано во 1928, Леон Троцки предупреди дека доколку оваа теорија се прифати од страна на Коминтерната, тоа неизбежно ќе биде старт за процесот кој ќе заврши во национал-реформистичка дегенерација на секоја Комунистичка Партија во светот, без оглед дали е на власт или не. Три генерации подоцна, СССР и Комунистичката Интернационала лежат во урнатини, а многу време е помината и одкако Комунистичките Партии ја напуштија намерата за застанат зад вистинаската ленинистичка политика билокаде.

Троцки и украинското прашање

За Троцки, како и за Ленин, прашањето дали треба да се подржи барањето за право на самоопределување беше конкретно прашање кое ќе биде определено потполно од интересите на пролетеријатот и светската револуција. Добар пример за методот што го употреби Троцки беше неговиот став за Украина во триесетите години. Монструозното спроведување на сталинистичката бирократија кон Украина сериозно ја наруши солидарноста помеѓу Русија и Украина постигната од Октомвриската Револуција.Како и Грузија, Украина беше претежно земјоделска земја со предоминантно селанско население. Таа голема земја, со пространство и население слични на Франција, Украина, беше од стратегиска важност за болшевиците. Успехот на револуцијата во Украина беше круцијален за проширувањето на револуцијата во Полска, на Балканот и најважно од се, Германија. Во јануари 1919 Христијан Раковски, претседателот на комесарите на Украинската Советска Република, рече дека "Украина е навистина стратешки јазол за социјализмот. Да се создаде револуционерна Украина ќе значи подбуцнување на револуцијата на Балканот и давање можност на германскиот пролетеријат за отпор кон гладот и светскиот империјализам. Украинската револуција е одлучувачки фактор за светската револуција." (Христијан Раковски, Одбрани Дела.)Советската власт во Украина се постави со потешкотии. Само мал удел имаше и странската интервенција. Најголемата тешкотија беше доминацијата на селанството. Тоа беше разлутено од националното прашање. Иако украинскиот јазик е многу близок до Рускиот и двата народа делеа заедничка историја со векови (Киев беше главен град на старата Руска), сепак Украинците формираа посебен народ со свој јазик, култура и национален идентитет, факт кој не го признаваа великорусите кои традиционално ги нарекуваа Украинците за "Мали Руси".Националната поделба на Украинците коинцидираше во голема мера со класната поделба во украинското општество. Додека 80% од населението беа селани кои говореа украински, голем дел од урбаното население беа Руси. Затоа, болшевиците имаа силна подршка во градовите, но екстремно мала во селата. Судбината на украинската револуција висеше на решавањето на овој проблем. Слабоста на болшевиците е што тие им изгледаа како партија на "Руси и Евреи". Како и да е, револуцијата се случи и во Украина, класната диференцијација неизбежно се отвори внатре во селанството и се рефлектираше во поделба во старите традиционални украински национални организации. Најважна е еволутивната промена на боротбистите, украински еквивалент на Руските Леви Социјал Револуционари, кон левицита. За време на граѓанската војна боротбистите ги здружија силите со болшевиците во битката против Белите (Петлјура). Покрај сомнежите на украинските болшевици Ленин инсистирајќи побара тие да се приклучат кон боротбистите. По многуте проблеми, боротбистите конечно се фузираа со Комунистичката Партија, па со тоа давајќи и на партијата првпат масовна база во украинското селанство. Тоа беше пресудно за победата на револуцијата во Украина.Точно е дека потоа следеа многу проблеми со "националистичките" девијации во украинската партија. Но тие беа надминати со трпение и дипломатија, секогаш присутна во политиката на Ленин и Троцки за националното прашање. Како и да е, со подемот на Сталин и бирократската дегенерација на советската држава,  енормно се влоши незадоволството во Украина. На Дванаесетиот Конгрес на Партијата во 1923 Раковски ја предводеше борбата против растечкиот стремеж кон бирократија и великоруски шовинизам. Во храбриот говор на конгресот, Раковски јасно ги идентификува извориштата на проблемот со зборови во кои одекнуваа самите Ленинови: "Сталин само остана на прагот на објаснението," тој објави. "Има второ, поважно објаснение, воглавном во фундаменталното несогласување помеѓу нашата партија и нашата програма на една страна и нашиот државен апарат на другата. Ова е централното, круцијалното прашање." (Ибид.)И тој продолжува: "Нашите централни авторитети почнуваат да ја гледаат администрацијата на целата земја од гледна точка на лагодност. Јасно, тешко е да си администратор на двеасет републики, па колку лагодно ќе биде ако сите тие се обединат. Од бирократско гледиште, тое ќе претставува полесно, попросто и попријатно." (Ибид.)Концентрацијата на моќта во рацете на привилигираната нова аристократија од бирократи имаше катастрофални последици врз националното прашање во СССР. Бирократската авантура на присилена колективизација имаше разурнувашки поседици низ целиот Советски Сојуз, ама никаде толку страшни како во Украина. Сталиновите чистки започнаа најпрво во Украина, поради распространоста на отпорот на тоа лудило кое ги принудуваше масата на селани Украинци во опозиција. Тоа пак се одрази на опозицијата во рамките на Украинската Комунистичка Партија. Помеѓу 1933 и 1936, Сталин ја десеткуваше украинската партија. Само за една година, во 1933, беа исчистени половина од сите регионални партиски секретари. Многумина од овие исчистени беа подржувачи на Сталин, како Скрипник, стар болшевик и угледен лидер на украинаската партија, кој се самоуби во 1933 како протест на чистките. Ова беше само првиот удар. Во 1938, на врвот на Московските Судења, се исчистија близу половина од сите секретари на партиските организации. Тоа беше предупредување дека ќе се толерира само комплетна послушност на московската бирократија.Од неговиот странски егзил Троцки ги следеше сите овие алармирачки настани. Забележувајќи дека Чистките највеќе ја погодија Украина отколку другите Републики, тој заклучи дека угнетувачките мерки на руската бирократија ќе предизвика нетолерантна рана на врската меѓу Украина и остатокот на Советскиот Сојуз. Опасноста од повторното раѓање на контрареволуционерниот украински национализам нему му беше јасна. Во дадените услови, таквиот тренд ќе најде силно ехо во селанството. Троцки веќе го предупредуваше светот на неизбежноста на нова светска војна во која Хитлер ќе се обиде да го освои Советскиот Сојуз. Под тие услови, украинското прашање имаше живо, врело значење за иднината на светот.Само под тие особени услови Троцки тогаш ја исфрли паролата за независна Советска Социјалистичка Украина. Неговите интенции беа сосема јасни: да се пресечат корењата на украинските буржоаски националисти кои се обидуваа да ја одделат Украина од СССР на реакционарна основа, што значеше неизбежно предавање на колосалниот земјоделски и индустиски потенцијал, Украина, на Хитлер. Троцки разбираше дека политичката револуција ќе го доведе во ред и националното прашање. И тој разбра дека работите отишле дотаму да е невозможно да се спречи отцепување на Украина од присилниот сојуз, кој сега ги потсетуваше масите на насилство, страдање и национално понижување. Задачата на украинските болшевици-ленинисти, затоа, беше да му дадат на украинското национално движење социјалистичка, а не буржоаска содржина.Успешната револуција во Украина ќе имаше големо влијание во Русија и во соседните земји, пред се, во Западна Украина, која гниеше под петицата на бонапартистичката диктатура на Пилсудски во Полска. Обединувањето на Украина на основа на независен советски социјалистички режим ќе значеше пад на Пилсудски и почеток на социјалистичка револуција во Полска. Ова пак ќе ја охрабреше германската работничка класа за се завртат против Хитлер. Како и во 1919, Украина претставуваше "клуч за светската револуција." Да дојдеше украинската работничка класа на власт, дури и да значеше тоа и отцепување од Русија, вратата за федерација со Русија ќе беше отворена за понатака. Но, работите отидоа по друг пат од оној што го предвиде Троцки. Втората Светска Војна ги докрајчи неговите перспективи.Кога Сталин во 1939 го потпиша познатиот Пакт со Хитлер и ја испрати Црвената Армија да окупира дел од Полска, вклучувајќи ја и Западна Украина, Троцки предупреди дека Хитлер неизбежно ќе го прекрши Пактот и ќе го нападне СССР. Во таква ситуација, националното незадоволство во Украина ќе створи смртоносни закани по Советскиот Сојуз: "Хитлеровата политика е следна: воспоставување на точно одреден поредок во неговите освојувања, едно по друго, и креација со секое негово ново освојување на нов систем на 'пријателства'. Во сегашната фаза Хитлер ја предава Велика Украина на неговиот пријател Сталин како привремен депозит. Во следната фаза тој ќе го постави прашањето кој е сопственикот на таквата Украина: Сталин или тој, Хитлер." (Троцки, Дела, 1939-40.)Тој предупреди дека националното угнетување на Украинците од великоруската сталинистичка бирократија ќе ги одведе Украинците во Хитлеровите прегратки. Токму поради оваа причина, а во дадениот историски контекст, Троцки го исфрли слоганот за независна советска Украина, како средства за соборување на реакционерниот украински буржоаски национализам и придобивајќи ги украинските работници и селани на идејата за советска власт. Во предвечерието на Втората Светска Војна тој напиша:"Прогерманската ориентација на дел од украинската мисла сега едновремено ќе го открие својот реакционерен карактер и својот утопизам. Преостанува само револуционерната ориентација. Војната ќе ја расбесни брзината на начинот на развиток. Со цел да не не фатат неподготвени, потребно е да се заземе навремено јасен став за украинското прашање." (Ибид.)Во 1941, точно една година по атентетот врз Троцки извршен од сталинов агент, Хитлер го нападна Советскиот Сојуз, баш како што предвиде Троцки. И како што се плашеше, многу Украинци, претежно селаните, гледаа на Германија со степен на надеж или барем резигнација. Но, тоа набрзо се промени како резултат на глупавата расистичка политика на Нацистите, со нивното лудило за "инфериорни раси". Да беше Советскиот Сојуз нападнат од Американците со ефтина стока во нивните товарни возови, исходот можеше да биде сосема различен. Но, Хитлеровата војска не дојде со ефтина стока туку со гасни комори. Како резултат на тоа, масата на население, не само од Украина туку од целата СССР се здружи против нацистичките напаѓачи. На крај, бројот на колаборатори-предавници беше мал, дури и во Украина. И покрај злосторствата на сталинизмот, тие го гледаа како помало зло.Важно е дека Троцки ја сметаше Украина за посебен случај. Тој начелно го исфрли слоганот за "независна советска Украина" поради посебни причини. Тој никогаш не го исфрли истиор слоган за било која друга република на СССР. "Чак што више", овој слоган повеќе не е применлив за Украина. По колапсот на Советскиот Сојуз Украина, заедно со сите други поранешни републики, се здоби со независност. Но, по десет години на искуство од благословот и на независноста и капитализам, масите на Украина, сега не ги посакуваат ни двете. Тие тоа го заклучуваат од страшниот економски и културен колапс кој резултираше од тоа. Сега постои силни и растечко расположение во корист на повраток на Советскиот Сојуз. Се разбира, Украинците сакаат демократски права, вклучувајќи автономија да ги водат своите работи и почит за нивните прави национални аспирации, јазик и култура. Тие сакаат да ги сметаат за еднакви, не второкласни "мали Руси". Со други зборови, тие сакаат вистинска Социјалистичка Федерација, основана на ленинистички принципи. Таква е и нашата програма. Будалесто е да се продолжи, во сегашните конкратни услови, со стариот слоган за "независна советска Украина". Тоа ќе не направи поназадни дури и од просечниот Украинец, кој мисли дека  независноста не нуди решение.Уште поглупаво би било да се обидеме да го примениме стариот Троцкиов слоган по механички пат на Косово, како што се обиде една секта. Откако се зацапале на една фраза од делата на Троцки од 1930тите, тие како папагали ја повторуваат, без ни малце да разберат зошто Троцки го истакна тој слоган или што тој значи. Дијалектичкиот метод, кој го корисеа Ленин и Троцки, се состои од елементарниот став дека "вистината секогаш е конкретна". Ние веќе ги објаснивме посебните причини зошто Троцки во овој посебен случај (и само во овој посебен случај) начелно го истакна овој посебен слоган. Но, во случајот за Косово, по околу половина век подоцна, тој слоган нема никаква врска со овој случај.Ние ќе го објасниме нашиот став за косовското прашање на друго место (го објаснивме многу пати порано). Распаѓањето на Југославија, како и распадот на Советскиот Сојуз, беше потполно реакционерен, кој ние не можеме да го подржиме. И како и секогаш на Балканот, позади секое национално движење секогаш стои некоја од големите сили да ги влече конците. За големите сили, малите нации се толку многу мал ситниши кои се користат цинично и се занемаруваат нивната волја. Решавачки фактор во оваа равенка беа маневрите на империјализмот на САД, маскиран под знамето на НАТО. ОВК е целосно реакционерно движење, кое, во овој случај, беше локален агент на американскиот империјализам. Во дадените услови, како што неуморно повторуваме од почетокот, војната на Косово, демек водена под знамето на "самоопределување" за Косово, може само да заврши во поставување на американски протекторат на Косово. И тоа и се случи. Ако има сеуште некои толку слепи да не можат да го согледаат ова, ние жалиме за нив.Што има ова врска со самоопределувањето, сакаме да знаеме? На кој начин сегашната омраза ја помага каузата на работничката класа и социјализмот? ОВК, која е организација главно од гангстери, вклучени во криумчарење на дрога, заштитнички ракети и систематско убивање на Срби, Цигани и други национални малцинства, се обидува да се докопа на власт со надеж дека подоцна ќе се здобие со независност. Но, тоа е невозможно. Независно Косово ќе значи војна на Балканот, вклучувајќи ја не само Југославија, туку и Албанија, Македонија, Грција, Бугарија и Турција. Од тие причини американските империјалисти се против тоа. Но, како вели изреката "fools rush in where angels fear to tread 11". Па што ако ова води во сеопша војна на Балканот?-се дерат секташите. Важно е дека Косово е независно! Доволно лошо е ова лудило. Но, потоа други секташи, кои се полуди, пак, додаваат нова и многу оргинално испревртување: "Независност, да, но мора да биде советско и социјалистичко!"Навистина, баш е штета што генералите од НАТО не ги погледнуваат овие дела на ваквите сезнајковци, па нели совршено е јасно дека од време на време и ним и треба малку лесна разонода. Стомакот ќе ги заболи американските генерали од смеење. ОВК беше и е ништо без армијата на САД позади неа. Таа е, затоа, помошна рака на војската на САД. Како таква, таа нема никакво независно значење. Само заради силата на војската на САД, ОВК влезе "херојски" на Косово. И само со американско допуштање и е дозволено да оперира. Ако, а можно е, ОВК излезе од колосек, набрзо ќе се соочат со тоа. Стварноста е таква да империјализмот владее сега со Косово и ќе остане така долго време, бидејќи тие не можат да се повлечат така лесно. Тоа е конкретната стварност на Косово. Тоа е тоа "самоопределување" кое го донесоа американските бомби. Да се очекуваше нешто друго беше целосна заглупавеност. Ама, имаше такви кои себе си се нарекуваа марксисти кои ја подржуваа оваа акција, ма како, тие ја бараа. Еден од овие господа ("марксистички теоретичар" ако некој верува во тоа што тие го зборуваат) чак му пиша на Робин Кук, британскиот министер за надворешни работи, барајќи НАТО да ја бомбардира Југославија. Да, сите тие беа за "самоопределување" и "независност" , па дури и за "независно социјалистичко Косово". Но сега, соочени со конкретната реалност на новата империјалистичка енклава на Балканот и на одвратниот спектакл на порано угнетуваните националности убивајќи ги и угнетувајќи ги другите националности, што може да кажеме?Националното прашање е стапица токму за оние кои не размислуваат за нештата се до нивниот крај. Освен ако имаш цврста класна позиција, ти секогаш ќе завршиш со смена на едно угнетување со друго. Косово е само уште еден пример за тоа.

Националното прашање и сталинизмот

Ленин објасни дека националното прашање во крајна линија е прашање на лебот. Брзиот економски развој на СССР, овозможен од национализираната планска економија, значеше драматично зголемување на животните стандарди и културното ниво на сите народи на Советскиот Сојуз. Најголемите напредоци беа постигнати во најназадните републики на Кавказот и Централна Азија. Помеѓу 1917 и 1956, севкупното индустриско производство на СССР се зголеми за повеќе од 30 пати. Но, истото во Казахстан се зголеми за 37 пати, Киргизија 42 пати, Ерменија 45 пати. Сличен раст е забележан и во Узбекистан, Таџикистан, итн. Но, покрај овие импресивни постигања, националното угнетување сеуште постоеше во Советскиот Сојуз. Но пофалбите на бирократијата беа неосновани. Следи еден типичен:"Сојузот на Советски Социјалистички Републики, вид на мултинационална држава непозната претходно во историјата, е основана на принципите на братската соработка и взаемната доверба. Населена е од социјалистички нации (?), Руси, Украинци, Грузици, Узбеци и други. Тие се нации од нов вид (?) кои немаат слични во минатото. Тие се нации на работни луѓе ослободени од било кој вид на угнетување и експлоатација. Тие се поврзани со морален и политички сојуз и со вистинско пријателство на луѓето градејќи ново општество. Овие нации имаат нов морал и политичка градба кои се манифестираат преку заедничка култура, социјалистичка по содржина и национална по форма. Тие се образуваат од страна на Комунистичката Партија во духот на Советскиот патриотизам, пријателство меѓу народите и почит за правата на другите луѓе, во духот на интернационализмот." (Вовед кон Лениновото Прашања за Националната Политика и Пролетерскиот Интернационализам, стр. 11.)Слатките митови на бирократијата која ги претставуваше односите меѓу народите на СССР во идеализирано светло немаа никаква врска со вистинската состојба на работите. Ова не е место да се занимаваме со еволуцијата на Советскиот Сојуз по Лениновата смрт. Ние ја препорачуваме книгата "Русија, од револуција до контра-револуција" на Тед Грант, каде националното прашање во СССР е анализирано до некоја мерка. Излично е да се каже дека монструозниот шовинизам на Сталин и бирократијата служеа да се поткопа солидарноста која постоеше помеѓу рзличните народи на Советскиот Сојуз и така го поплочија патот на распадот на СССР, на штета на сите народи. Невозможно е да се објасни брзината со која колабираше СССР ако некој ја прифати сталинистичката пропаганда во која се е толку перфектно. Вистината е сосем поинаква.Под Сталин, најмонструозните дела се спроведуваа против националните малцинства на СССР. Чистките ја завршија работата почната од Сталин од 1922, ликвидација на она што остана од болшевичката партија. Околу средината на 1937 беше спроведен прогон против Комунистичката Партија во секоја национална република. Голем број на лидери на националните партии беа судени на познатите театрални судење на Бухарин во март 1938. Лидерите ги обвинуваа обично за "буржоаски национализам" и погубувани. По ова, беше отворен патот за масовни апсења и депортации. Точниот број на жртвите на Сталиновите Чистки најверојатно нема да се знае, но ќе се бројат се разбира во милиони. Не е никаква утеха на Украинците, Грузиците, или Ерменците дека и рускиот народ страдаше не помалку грозоморно. Сталиновиот екстремен руски национализам се собра во говорот што се објави во Правда на 25 мај 1945, кадешто тој изјави дека рускиот народ бил "најистакната нација на сите нации на Советскиот Сојуз" и "водечка сила" за СССР. Следствено, сите други националност биле второ-класни кои мораат да ја прифатат "водечката улога" на Москва. Таквата концепција го руши делото и духот на ленинистичката политика по националното прашање.Најмонструозен криминал спроведен од Сталин беше масовната депортација на националностите за време на Втората Светска Војна. За време на војната, цели седум народи беа депортирани во Сибир и Централна Азија под најнечовечки услови. Таква беше судбината на Кримските Татари, Германците од Волга, Калмиците, Карачаите, Балкарите, Ингушите и Чеченците. НКВД, Сталиновата тајна полиција, ги обиколи сите, мажи, жени и деца, стари и болни, комунисти и синдикалци, и им нареди преку нишан да се качат во запрежните коли и да понесат она што може да го носат. Голем дел умре при преминот или по пристигнувањетом од студ, глад или исцрпеност. Војниците кои се бореа на фронтот, дури и тие што беа наградени за храброст, беа истотака уапсени и протерани. Наследството на оваа горчина создадена од овој одвратен чин, варварско дело на национално угнетување, трае до ден денес. Се одрази при распадот на Советскиот Сојуз и кошмарот во Чеченија.Побудата за русизација на неруските народи се покажа при составување на "комунистичките" партии на репибликите. Во 1952, само половина од сите водечки јавни личности во Централна Азија и балтичките републики беа од локалната националност. На другите места, пропорциите беа дури помали, На пример, во молдавската партија само 24,7% беа Молдавци, додека само 38% од регрутите на таџичката партија во 1948 беа Таџици.Една од најодвратните особини на сталинизмот беше антисемитизмот. Болшевичката Партија секогаш се бореше против антисемитизмот. Следуваше дека Евреите ја гледаа Октомвриската Револуција како нивен спас. Болшевиците им дадоа на Евреите еднакви права и целосна слобода. Нивната култура и јазик беа охрабрувани.Тие дури формираа автономна република, та сите Евреи кои сакаа одделна земја да ја добијат. Но под Сталин сета стара расистичка прљавштина оживеа. Евреите повторно станаа вечни виновници за се. Дури во 1920тите, Сталин се подготви да употреби антисемитизам против Троцки. Бидејќи Евреите формираа голем дел од старите болшевици, тие страдаа највеќе во Чистките. По Втората Светска Војна, имаше антисемитска кампања, само делумно преоблечена во смоквини лисја како "ционисти" или "безмилосни космополитанци", зборови кои просто значеа "Евреи". Познатата случка "Доктор Плот" во која беа обвинети лекари од Кремлин, дека наводно сакале да го отрујат Сталин, беше сигнал на проѕирната антисемитска кампања, бидејќи сите обвинети лекари беа Евреи. По прогласувањето на државата Изреал во 1948 (првично подржана од Москва), сериозно се притискаше врз еврејската култура, до тогаш толерирана. Сите публикации на Јидиш беа затворени, а затворен беше и еврејскиот театар. Во 1952, година пред да умре Сталин, беа застрелани речиси сите лидери на еврејската култура и уапсен голем дел на Евреите. Само смртта на Сталин спречи нови Чистки. Дури и денес, во така наречената "Комунистичка" Партија на Зјуганов присутни се елементи на антисемитизам. Ова, самото, е доволно да се покаже амбисот што ги разделува сталинизмот (и неосталинизмот) и вистинскиот ленинизам.Сега, конечно, сите кокошки се вратија дома кај петелот. СССР се распадна со војни и конфликти. "Човекот учи додека е жив"12, Ленин сакаше да додаде. А животот самиот ги научи народите на Советскиот Сојуз на многу горчливи лекции. Падот на Социјализмот во една Земја отиснат е на носевите на Бирократијата, која е сега презафатена од трансформрањето на себе си во нова класа на капиталистички експлоататори. Никој во современата епоха не може да го игнорира фактот дека светската економија е детерминирачки услов. "Социјализмот во една земја" се разобличи како реакционерна утопија.Сегашните кошмари на стопански колапс, војни и етнички конфликти се отровни наследства на со декади тоталитарната бирократска власт од Москва. Сепак, капитализмот не нуди излез за поранешните републики на СССР. Формалната независност не реши ништо за нив. Напротив. Прекинот на врските што постоеа помеѓу сите нив за заеднички план на производство доведе до колапс на трговскиот и стопанскиот раст, со страшни последици за масите. Повеќето од народот безсомнение ја преферира претходната состојба отколку денешната мизерија. Реконституција на СССР ќе биде прогресивен чин, но враќањето кон системот на старата бирократија нема да биде долготрајно решение. Сите стари контрадикции ќе се вратат и ќе се случи повторно нова криза. Она што е потребно е повраток на оргиналната програма и идеите на Ленин и Троцки: демократски режим на работничка (советска) власт во која работните луѓе од сите репиблики можат да основаат Социајлистичка Федерација базирана на вистинско единство и братство и ниту една нација да не надвладува над другите.И покрај се, перспективите за социјалистичка трансформација на општеството сеуште остануваат. Но, иако мртовечката насока во минатиот период постои, Русија не е повеќе назадна неписмена селанска земја од 1917. Штом работничката класа ја превземе власта во свои раце, изгледите ќе бидат барем придвижување кон социјализмот, иако конечната победа може да се постигне само во светски размери. Сепак, Русија и земјите на ЗНД имаат гигански продуктивен материјал, не помалку и високообразовани работни сили, клучен фактор за развој на новата технологија базирана на информатика(информатичка технологија) Капитализмот покажа дека е неспособен да го насочи овој потенцијал. Но, демократски национализирано планско стопанство може набрзина да ја трансформира целата ситуација.На основите на современата економија, каде работничката класа е веќе прекумерно мнозинство во општеството, демократски социјалистички план за производство кое ќе ги сврзе изобилните природни, човечки и технолошки извори на така големата територија ќе произведе такво изобилие што за речиси релативно кратко време сите стари национални ривалства и сомневања ќе се повлечат во незначајност, како лошо сеќавање од минатото. Патот ќе биде отворен за слободно мешање на народите во слободна социјалистичка Заедница, со се она што значи за човековиот културен напредок. Таквата визија за иднината е бескрајно многи поинспиративна отколку тесните и во суштина мизантропски утопии на национализмот.

Дел Пети: Националната држава денес

Во класичниот период на буржоаски револуции во Европа, приближно од 1780 до 1871, естаблишментот на националната држава имаше релативно прогресивна улога во рушењето на локалните партикуларизми, смачкувањето на остатоците од феудализмот и поставувањето на основите на развојот на продуктивните сили врз националниот пазар. Но, денес ситуацијата е сменета. Средствата на производство одамна го преминаа тесните граници на националната држава. Во денешно време, националната држава престана да има прогресивна улога. Наместо за развој на средствата на производство таа е кочница на средствата на производство. Тоа имплицитно го признаваат и буржуите. Формирањето на Европската Унија беше прифаќање од страна на европската буржоазија дека пигмејските држави на Европа не можат да се натпреваруваат во минатото со двата џина империјалистичката Америка и силната сталинистичка Русија. Но формирањето на ЕУ не ги укина европските национални држави. Напротив. Старите национални антагонизми продолжуваа со постоењето, покрај германскиот империјализам кој доминира денес во Европа по Франција, како втор партнер. Но националните антагонизми продолжуваат да постојат и на основата на светски пад тие ќе се интензивираат.Апологетиците на капитализмот сакаат да ни претстават розева слика за таканаречената глобализација, свет ослободен од контрадикции, чудесно напредувајќи кон поголеми слободи и либерализација. Но вистината е многу поразлична. Светот не станува глобализиран на начинот на кој тие се преправаат. Прво, се стреми да го подели светот на три ривални империјалистички блока. САД ги контролираат Канада и јужна Америка. Во Азија во блокот на послабиот ен13 доминира Јапонија. Европската Унија, со која доминира Германија, исто така доминира со голем дел од колонијалниот свет во Африка, Средниот Исток, Источна Европа и Карибите. Антагонизмот помеѓу овие ривални империјалистички блокови сега е интезивен како што бил и во некое друго време во историјата. Сега нема изгледи за светска војна заради доаѓањето на страшните средства на деструкција-нуклеарните, бактериолошките и хемиските оружја , средства кои големите сили ќе ги употребат само за сметка на заедничката анихилација. Но, тука е разјарената битка за пазари, која недвосмислено води до војна во еден па во друг регион. Доволно е кажано за борбите за сфери на влијание, пазари и пристап за фабулозните минерални богатства на регионот кој доведе до катастрофална епидемија на војни во Централна Африка. Генерално, тие се презентираат како резултат на борбата меѓу племиња и суров варваризам кој го носат Африканците. Но, на дело позади повеќето од овие конфликти можеме да го видиме ефектот на борба помеѓу САД, Франција и Британија да стекнат упориште во Африка.Светот опишан во Лениновиот Империјализам доволно добра рефлексија на сегашната светска ситуација. Постои интензивна борба за пазарите помеѓу империјалистичките сили, па дури и за оние најмали пазари. Ова е доста различно од спокојната слика за убаво глобализираниот свет во кој сите контрадикции се разрешени. Вистина е дека империјалистичките сили се борат како кучињата по коска. Доволно е да се ѕирне картата на Африка да се види како криминалот на империјализмот брутално го дисторзирал животот и еволуцијата на милиони човечки животи. Тука границите се прави линии нацртани на картата со помош на линијарот. "The economist" ја опишува ситуацијата доста прецизно: "Европските бирократи повремено спојувале 10000 различни племиња и нации во само неколку дузина колонијални речиси држави." Сегашните војни што се случуваат во централна Африка се , де фацто, наследство од тоа монструозно обликување кое ги пресече сите природни географски, лингвистички и племенски поделби. Тоа е хорор без крај во сериај земји: Конго, Руанда, Бурунди, Сиера Леоне со елементи на варваризам. Еден чланок од "The Economist" говори за војната во Сиера Леоне: "Децата ги убиваат своите родители, канибалистичките банди крстарат по пределите, владее хаос, цвета варваризмот, Сиера Леоне е последната африканска земја која се распадна во крвав хаос. А добивката можеби е досега најлоша."Империјалистичкото обликување на Африка беше монструозен чин. Но сега, преку сто години подоцна, серија од национални држави се осниваат во Африка. Задачата да добијат вистински демократски, рационален и прогресивен карактер различните држави од постколонијална Африка, е задача која може да ја изврши само пролетеријатот еднаш кога конечно ќе ја сруши доминацијата на империјализмот со неговите локални канцелариски момци. Вистинска независност и способност да се исправат пред сите обиди на странска доминација може да се постигне само со обединување на поделеното тело на Африка на основа на заеднички социјалистички план на произвотство. Колективната експлоатација на огромното природно богатство на континентот, неговиот голем земјоделски потенцијал и рудните изворишта, може да ги трансформираат животите на народите и со тоа да стават крај на кошмарите на племенскте и етничките неволји. Ама обидот да се пререди гужвата на капиталистички основи, да се изменат постоечките граници со војна, може да имаат разрушувачки последици и дури да водат право кон варваризам. Да се понуди перспективата пред милиони очајни луѓе дека со измена на границите можно е да се решат нивните најитни проблеми, е злобна измама.Никаде не е јасна така злоупотребата на слоганот за  само-определување какошто е во Африка. Со слоганот за  само-определување во Африка повторно и повторно се манипулира за реакционерно цели, да се ослабат одредени држави со отцепување на провинции богати со рудни богатства , со кои големите сили и големите мултинационални компании може полесно да доминираат. Во секој случај , империјалистите се вмешани. Постои титанска борба помеѓу американските и француските империјалисти за пазарите во Африка. И, имитирајќи го големите волци, малата британска пудлица со обидува да се вмеша во Сиера Леоне, иако не може да се очекува некаков успех.Покрај сите тие убави говори за либерализацијата и демократијата, факт е дека империјализмот продолжува со разјареното угнетување и експлоатација на бившите колонијални народи. Ниската цена на суровините во изминатите пеесет години имаше значајен удел во економскиот раст на Западот. Самото тоа покажува на ограничувањата на националната држава. Факт е дека на основа на капитализмот, постигнувањето на формалната независност, кое е самото прогресивен развој, не може да реши ништо. Колонијалните нации, теоретски газди на своите домови, во реалност се потполно потчинети на светскиот Пазар, односно на империјализмот.По Втората Светска Војна бевме сведоци на енормниот потик на колонијалната револуција . Ова беше можеби најголемото движење во човековата историја на угнетените луѓе. Ова беше големо разбудување на колонијалните народи, на Кина, на Африка, на Средниот Исток, Индонезија, на Индија, на Пакистан. Ова беше вдахновено движење на милиони поранешни колонијални робови против нивните господари, борејќи се за својата национална еманципација. Причините зошто сите марксисти ја подржуваа колонијалната револуција беа очигледни. Тоа беше револуционерно движење, удар против империјализмот, кој ги подигна масите и ја унапреди класната борба. Сепак по 50 години, ако ги земеме на пример Индија и Пакистан, што реши буржоазијата? Тие имаат формална независност, но под капитализмот, ова воопшто не изгледа на независност. Екс-колонијалните земји се впрегнати на Светскиот Империјализам преку механизмите на светскиот пазар. Фактички, тие се заробени повеќе сега отколку пред 50 години. Единствената разлика е дека наместо милитарна, бирократска власт сега има индиректна власт, во вид на трговија, односно размена на повеќе труд за помалку, и преку задолжувањето.

Паѓањето на цените на стоките и долгот

Колапсот на Азија се одрази на светските пазари во општ пад на цените на стоките вкличувајќи ја и нафтата. Само во 1998, цената на нафтата падна од приближно $20 за барел на помалку од $10 за барел. Ова е завршен водич за револуција во секоја земја произведувачка на нафта. Навистина, цената беше опоравена како резултат на дозволата на Саудиска Арабија и другите нафтени произведувачи да го ограничат произвотството. Но овој ефект нема да трае вечно, посебно зошто повеќето од овие земји зависат исклучиво од нафтата како нивна странска заработувачка. Тие немаат други извори на приход. Целата историја на картелите покажува дека порано или подоцна земјата ќе се обиде да продава се повеќе нафта и целата работа ќе пропадне. Истото важи и за суровините.Поранешните колонијални земји се подложени на двојна експлоатација. Преку долгот метрополските земји исто така ги цедат колонијалните луѓе. Пред 10 години акумулираниот долг на колонијалниот свет беше приближно 800 милијарди долари. Долгот во потполност е исплатен. Од 1990 до 1997 само за сервисирање на долгот , односно тоа се интересните стапки, колонијалниот свет исплатил 1,8 трилиони долари (1,8 * 1000 000 000 000) А тоа е речиси двојната сума на долгот. А што се случи со акумулираниот долг? Во 1994 се движеше околу 1,4 трилион долари, а во 1997 застана 2,1 трилиони. Никогаш нема да се исплати.Во Нигерија 95% од странските приходи се од нафта. Во 1997 Нигерија заработи 12 милијарди долари од продажбата на нафта. Во 1998 ја смали на 6,8 милијарди. Овој ужасен пад не беше компензиран со следечкиот пораст на цената на нафтата. Нестабилноста што се раѓа од дивите нишања на цените на нафтата се одразува на растечката социјална и политичка нестабилност. Во секој случај, најсиромашниот дел на општеството не извлекува бенефит од порастот на цените на нафтата, ама страда од најлошите последици кога цените на истата ќе паднат. Нигерија, која беше една од најбогатите земји на Африка, сега е една од најсиромашните на светот, според Обединетите Нации. Оваа ситуација ја подгрева жешката социјална атмосфера, а најосто се изразува во изразувањето на растечките антагонизми помеѓу различните региони и етничките групи.Ако работниците не успеат да ја земат власта и да ја трансформираат Нигерија на социјалистичка линија, ќе биде кошмар. Постојат барем 120 етнички групи во Нигерија, вклучувајќи го трите најголеми нации доминантната Хауса на северот со исламска вероисповест и кои традиционално доминираат во државата и ги угнетуваат другите две главни нации, Јоруби и Ибо на југот и истокот на земјата. Војната на Биафра, во која се вклучија империјалистите со цел да ја поделат Ибо област, водеше во крвава страшна кланица. Ако Нигерија се срушеше на национални линии ќе беше поужасно, а со тоа ќе ја направеа Војната на Биафра незначајна за споредба. Да се брани правото на само-определување во таква ситуација не само за главните нации на Нигерија туку и за малите племенски групи, како што една секта и правеше, е највисока неодговорност.Националното прашање и во Индонезија е многу значајно и исправната позиција ќе биде важна за индонезиските марксист како што беше важно за руските болшевици. Ако пролетеријатот на Индонезија неуспее да до посочи патот напред преку социјалистичка револуција , растурањето на Индонезија ќе стане реална можност. Земајќи ги предвид мешаниците на разните раси и религии, последиците ќе бидат толку ужасни да неможе да се замислат. Крвавите настани во Источен Тимор се само предупредување што може да се случи со народите на Индонезија. Сега ги следиме итните убиствените меѓуетнички проблеми во Акех, Молука и другите острови. Силите на реакцијата на воените врвови, на земјопоседниците, капиталистите и членовите на стариот режим, соочени со загубата на нивната моќ и привилегиите нема да се двоумат да ја втурнат Индонезија во кошмар на хаос и крвопролевање за да го поделат и дезориентираат масовното движење. Само со вешта програма која ги признава националните права и аспирации на народите на архипелагот со програма за обединување на работниците и сиромашните селани од сите националности и религии за експропреирање на земјопоседниците и капиталистите , само тогаш може да се најде излез.

Колонијалната револуција денес

Причината зошто колониајлната револуција се јави во таков искривен облик, со монструоазните аберации како пролетерскиот Бонапартизам, е заради одолговлекувањето на пролетерската револуција а Западот на една страна и отсуството на силни марксистички партии од друга страна. Да постоеја такви партии , ќе беше целосно возможно да се спроведе револуција  на класични основи. Па и Русија беше екстремно назадна земја во 1917 г., полуфеудална и полуколонијална земја и во исто време и империјалистичка сила. Во земја со 150 милиони луѓе, само 3,5 милиони беа индустриски работници, а ако кон нив се додадат и работниците од транспортот, рударите и другите од истата класа 10 милиони. Сепак Ленин се потпра на работничката класа и спроведе класична револуција  во Русија.Без сомнение кога ќе се изградат силни м партии во земји како Пакистан, или Мексико, нема да застране движењето во герилизам или п Бонапартизам. Селанските војни во земјите во развој треба да се сплотат со п ската револуција  , но истите не можат да иммат главна улога. Но, масите во земјите во развој не можат да чекаат додека не се создадат масовни партии, или додека британските или француските работници не ја земат власта во свои раце. Затоа, насилните изливи, востанијата, дури герилските војни, како во Колумбија, се неизбежни во денешната епоха. Во отсуство на болшевистичка партија, колонијалната револуција  може да добие најразлични облици. Тие се одвиваат без да се каже дека м те го подржуваат секое движење на угнетените против империјализмот, посебно ако тоа води до укинување на земјопоседништвото или капитализмот. Но, единствениот начин да се решат проблемите на колонијалните луѓе е преку советски систем таков каков што го смислија Ленин и Троцки во 1917. Под капитализмот нема идење напред. Работничката класа мора да ја земе власта во свои раце. Најитните проблеми на општеството може веднаш да почнат да се решаваат преку национализирање на средствата на производство, под демократска контрола и администрација на работничката класа.Но, во современи услови тоа е недоволно. Интернационалистичката политика е фундаментална потреба. Национализмот не може да понуди пат напред. На пример, ако работниците и селаните на Еквадор ја земат власта во свои раце, а ова е целосно возможно, какошто го видовме тоа во величественото движење минатиот јануари, империјализмот на САД нема да седи со скрстени раце. Вашингтон не сака да се вплетка во копнена војна во Латинска Америка ( и било каде) заради стравот од ефектите дома. Но, тој ќе стори се што е во негова моќ да ја соботира и скрши револуцијата. Не само што ќе ги организира економската блокада и подршката на контра-револуционерните сили во Еквадор, туку ќе ги потикне соседните земји да интервенираат против револуцијата. Веќе имаше една војна во последниве неколку години помеѓу Еквадор и Перу. Империјализмот на САД нема де се двоуми да го подбуцне Фуџимори на нов оружен судир против еквадорската револуција, ако затреба.Клучот за успехот е затоа точна политика. Се бара болшевистичко водство, кое цврст ќе стои на пролетерскиот интернационализам. Оснивачите на научниот социјализам веќе истакнаа во Комунистичкиот Манифест дека, иако по форма национална, п револуција  секогаш е интернационална во суштината. Ова значи дека иако рааботниците од одредена земја можат и мораат прво да се пресметаат со својата буржоазија, не смее да се остане на чисто национална револуција  . Мора да се превземат чекори да се прошири револуцијата преку своите граници или да се соочи со изгледите за пораз и деструкција. Заради тие причини, национализмот и социјалистичката револуција се дијаметрално спротивни и взаемно несогласни концепти.Единствениот начин, на пример  револуциониот Еквадор да се соочи со својот непријател е веднаш да се повикаат работниците и селаните на Перу, Венецуела, Колумбија и цела Латинска Америка да дојдат напомош. Таквиот повик нема да влезе од едно уво и излезе од друго! Целата Латинска Америка е во длабока криза. Тоа е најсликовита претстава на реакционерниот карактер на приватната сопственост на средствата на производство и националната држава. Кога ќе започне револуција  во некоја од земјите на Латинска Америка, таа ќе се стреми да се прошири. Овој процес немерливо ќе биде помогнат од свесната интернационалистичка политика. Во стварноста, националните држави на Латинска Америка се од вештачки карактер. Со овековечувањето на поделбата на народот кој споделува заедничка историја, култура и , со исклучок на Бразил, заеднички јазик, ние ја овековечуваме балканизацијата на Латинска Америка, односно, предусловот за заробување на милиони луѓе и пљачкање на потенцијално просперитетен и напреден континент од империјалистичките ограбувачи.Одамна Симон Боливар ги изложи изгледите за обединета Латинска Америка. Врз капиталистички основи оваа идеа остана неостварлив сон. Но, врз основата на работничката сила, Социјалистичката Федерација на Латинска Америка ќе значи огромна соработка на континентот за добробит на сите негови народи. Ова, пак , ќе ги наелектризира работниците на Северна Америка каде 20% од населението од САД е сега Хиспанијолско. Ќе се постави основата за победа на социјализмот, северно и јужно од Рио Гранде и со тоа на светско ниво.

Палестинското прашање

Националното прашање е круцијално за Средниот Исток, а над се е палестинското прашање. По децении на национално угнетување од страна на израелските империјалисти, палестинските маси ги чувствуваат неправдите, изразено во желбата за нивна посебна татковина. Тоа е нивно неотуѓиво право, кое марксистите ќе го подржуваат и за ќе се борат. Сепак, искуството на изминатите триесетина години треба да ни овозможат да разбереме неколку ствари. Ситно буржоаските националистички лидери на ПЛО ја спроведуваат идејата дека тие можат да постигнат самоопределување со така наречена оружена борба против Израел. Во практиката тоа значеше паѓање на прости чинови како индивидуален тероризам, поставување бомби, киднапирање, превземање на авиони, итн. Сиве овие чинови ни малце не го ослабеа Израел. Напротив. До степен да ги убедат обичните израелци дека тие сакаат да ги "истуркаат Евреите во морето", тие го турнаа населението во прегратките на реакцијата. Далеку од ослабување на изреалската држава, тие ја зајакнаа.Тактиката на водачите на ПЛО ги водеше Палестинците од еден пораз во друг. Првин, тие беа скршени од Кралот Хусеин од Јордан во 1970, иако многу лесно можеа да ја преземат власта во таа земја. Последователно, тие згрешија повторно со истата грешка во Либан и помогнаа во провокацијата за крвава граѓанска војна и изреалско и сириско вклучување во пресметките. И додека продолжуваа со својата разурнувачка тактика на индивидуален тероризам, тие вооопшто не планираа стратегија за востание на масите на Западниот Брег. Кога најпосле изби Интифада, Арафат и неговата ПЛО немаа никаков удел во неа. Палестинската младина мораше да се соочи со моќната изреалска воена машинерија, се разбира невооружена освен со стапови и камења. И покрај тоа, масовното движење на Западниот Брег направи многу повеќе за палестинската кауза за неколку месеци отколку Арафат и компанија за триесет години."Концесиите" што ги понуди Тел Авив воопшто не беа резултат на делата на пребегнатата ПЛО. Тие беа делумно последица на Интифадата, која го шокираше изреалското општество и однесе многу сочувство во целиот свет. Но, тие беа исто така одраз на новата светска ситуација. По падот на сталинизмот, се промени светската рамнотежа на сили. САД се здоби со истакната доминација во светски размер. Тоа значи дека Вашинтон не е толку зависен од Изреал како за време на Студената Војна. Американскиот империјализам има витални економски и стратешки интереси на Средниот Исток, што значи подршка на режимите како тој во Саудиска Арабија и задржување на стабилноста во регионот. Затоа Вашингтон го притисна Тел Авив да постигне компромис со Палестинците и соседните арапски земји. И Арафат со восхит скокна да го прифати тоа што му беше понудено. Неможејќи со декади ни малку да ја унапредат палестинската кауза, водачите на ПЛО со алчност сакаа да уживаат во "плодовите на администрацијата" , која ја освоија луѓето. Она што тие го прифатија е рамно на предавство на националната борба на Палестинците.Вашингтон се надеваше на поставување на стабилност во област преку присилени компромиси. Сепак националното прашање е ноторно непредвидливо и комплексно, а експлозивните ситуации, причинети од империјализмот, од минатото не можат лесно да се расчинат од империјализмот кога тој ќе си го смени мислењето. Какошто британскиот империјализам го создаде Франкенштајн во северот на Ирска, кој сега не може да го контролира, така американските империјалисти сега открија дека, по основањето на држава за користење во Израел, куклата не игра секогаш кога ќе и се повлечат конците. Владеачката класа во Израел има свои интереси, кои можат, но немораат да се совпаднат со оние во САД. Па, така наречениот Мировен Договор на Средниот Исток е во сериозни тешкотии. Ни еден од фундаменталните проблеми не е решен.Како што предвидоа марксистите, договорот потпишан од Арафат и Израелците беше замка за палестинскиот народ. Тоа не е самоопределување туку мизерна карикатура и измама. Новиот палестински ентитет е скратен абортус, со Газа одделена од Западниот Брег и Ерусалим цврсто под израелска контрола. Има многу видови на понижувачки услови. Да бидат работите уште полоши, големиот број на еврејски доселеници останува и игра како постојана провокација на Палестинците. Згора, самонаречената Палестинска Власт е само играчка во рацете на Израел, кој практично сеуште доминира. Условите на арапските маси на Западниот Брег и Газа се полоши од кога и да е, со масовна невработеност, посебно кај младината. Израел може во секое време да ја сврти страницата, па да ја затвара границата, а со тоа да ги лиши Палестинците кои работат во Израел од лебот свој. Работите се влошуваат со тоа што Арафат и неговата дружина се претворија во привилигирана бирократска елита кои се однесуваат како полицајци на Тел Авив, додека ги полнат своите џебови на сметка на обичниот Палестинец.Договорот, со фанфари објавен од Вашингтон, се распаѓа. Со падот на Нетанјаху и изборот на работничка(лабуристичка) влада, Вашингтон конечно се надеваше дека ќе ја наметне својата волја. Но, притисокот на еврејските доселеници, како што предвидовме, ги носеше од една во друга криза. Владата во Тел Авив, без било каков прогрес со Палестинците, се обиде да преговара за договор со Сирија за Голанската Висорамнина. Но, и пред да биде поставено прашањето за враќање на Голанската Висорамнина избија масовни демонстрации во Израел против тоа. Се прекинаа преговорите со Сирија, а ново жариште на непријателство се појави во Јужен Либан.Посериозно, растечкото незадоволство на масите во Газа и Западниот Брег, се стреми да предизвика нова Интифада.14 Тоа е врежано во самата ситуација. Нова Интифата ќе содржи јасен револуционерен потенцијал, под еден услов: да има цврсто револуционерно водство кое стои за интернационалистичкото решение. На основа на национализам, нема решение. Далекувидото водство ќе се стреми да го поврзе револуционерното движење на Палестинците со движењето на израеската работничка класа. ]е објасни дека заедничкиот непријател и на арапските и на израелските работници се израелските банкари и капиталисти. ]е разјасни дека палестинското револуционерно движење не е насочено против израелските граѓани. Систематски ќе бара подршка меѓу израелското општество, помеѓу студентите и прогресивната младина, во фабриките и воените бараки. Централната идеја мора да биде потребата за фундаментална преобразба на општеството, не само во Палестина, туку и во Израел, како единствен излез од ќорсокакот.Судбината на Палестинците е ужасно трагична. Повеќе од триесет години Палестинците се борат за самоопределување и до каде ги доведе тоа на националистичка основа? Комплетна катастрофа и предавство. Урокот е јасен и мора да се научи: националното прашање во Палестина не може да се реши на капиталистичка основа. Единствениот начин да се реши проблемот е со револуционерни средства, со социјалистичка револуција во Израел и социјалистичка револуција во сите околни арапски земји, почнувајќи со Јордан каде ПЛО можеше да дојде на власт пред 30 години, ако водството на ПЛО не ја предадеше револуцијата. Единствениот начин да се реши проблемот е на основата на Социјалистичка Федерација на Средниот Исток со целосна автономија за Палестинците, а исто така и Израелците.Ситно буржоаските циници ќе речат дека ова не било "практично". Но, зарем доволно не ги гледавме "практичните" решенија бранети од овие мудреци во изминатите триесет години и не само на Средниот Исток. Насекаде, без исклучок, овие "практични" политики, кои се сведоа на лудоста на индивидуалниот тероризам и националистичка глупавост, не донесоа ништо освен рушење и предавство. Ние го гледаме истото и кај капитулацијата на курдските националистички лидери на ПКК и распродажбата на Мандела и Мбеки на аспирациите на црниот пролетеријат во Јужна Африка. Ленин, илјада пати, беше во право кога ги омаловажуваше овие т.н. "практични" политики на националистите. Прост факт е дека единствениот излез за Палестинците е на основа на револуционерна, интернационалистичка класна политика. Секоја друга политика куди нови уништувања. Единствена вистински практична програма е програмата на социјалистичка револуција.

Самоопределувањето како реакционерен слоган

Марксизмот нема никаква врска со пацифизмот. Ние не сме против сите војни во принцип и ги признаваме некои војни за прогресивни. Но "се што сјае не е злато". И не секоја војна што се води под паролата за самоопределување има прогресивен карактер. За секој поединечен случај, Маркситите мора да ја истражат точната класна содржина на војната, или националната борба, да се детерминираат чии интереси лежат позади тоа и кои импликации таа ги има по работничката класа и светскиот социјализам. Само тогаш е можно да се определи нашиот став за војната, да се каже дали е реакционерна или прогресивна, и да се завземе позиција во склад со овие определби.За време на американската граѓанска војна, дали ќе беше коректно да се подржи Конфедерацијата на основата на правото на само-определување? Прашањето само по себе се одговара. Под дадените услови, борбата да се задржи Унијата имаше прогресивен и полу-р нерен карактер. Со наметнување на волјата над Југот, северните држави недвосмислено го прекршија правото на Југот за слободно определување на својата судбина. Но таквите разгледувања се потполно секундарни кога ќе се споредат со фундаменталните барања, односно  класните барања. Што стоеше позади барањета за само-определување во тој случај? Сопствениците на робови на Југот. Работничката класа мораше да го подржи Северот, бидејќи одржувањето на Унијата го унапредуваше развојот на капитализмот и со тоа на п от. Ослободувањето на црните робови беше потребен и прогресивен чекор во таа насока. Случајов е многу јасен и никој разумен нема да спори со ова. Но постојат многу други инстанци во кои правото на само-определување е истакнато за целосно реакционерни цели и мора одлучно да се отфрли. На пример, барањето на Северната Лига во Италија дека тие имаат право да се отцепат и конституираат одделна држава има чисто реакционерен карактер.Овие примери се сосема доволни да се заклучи дека националните аспирации и правото на само-определување не се и не можат да бидат апсолутни. Таквото барање, во даден историски контекст, може да има прогресивен карактер. Но може да биде целосно реакционерно и ретроградно. Потребно е во секој случај да се  истражи конкретната содржина, да с еопредели чии класни интереси се вмешани и да се разработи кое ќе бидат ефектите врз општите интереси на работничката класа и борбата за социјализам во интернационални размери. Иако националното прашање е доста комплицирано, обично е доволно да се постави прашањето за конкретни работи за да се дојде до коректната позиција. Во 1991 година, на самиот почеток на колапсот на Југославија, авторите на овој документ учествуваа во дебата со неколку самопрогласени марксисти, меѓу нив еден го прекина Тед Грант довикувајќи од позадината на салата: " Кој е вашиот став за само-определувањето на Хрватска?" Тед набрзина одговори со прикладно контрапрашање: " На што мислите? Мислите, дали ние ги подржуваме усташите или четниците?" Критизерот повеќе не постави други прашања.Секој кој и малку ја познава историјата на војните и дипломатијата (двете блиску поврзани) знае дека треба да се излезе од маглата на лагите и полувистините со кои едната или другата страна се обидува да го измами јавното мислење во однос на природата на војната и да ги разголи вистинските воени цели на непријателските страни. Јад ги снајдува лицата кои приоѓаат на војната од гледиште на слоганите на дипломатијата! Слоганот на само-определување може да има прогресивна и револуционерна содржина, како објасни Ленин. Но не во секој случај. Има многу случаи кога слоганот за само-определување беше користен за реакционерни цели како прикладно прикривање за империјалистичките интриги. За време на Првата Светска Војна, британскиот империјализам го прати Лоренс од Арабија да ги дигне Арапите против Турците ветувајќи им самоопределување. Лондон им ја вети Палестина на Арапите и симултано на Евреите, а потоа веднаш да ги предаде и двете страни станувајќи нов колонијален господар по Војната. Монструозниот Версајски Договор кој ја зароби Европа и ги подготви условите за нова светска војна, исто така се одвиваше според паролата на нациите на самоопределување. Подоцна, Хитлер го искористи правото на самоопределување на судетските Германци, Хрватите, Албанците и другите да ја продолжи својата политика на империјалистичка експанзија и поробување на народите. Неговиот шеф на полиција Хајнрих Химлер напиша: "... При справување со странските народи на Истокот ние мора да промовираме што е можно повеќе мали национални групи како Полјаците, Евреите (hic!), Украинците, Бели Руси (Белоруси), Кашчубенците и колку што може да се пронајдат други мали националности."Нема ништо особено во тоа. Римјаните многу одамна ја разработија оваа проста формула која така брилијантно ја користеше британската владеачка класа секаде кадешто ќе стапнеше :" Divide et impera"-"Раздели и владеј". Политиката на делење на земјите и местењето на една националност или раса против друга веќе долго време е есенцијална алатка на империјализмот. Како спротивност, револуционерите се залагаа за обединување на работничката класа и сите угнетувани народи против експлоаторите насекаде. Денес националното прашање е многу покомплоцирано отколку во Лениновите денови. Ленин го даваше примерот на Норвешка, која се отцепи од Шведска во 1905. Норвешка беше предадена на Шведска како дел од реакционерниот договор на Виенскиот Конгрес во 1815 по поразот на Наполеон. Тоа не беше доброволен сојуз. Норвежаните се спротивставија и мораа насилно да се припојат со помош на шведската армија. Иако шведскиот и норвешкиот се многу блиски јазици и Норвежаните уживаа голема автономија, тие сеуште патеа од шведската доминација. Во август 1905, норвешкиот парламент заклучи дека шведскиот крал повеќе не е крал на Норвешка и народот на референдумот гласаше за одвојување од Шведска. За ова Ленин напиша: "Овој пример ни покажува врз кои основи сецесијата на нациите е возможна и навистина се случува, под современите економски и политички односи, и формата што сецесијата ја добива под условите за политичка слобода и демократија." (ЛСД, Правото на нациите на само-определување)Фактот што шведските работници го бранеа демократското право на Норвежаните да се одделат го разоружа реакционерите кои, по некои првични колебања, одлучија да не интервенираат. Тоа служеше да се консолидира солидарност  меѓу норвешките и шведските работници. Но, иако Ленин ова го сметаше за модел како треба да се решава националното прашање, ова е де фацто историски исклучок. Обликот во кој се претставува националното прашање денес има различен карактер. И самиот Ленин често истакнуваше дека м те ја завземаат положбата за ова согласно конкретните услови на секој случај. Она што се случи во Норвешка во 1905 е просто и детска игра во споредба со ситуацијата во Северна Ирска , Либан или Балканот денес. Норвешка беше етнички хомогена земја без такви компликации. Норвежаните само го дадоа гласот во Парламентот и тие ја добија независноста. Проста работа. Тоа нема никаква врска со ситуацијата каква што е во С. Ирска, каде населението е поделено и повлекувањето на британските трупи ќе значи религиозна војна помеѓу католиците и протестантите. Какошто ќе видиме, доста појасен пример е поблиската историја на Балканот.

Злобното Погрешно Претставување на Марксизмот

Како што покажавме, од гледна точка на марксизмот, национализмот не е нешто ново, нешто од вчера. Постојата огромни томови на литература за националното прашање во делата на Маркс, Енгелс, Ленин и Троцки. Сепак, нема таква област во марксистичката теорија која е победно разбрана и толку многу злобно погрешно претставена. Подобро е да не ги ни спомнуваме сталинистите, чија теорија за социјализмот во една земја самата значи директно напуштање на марксистичката гледна точка. Колку и да изгледа невозможно, денес секоја од секташките групи, која себе се нарекува марксистичка и "троцкистичка", има радикално погрешна позиција за националното прашање.Во случајот со Балканот речиси секоја од сектите ги подржуваше или една или друга група на гангстери, демек на основа на подршка на Лениновата позиција за националното прашање. Посебно, со нивната наводна подршка на "само-определувањето" за Косово тие капитулираа пред империјализмот на САД и постанаа највеселите навивачки лидери на ОВК. Од самиот почеток ние предупредивме дека ваквиот став неизбежно ќе води кон најреакционерни последици. Ние предвидовме дека, далеку од самоопределувањето, реакционерната војна на НАТО против Југославија може само да заврши со воведување на американски "протекторат" во Косово. Денес ги каниме оние дами и господа кои ја подржуваа ОВК со голем ентузијазам да индицираат дали тие сметаат дека сегашната ситуација ја унапредија или повредија каузата за социјализам на Балканот. Од марксистичка гледна точка нема ни трошка прогресивност во сето тоа. Не само што империјализмот на САД си најде цврста подлога за операциите на Балканот, туку ОВК се оддадоа на масовно "етничко чистење" и погроми против незаштитените српски мажи, жени и деца. Ете до какви монструозност води напуштањето на класната позиција за националното прашање.Се разбира, ништо од ова не е ново. Во случајот со Ирска истите тие самоназначени "марксисти" ја подржуваа ИРА во нивната кампања за индивидуалниот тероризам во последниве 30 години. Тоа беше безнадежна капитулација пред национализмот, во потполно прекршување на најелементарните принципи на ленинизмот. И каде се ова водеше? По генерација на така наречена "оружена борба", со повеќе од 3 000 мртви, ИРА не постигна ниту една од своите цели. Работничката класа сега е погорчливо поделена отколку било кога во минатото. Католичките и протестантските деца живеат и студираат одвоено. Двете заедници се разделени со ѕидови и бодликава жица. И изгледите за повторно обединување на Ирска се најдалечни сега од било кога.Во Авганистан, истите тие луѓе скандалозно ги бранеа т.н. муџахедински "борци за слобода" во нивната војна против сталинистичкиот режим на Кабул - уште еднаш бранејќи го "правото на самоопределување" на афганистанскиот народ. Истото "право" го бранеше и американскиот империјализами феудално-реакционерниот Пакистан, кој ги вооружа и финансираше овие контра-револуционерни гангстери. Сега целата работа заврши со победа на исламската-фундаменталистичка реакција во својот најкошмарен облик. На кој начин може да се оправда победата на отворената реакционерност на Талибанците во однос на правото на самоопределување?Ова се само неколку примери кои покажуваат кон што води напуштањето на марскистичката позиција. Вкупната сума на мудростите на сектите е еднаква на папагалските повторување на истата фраза: " Па, нели Ленин го бранеше самоопределувањето?" Овие секташи прочитале неколку редови од Ленин и сега се замислуваат дека се некои големи гении. Но, да се присетиме на англиската поговорка: "A little knowledge is a dangerous thing"15. Тие наликуваат на не многу бистрите ученичиња кои за да покажат колку научиле постојано повторуваат "АБВ". Но во азбуката по "АБВ" има и други букви. Ленин, како што ќе видиме, далеку од тоа дека за секој случај го подржуваше правото на самоопределување. Тој внимателно го раздели она што е прогресивно  од она што е реакционерно, втемелејќи ги своите проучувања врз соодветните услови.Парадоксално, оние кои многу одамна се симнаа од патот, и ја напуштија класната и интернационалната позиција на Маркс и Енгелс во корист на ситно-буржоаскиот национализам, се обидоа да ги критикуваат вистинските марксисти дека наводно ја напуштиле "исправната" линија. На ваквите критики може да го изјавиме следното: горди сме дека само марксистичкиот правец претставен од Социјалистички Повик и Во Одбрана на Марксизмот 16 останаа со дигната глава и ји задржија класичната марксистичка позиција по ова прашање - и на сите други. Нашето минато говори само за себе. Не се срамиме денес повторно да објавиме било што од она што го напишавме во последниве педесет години. Проблемот е тој што тие што зборуваат в името на Ленин на ова прашање просто го демонстрираат своето незнаење за позицијата на болшевистичката партија за националното прашање. Целта на овој документ е да се истакне политичкото минато. Тој не е секако упатен до сектите кои се неспособни на научат нешто.

Марксистите и Ирското Прашање

Како и на прашањето за Балканот, така и за прашањето на Северна Ирска, марксистичкиот правец може да се гордее со своето минато. Веќе триесет години се држиме и постојано ја браниме класната позиција. Истото не се однесува за другите. Кога "Проблемите" експлодираа во Ирска во 1969 Комунистичката Партија, СРП17, Манделиcтите од ИМГ18, и сите други секти го подржаа испраќањето на британски трупи во северот на Ирска, со изговор дека тие ќе ги штителе католиците. Тие денеска сакаат да го заборават ова. Но, фактите се тврдоглави. Марксистите во Работничката Партија19 беа единствените кои се откажаа од него. Ние бевме единствените кои покренавме резолуција на Конференцијата на Работничката Партија есента 1969 спротивставувајќи се на испраќањето на британските трупи. Кажавме дека британските трупи неможе да имаат прогресивна улога, дека војската е пратена да ги брани интересите на империјализмот.Оние исти дами и господа кои го подржаа испраќањето на британските трупи во С. Ирска подоцна отидоа на другиот краен екстрем, формирајќи го т.н. Движење Трупите Надвор20. Секој од нив капитулираше на индивидуалниот тероризам на ИРА. Оваа т.н. оружена борба се влечеше три декади. Во 1970, ИРА мислеше дека ќе го победи британскиот империјализам со силата на оружјето и со поставување на бомби во С. Ирска до прифаќање на обединување со југот. Ние истакнавме дека тоа тогаш беше невозможно. Обедината Ирска не може никогаш да се добие на овој начин, бидејќи протестантите се вооружени и ќе се борат против неа. Да дојдеше до војна помеѓу католиците и протестантите, ИРА ќе беше поразена и католиците ќе беа протерани. Се што ќе се случи е прецртување на границата. Но ова нема да биде баш мирољубиво. Тоа ќе значи ужасен колеж, како што го видовме тоа во поранешната Југославија. Ова ќе завршеше со 100% протестантски режим на Северот и 100% католички режим на Југот. Под овие околности и Северот и Југот ќе завршеа како диктатури на воената полиција. Тоа ќе биде единствениот можен излез на обидот да се реши ирското прашање на капиталистички основи.Лекциите од Југославија се страшно потврдување на ова. Току од тие причини, немаше , и нема,  дилеми за повлекувањето на Лондонските трупи од Северот. Како иронија на историјата британскиот империјализам нема интерес во одржување на имотот во С. Ирска. За разлика од 1922, нема ниту економски ни стратегиски причини да се остане таму. Проблемот е што со повлекувањето ќе се предизвика крвав хаос кој ќе се прелее во останатиот дел на Обединетото кралство. Ова е кошмарно сценарио кое Лондон нема да дозволи да се случи. Затоа тие се осудени да останат. А ако ИРА продолжи со борбата уште 30 години, ќе се постигне истиот резултат. Политиката на ИРА водеше во потполн застој со негативно резултати заработничкатакласа и социјализмот. Кој беше резултатот? Три илјади мртви, една цела изгубена генерација, работничката класа целосно поделана на религиозна линија. Западните медиуми многу говореа за берлинскиот ѕид кој го делеше Берлин. Но никој не говори за ѕидот кој го дели Белфаст помеѓу протестантите и католиците. Тие не зборуваат еден на друг, тие неможат да се сретнат. Тоа е таканаречената "линија на мирот", најмонструозно изразување на лудоста на националните поделби. Тоа беше директен резултат на кампањата на ИРА на индивидуалниот терор.Марксистичкиот правец стоеше на класната основа и се бореше за обединување на работничката класа. Тоа беше возможно. Во фабриките во 1969 постоеше инстинктивно движење нареволуција за обединување кое можеше да успее, ако постоеше совесно лидерство. Ние баравме формирање на работни чка милиција основана од сојузите21-единствените организации кои сеуште ги обединуваа католиците и протестантите. Се разбира, во соодветните околности, тие мораа да се вооружат за одбрана од секташките лудаци на двете страни. Нашата парола беше револуционерна: " За обединети оружени револуциодбранбени сили!" Ова беше единствениот начин да се бијат секташите. Ултра-левите го сметаа ова за чудно. Тие секогаш мислат дека е смешна ленинистичката позиција. Но кога Ленин беше жив, ситно-буржоаските националисти исто ги исмеја неговите позиции за националното прашање како утописки. Ленин им одговараше на овие " практични" луѓе со презир кој тие многу го заслужуваа.А што велат сега тие за ситуацијата во Северна Ирска? ИРА се согласи на примирје од проста причина што т.н. "оружена борба" не водеше никаде. Помислата дека ќе ја избркаат британската војска со такви средства беше потполно нереална, како што истакнавме од почетокот. И сега каде се тоа заврши? Како и лидерите на ПЛО во Палестина и Мандела и Мбеки во Јужна Африка, лидерите на Шин Феин ги разменија бомбите и пушките за "политика", односно за нафирцани одела и министерски плати. Тие се речиси готови да ја напуштат каузата за која нивните подржувачи жртвуваа се, само за подобра кариера и буржоаска почит. Тука завршува секоја т.н. "оружена борба" (индивидуален тероризам). Руските марксисти секогаш и сметаа терористите за "либерали со бомби". Сега се потврдува буквално нивното тврдење. Триесет години подоцна, ИРА повеќе не беше за Обединета Ирска. Неверојатно, лидерите на Шин Феин (политичкото крило на ИРА) го потпишаа Договорот на Велики Петок во кој се нагласува дека статусот на С. Ирска како дел од Обединетото Кралство. "Концесиите" околу т.н. "Прекуграничен Договор" со Југот беа само мамец за републиканските аспирации, бидејќи Северно-јужното тело нема позначајни моќи.Дури и оваа спогодба беше премногу за Унионистите, кои конечно ги закопаа секирите со т.н, прашање за "декомисионирање22 на оружјето" (практично тое е разоружување на ИРА). Тоа ја предизвика кризата, затоа што ИРА нема намери на разоружување. Пушките се неопходни, на страна од некои други размислувања, бидејќи репибликанското движење има долга традиција на разделби и запоседнување на феуди во кои вчерашните лидери стануваа денешни муштерии на претприемачот. Веќе отцепените групи како "Продолжена ИРА" (Continuity IRA) поставија бомби за да покажат дека тие сеуште работеле. Со барањето за моментално разоружување, Унионистите се определија за провокативна акција, која се отфрли од страна на ИРА. Тоа водеше до рушење на Договорот од Велики Петок и на суспензија на Северноирското Собрание, и повторно воведување на дирекнта власт од Лондон.Нашите божем утописки замисли во однос на Ирска се однесуваат како на оние на Ленин и Маркс на кои веќе се повикавме. Посебно срамна улога во Ирска ја имаа сектите во Британија и интернационално по прашањето за Ирска. Залагајќи се за т.н. "практична" политика, тие срамно се приврзаа за опашката на ИРА, потполно напуштајќи го некаквото барање за класна позиција и делувајќи како неплатени адвокати на тероризмот. Тоа беше уште поодвратно, со непреземањето на ризиците. Тоа доведе до капитулација на ситнобуржоаскиот национализам и индивидуалниот тероризам, кој во сите случаи водеше до катастрофа на националното прашање. Ленин говореше со длабок презир кон овие самонаречени "практични" политики за националното прашање. Самиот живот покажува дека т.н. практични политики на капитулација пред ситната буржоазија не е воопшто практична политика. Тоа е срамно предавство на работничката класа и во секој случај носи катастрофа. Да расчистиме за ова. Марксистите се за обединување на Ирска. Но обединувањето на Ирска е сега подалечно од кога и да било во целата историја на Ирска. Тоа е единствениот резултат на тактиката на индивидуалниот тероризам и ситно буржоаскиот национализам во последниве триесет години.Во моментот кога се пишува ова, ситуацијата е крајно нестабилна. Можно е, погледнувајќи во амбисот, двете страни да се повлечат. Некои компромиси може да се прекршат вклучувајќи го предавањето на оружјето на ИРА. Ако има обнова на непријателствата, британците одлучно ќе ги скршат. Уште повеќе, таквиот развој ќе биде длабоко непопуларен за двете страни од секташката поделба. По триесет години на крвопролевање, католиците и протестантите се свесни за војната. ИРА ќе ги прифати ризиците на губење на многу свои луѓе како резултат на откажувањето. Тоа се непримамливи изгледи. Но со прифаќање на компромисите нема де се реши ништо фундаментално. Прашањето кое неизбежно ќе се постави меѓу републиканците е: " за што се боревме и гиневме во последниве 30 години?"Недвосмислено ќе има превирања кај позициите на републиканизмот. Најразумните елементи, кои се критични за политиката на лидерите, а не сакаат да се вратат во ќор-сокакот на индивидуалниот тероризам, ќе постанат поотворени кон алтернативата за класната политика. Единствениот пат е да се вратат кон идеите на Џејмс Коноли, на знамето на социјализмот. Ова е единственото знаме кое може да ја обедини работничката класа, Портокаловите и Зелените, Северот и Југот, и исто така и преку Ирското Море во Англија, Велс и Шкотска, во борба против заедничкиот непријател: банките, монополите на британскиот империјализам. Не враќање на "оружената борба" туку враќање кон најдобрите традиции на ирското работништво, кон марксизмот, тоа е патот за напред. Во минатото провејуваше идејата ;" прво да се реши прашањето на границата, па потоа ќе зборуваме за социјализмот!" Но, искуството од последниве 30 години ни покажа дека тоа е погрешниот пат во поставувањто на прашањето. Сега може да кажеме: решенито на задачата на ирската буржоаска демократска револуција -со која мислиме на ирското обединување- може да се реши само со доаѓање на власт на пролетријатот и во Ирска и во Британија. Ирската буржоазија се покажа немоќна да го реши националното прашање. Господ знае дека имаа доволно долго време да го направат тоа! Време е да погледнеме во целосно различен правец. Маркс одамна објасни дека судбината на револуцијата во Ирска и Британија се неразмрсено поврзани. Денес таа афирмација е повистините од кога и да било.

Еускади

Во Шпанја постои националното прашање на Баските, Каталонците и Галиците. Со декади под Франковата диктатура ги газеше јазиците, правата и националните аспирации на овие народи. Природно е дека со рушење на стариот режим се зададе јак импулс на националните движења на националностите. Не кажа за џабе Троцки дека национализмот на угнетуваните националности беше само надворешна обвивка-школка, на незрелиот болшевизам. Со коректна политика, тактика и методи, можно е да се придобие националистичката младина кон марксизмот. Но предуслов за тоа е да се задржат цврстите ставови. Додека се стои цврст во одбрана на угнетуваните националности, потребно е да се критикуваат конфузните идеи на национализмот.Голем проблем тука е колапсот на моралниот авторитет на марксизмот на светско ниво. Маркс, Ленин  и Тротци имаа точна позиција за националното прашање. Ова може да најде на одзив кај милитантните националист. Но националистичката младина се одбиени од несензитивната политика на реформистичките водачи на работничките организации кои неизбежно ја прифаќаат линијата на владеачката класа за националното прашање како и за сите други работи.Втората Интернационала, како што видовме, имаше многу конфузна позиција за националното прашање. Го видовме резултатот во 1914. Во Шпанија ПСШ дури и во најдоброто време немаше разбирање за националното прашање, покрај фактот дека имаше цврста подршка во баскиската земја. Сега, се разбира, десното крило на ПСШ го напушти секое барање за социјалистичка позиција на националното прашање, како што го напуштија и во однос на се друго. Кога беше на власт Фелипе Гонзалез и другите "социјалисти" активно ја потпомагаа валканата војна спроведена од тајните служби на шпанската држава против ЕТА. Не случајно што на баскиската младина им е одбивен "социјализмот" во таа појава.Во минатото беше природно за милитантната националистичка младина да гравитира кон Комунистичката Партија. револуционерното знаме на Октомври и Болшевистичката Партија нудеа излез на револуционерни линии. Но како резултат на криминалот на Сталин, движењето беше свргнато. Идеолошкиот распад на сталинизмот ги произведе сите видови на конфузни и гротескни дисторзии- маоизмот, кастроизмот, герилизмот-кои ја заматија водата и го воведоа најстрашниот конфузионизам во умовите на радикалната младина. Идеите кои припаѓаа во предисторијата на движењето и кои одамна се одговорени од страна на Маркс, Ленин и Троцки, се повратија, препраени во "ниви и современи" теории, за да ги изјалови мозоците на збунетите индивидуи.Кон сево ова мора де се додаде монструозната дегенерација на таканаречената Четврта Интернационала по смртта на Троцки. Потполното напуштање на идеите на Ленин и Троцки од таканаречените "троцкисти" никаде не е појасно одколку за националното прашање. Сектите флертуваа со секоја ситно буржоаска националистичка и терористичка постава во светот, делувајќи како страсни навивачи и неплатени (и многу често и непосакувани) "советници" на ИРА, ЕТА, ПЛО и АНК. Во оние (фала богу неколку) случаи каде тие имаа влијание, тие само служеа да ги засилат предрасудите на младината и да ги одведе во катастрофа. Така беше случајот , на пример , во Аргентина и Уругвај во 1970-те кога тие си играа со тероризмот и т.н. "урбан герилизам". Резултатот од овие авантури беше рушење на овие движења и победа на најубиствените воени диктатури. Како резултат, многу млади кадри си ги загубија животите и револуцијата ја уназадија за години.Замајќи по предвид недостигот на авторитет на марксизмот, логично е што младите луѓе од баскиската земја, одбиени од сталинизмот и социјалната демократија, ја видоа алтернативата во ЕТА и Хери Батасуна. Во редовите на баскиските националист има многу херојска младина. Наша задача е поставиме дијалог со овие луѓе и да ги убедиме дека единствениот пат да се оствари нивната цел е борбата за социјалистичка револуција  . Неизбежно со овој заклучок ќе се добие најдоброто. Мораме да им помогнеме тоа да го направат, преку пријателски и трпеливи аргумент, и преку обединување во акцијата за сите прашања за кои имаме принципиелна согласност, додека ја потенцираме потребата за единство во борбата на работниците и младината низ целата шпанска држава.Како според некој закон секое масовно националистичко движење, како Хери Батасуна, тежнее секогаш да се подели според класните линии откако ќе израсне до одредена големина. Таквите движења секогаш имаат хетероген состав. На една страна може да го сретнеме екстремно десното крило- обично, но не и секогаш, асоцирано со "најмилитаристичкото" крило- но левото крило ќе содржи чесни борци и потенцијални револуционери. На шестиот конгрес на ЕТА, пред околу триесет години, имаше поделба на левицата. Во отсуство на реална марксистичка алтернатива манделитите се ориентираа кон ЕТА и придобија многумина. Илјадници добри борци преминаа кон троцкизмот. Овие луѓе беа добри. Со исправна политика и перспектива реална марксистичка организација со 10 000 луѓе во Шпанија можеше да има круцијална улога. Но со погрешната улога на манделитите, таквата позиција се загуби. Овие ситни буржуи ја отфрлија можноста и ја платија цената за таквиот криминал. Тие не постојат повеќе. Тие беа ликвидирани, покрај сите други секти. Затоа патот е отворен за развој на вистински марксистички правец во Еускади. Јасно е дека многу од најдобрите кадри за ова ќе дојдат од редовите и периферијата на абертзалите (радикални баскиски националисти).Со потпишувањето на примирје, Хери Батасуна доживеа развој, па си го промени името во Еускал Херитарок (баскиски граѓани). Тоа е прилично големо движење. Имаше голем ентузијазам кон ЕХ. Но, сега работите почнаа да се менуваат. Лидерите (политичките) на ЕХ опортунистички се поврзаа со партијата на големите баскиски буржуи, ПНВ. Како и секогаш, ситно буржоаските националисти делуваат како механизам за субординација на работниците на "нашата" буржоазија. Но секој баскиски работник знае дека баскиските банкари и индустријалци се исто толку лоши колку и шпанските капиталисти. Нема ништо да се избира помеѓу нив. Сите чесни членови на ЕХ мора да се одбијат од тој монструозен блок со ПНВ.Да бидат работите полоши, примирјето се прекрши. Има изгледи за нови терористички напади, пресретнати со поголема државна репресија и повеќе политички затвореници. Стариот пеколен круг кој го труеше баскискиот социјален и политички живот со декади без да се постигне ништо од прокламираните цели. На овој пат, нема излез за Еускади! Сега кога ЕТА го отповика примирјето, мора да врие од дискусии во нивните редови. Без сомнение тие ќе се обидат за дадат објаснение и излез. Неопходно е да им се објасни на цврст но пријателски начин дека нема независност на баскиската земја на капиталистички основи. За да успеат, потребана е револуција  и во Шпанија и во Франција. А за да се постигне тоа, мора да ја прифатиме класната и интернационалистичка позиција и да го напуштиме ќорсокакот на индивидуалниот тероризам.Марксистите од шпанската држава имаат многу гордо минато во истрајноста на цврстите принципиелни класни позиции. Тие постојано ги бранат националните права на Баските, вклучувајќи го и правото на самоопределување. Неодамно тие издадоа многу добар документ за националното прашање на баскиски и шпански. Нашите книги, кои беа преведени и на шпански, беа прегледани во Егин, дневниот весник на Хери Батасуна. Тоа покажува дека постои интерес кон марксистичкиот правец од некои баскиски националисти. Можно е марксистите да придобијат дел од многубројната милитантна младина преку енергична кампања.Од гледиште на марксизмот националниот проблем и предизвик, но и згодна прилика. Троцки еднаш кажа дека национализмот на угнетените народи е само "надворешна школка на незрелиот болшевизам". Ако застанеме принципиелно на проблемите со кои се соочуваат национално угнетуваните народи, ако енергично се бориме против сите форми на национално угнетување, додека цврсто го поврзуваме решението на проблемот со изгледите за социјалистичка трансформација на општеството, тогаш ќе биде возможно да се придобијат повеќето од нив кон марксизмот и да се изгради силна организација кој може да понуди вистинско решение за националниот проблем на Еускал Херија на револуционерна социјалистичка основа.

Националното прашање и Балканот

Најужасниот пример за последиците од погрешна позиција на националното прашање е судбината на Бившата Југославија. Крвавите мочуришта на војните, шовинистичкото лудило и "етничкото чистење" во она што беше, развиена и напредна европска држава, ги потхрануваше оние кои постојано урлаа за т.н. "само-определување" како за универзална панакеа23. За жал некои луѓе изгледа се органски неспособни да размислуваат за било што. На прашањето за Балканот, марксистичката тенденција претставена од Социјалистичкиот Апел и Во одбрана на марксизмот не ја крена главата во последнава деценија, завземајќи тврда ленинистичка позиција во врска со Балканот. Од почетокот објаснувавме дека нема ни едно делче од прогресивна содржина во растурањето на Бившата Југославија. Напротив секоја од сектите ги подржа или Хрватите, или пак Србите, или кутрата мала Босна, како кутрата мала Белгија 24, или трчкаше со знамињата на ОВК, и сите тие потпаднаа под реакционарна позиција.Западната пропаганда --било да е во прашање Африка, Русија или Балканот-- се обидува да ги наслика овие борби како продукт од национален карактер, наводна назадност, раса итн. Па наводно Србија, Хрватска , Босанците и тн не можеле да живеат заедно, се мразат меѓусебно, и се останато од тоа. Ова е лага. За време на Втората Светска Војна имаше ужасен судир помеѓу Србите и Хрватите. Во него, патем Србите беа жртви, неисправно осудувани од хрватскиот фашистички усташки режим чија бруталност предизвка протест дури и кај германските нацисти. Сепак под Тито, националниот проблем беше воглавно решен. На основа на национализирана планска економија и развој на продуктивни сили и праведната мудра политика што ја спроведуваше Тито, давајќи автономија на секоја од републиките, со што се обиде да се избегне давањето моќ на една националност во однос на друга, проблемот беше отфрлен во заднина. Имаше мешање на народите; тензијата помеѓу Србите и Хрватите се намали, речиси исчезна. Ова се предвидуваше имајќи ја предвид годишната стапка на раст од 10-11% растечките стандарди, бидејќи како Ленин објасни, националното прашање е прашање на леб.Со кризата на Сталинизмот, напливот на масовна невработеност во Југославија со инфлација во седумдесетите , старите демони почнаа да се будат. Сега ако некој ја погледне историјата за последите 50 години мора посебно да извлече заклучок дека ниту буржоазијата, ни сталинистите може да го решат националното прашање. Тито успее за малку, но шовинистите се интегрален дел на сталинизмот. Тоа е Ахилова петица за сталинистичките режими, како Етиопија каде режимот на Менгицу се сруши баш поради националното прашање. Тие неможат да го решат.Тито основаше различни републики, секоја со своја национална бирократија која го изигра националното прашање  како сретство за издигнување на нивната сопствена моќ и привилегии. Постои неизбежна логика во ова што произлегува директно од теоријата за социјализмот во една држава. Оваа доследно антимарксистичка теорија, националистичка во сржта, одигра фатална улога во дезинтеграцијата на Југославија. Националистичките намери на Србите, Хрватите, Словенците и другите натпреварувачки бирократии со ентузијазам ја прифатија оваа "теорија" за нивните сопствени републики. Намерно ги истакнуваа националните разлики: ако постои  руски "социјализам", ако постои  кинески "социјализам", и така натаму, зошто да не постои "социјализам" и во Словенија, во Хрватска и Македонија? Со економската кризата на бирократскиот режим во Југославија, напнатостите меѓу републиките растеа. Секоја од регионалните клики (кланови) се трудеа да ја подобрат позицијата на "својата" република за сметка на другите. Ова го посеја семето на раздорот на Југославија.Посебно монструозна беше улогата на реакционерната и привилигирана бирократија од Словенија и Хрватска. Иако нивната индустрија беше изградена со трудот и заедничките богатства на целата Југославија, тие сакаа да си ја зачуваат за себе. Но, ова е само еден елемент, аргумент во равенката. Општо земено историјата на Југославија и на Балканот покажува дека во сите национални борби за таканареченото самоопределување, што се случија во 20 век се вклучија една или друга од големите сили. Рускиот царизам, германскиот империјализам, британскиот и францускиот империјализам --сите ги користеа борбите на малите нации како мали промени во нивните интриги.

Троцки на Балканот

Која беше позицијата на марксистите за време на Балканските Војни 1912 1914? И покрај фактот што борбата на балканските Словени за национална еманципација против Турците имаше полу-прогресивно значење, барем првично со тешкотија ќе пребарувате низ делата на Ленин и Троцки за подршката на овие нации. Троцки, кој беше на Балканот како воен коресподент, напиша многу статии за Балканските Војни во кој ги разобличи варварските дела на сите воинствени сили. Но нема ни малку подршка на било кој од овии ривални националистички банди. Ова беа реакционерни војни, предаторски војни на сите страни. И ако таков беше случајот тогаш, што би рекол Ленин за сегашната положба во Југославија?Сектите кои се прогласуваат за марксистички изгледа страдаат од некаков нервозен тик. Самошто започнала војна, тие веднаш почнуваат да крештат: "кого подржувате?" Како да требало според некаква апсолутна обврска марксистите да се определат за некоја од страните во судирот помеѓу завојуваните владеачки клики! Позицијата на марксистите беше јасно објаснета од Ленин. Војната е продолжеток на политиката со други сретства. Дали ние подржуваме една страна или друга во војна зависи од тоа дали војната има прогресивно или реакционерно значење. Таквото расудување е определено не од општи прокламации на "правото за самоопределување" , туку исклучиво од општите интереси на пролетеријатот и светската револуција.Ставот на марксистите за Балканските Војни од 1912-13 беше да не се учествува во ниедна група туку да се бориме за демократска федерација на Балканот. Тоа беше ставот на Ленин, Троцки и на големиот балкански марксист и интернационалист Христијан Раковски, кој стана водечки троцкист и беше застрелан по наредба на Сталин во 1941. Раковски има долга историја како водечка личност во Балканското социјалистичко движење. Во 1903, во истата година кога Руската Социјал Демократска Работничка Партија се подели на Болшевици и Меншевици, дојде до сличен расцеп и во бугарската партија помеѓу "широки" и "тесни" тенденции. Левото крило (" тесњаки") беше предводено од ветеранот марксистот Благоев, заедно со истакнатиот балкански марксист Раковски. По Октомвриската Револуција Комунистичката Интернационала застана за Социјалистичка Федерација на Балканот. Идејата беше развиена од Христијан Раковски и пред 1917. Марксистите секогаш се бореа против цепењето на Балканот како подлога за petty држави кои неизбежно ќе станат пиони во рацете на една или друга империјалистичка сила. Значи тие се бореа против Балканизација, а за федерација. Пред Втората Светска Војна, кога Троцки беше коресподент на Балканот, следејќи ја ситуацијата од близу и дознавајќи од прва рака тој запиша:"Не е неговата националната разноликост ама фактот за расцепувањето во многу држави кои тежат над ( Балканот) како проклетство. Царинските граници вештачки го делат на одделни единици. Махинациите на капиталистичките сили се проткаени со крвавите интриги на балканските династии. Ако овие состојби продолжат, Балканскиот Полуостров ќе остане да биде Пандорина Кутија." (Троцки, Балканските Војни, стр.12)Кога Австо-Унгарија ја потчини Босна и Херцеговина, и Србија беше зафатена со воинствена треска и жед за одмазда, српските социјал демократи го задржаа достоинството и остро застанаа против шовинистичката хистерија. Слично, бугарската социјал демократија се спротивстави на сопствената владеачка клика и руското вплеткување на Балканот. Во Белград во јануари 1910 се одржа конгрес на балканските социјалистички партии со претставници на социјал демократските партии на Србија, Романија, Бугарија, Турција и југословенските социјал демократски партии од Австро-Унгарија и на мала група социјал демократи од Црна Гора. Во нивната програма конгресот ги поставува целите на балканската социјал демократија: "да се ослободиме себе си од партикуларизмот и тесногледост; да се укинат границите кои ги делат народите кои се делумно идентичени во јазикот и културата, а делумно економски сврзани меѓусебе; конечно, да ги отргнеме формите на странска доминација, и директна и индиректна, која ги лишува народите од нивното право самите да ја одредат својата сопствена судбина. " (Ибид., стр.30.)И пак: "Потребите за капиталистички развој постојано паѓаат со тесните ограничувања на партикуларизмите на Балкан и федерацијата постана идеја посредувана од самите владеачки кругови. И повеќе од тоа; царската влада, неможејќи да игра независна улога на полуостровот, се обидува да се постави како придвижувач и патрон на бугарско-српско-турската лига, со врвот насочен против Австро-Унгарија. Но, ова се само темни планови за привремен сојуз на балканските династии и политичките партии кои по својата природа се неспособни да гарантираат мир и слобода на Балкан . Програмот на пролетеријатот нема никаква врска со сево ова. Насочен е против балканските династии и политичките клики, против милитаризмот на балканските земји не помалку отколку против европскиот империјализам; против официјална Русија колку и против Австрија на Хапсбурзи. Неговиот метод не се дипломатски комбинаторики туку класна борба, не балкански војни туку балканска револуција."(Ибид., стр.30, наше истакнување.)Колку современи се овие редови! И колку релевантно за сегашната криза на Балкан !Балкан беше поделен на џуџести држави и срушен од товарот на милитаризмот. Во неговата статија Балканското Прашање и Социјал Демократијата, Троцки напиша:"Единстениот излез од националниот и државен хаос и крвавите сплетки на балканскиот живот е сојуз на сите народи на полуостровот во единствен економски и политички ентитет, врз основа на национална автономија на составните делови. Само во рамките на една балканска земја Србите од Македонија, Санџак, Србија и Црна Гора може да бидат обединети во единствена национално-културна заедница, уживајќи ги во исто време предностите на балкански заеднички пазар. Само обединетите балкански народи може да пружат отпор на бесрамните претензии на царизмот и европскиот империјализам."И Троцки го додава пророчкото предупредување: "Државното единство на балканското полуострово може да биде постигнато на два начина: или од горе, со проширување на една балканска држава, која ќе се покаже најсилна, на сметка на послабите--ова е патот на војни на истребување и угнетување на послабите нации, пат кој ги консолидира монархизмот и милитаризмот; или од долу, преку доаѓањето на самите народи заедно--ова е патот кој значи отфрлање на балканските династии и развејување на знамето на балканска федерална република." (Ибид., стр.40.)Ваков бил ставот на марксистите  во врска со балканското прашање отсекогаш. Не став за подршка на една или друга национална клика врз основа на прогласеното "само-определување" туку револуционерна програма за балканска федерација. Секој од националните групи на Балканот секогаш сака да се претстави себе си како жртва и оштетена страна, борејќи се против неправдите за претпоставените "национални права" и "сувереност". Всушност, позади слоганот за "национални права" се кријат вложените интереси на владеачката клика, која е заинтересирана само во потчинување на териториите на другите држави и угнетување на другите послаби нации. Затоа она што за некои се "национални права" за други излегува дека е национално угнетување. Уште повеќе, позади секоја владеачка национална клика секогаш стои некој "голем брат" или друг. И заради тоа претпоставената борба за "национална сувереност" секогаш се претвора во сретство за субординација на нацијата од некоја од големите странски сили:"Политиката што ја следат секоја од овии мали балкански монархии, преку нивните министри и владеачки партии, имаат привидна цел унификација на голем дел од балканскиот полуостров под еден крал. "Голема Бугарија", "Голема Србија", "Голема Грција" се слогани на оваа политика. Всушност, и никој не ги сфаќа слоганиве сериозно. Тие се полу-официјални лаги изнесени пред народот да се стекне популарност. Балканските династии, вештачки воспоставени од европската дипломатија и без било какви историски корени, се премногу незначајни и премногу несигурни на нивните тринови да се осмелат за широка политика како Бизмарковата кога тој ја обедини Германија со крв и железо. Првиот шок можеше да ги однесе засекогаш Караѓорѓевиќи, Кобурзи, и другите крунисани Лилипутанци на Балкан. Балканската буржоазија, како и во сите земји со задоцнет капиталистички развој, е политички стерилна, кукавичка, неталентирана и скапана и прескапана од шовинизам. Селаните се премногу расејани, премногу игнорантни и премногу рамногушни за политиката за да се очекува некаква политичка иницијатива од нив. Следствено, задачата за создавање на нормални односи на националната и државната егзистенција на Балканот паѓа со нејзината историска тежина врз градите на балканскиот пролетеријат."(Ибид. стр.40.)Националното прашање на Балкан може да се реши само од пролетеријатот, стоејќи цврсто на програмата за класната независност, социјалистичка револуција и интернационализам. Така Троцки рекол: " Историската гаранција за независност на Балканот и слободата на Русија лежи во револуционерната соработката на работниците на Петерсбург и Варшава и на работниците на Белград и Софија." (Ибид., стр. 41-42.)  И повторно: "Како што во Русија главниот удар на борбата против патријархално-бирократскиот режим е на пролетеријатот, така и на Балканот самите пролетери ја превземаат огромната задача на воспоставување на нормални услови на коегзистенција и колаборација помеѓу многуте народи и раси на полуостровот." (Ибид., стр.30.)

За социјалистичка федерација на Балканот

Искуството на Југославија во потполност ја потврдува марксистичката позиција истакната горе. Мораме само прашањето да го иснесеме конкретно и веднаш доаѓаме до одговор. Осум години од зародишот на непријателствата, што навистина добивме со расцепкувањето на Југославија? Дали тоа предизвика зајакнување на работничката класа и на револуционерното движење? Дали ги зближи народите заедно? Дали тоа ги разреши некои од проблемите? Дали тоа ги разви сретствата за производство? Прашањата самите од себе се одговараат. Разрушувањето на Југославија е апсолутна катастрофа и пропаст од гледна точка на работничката класа. И овој криминал против работничката класа не може да се оправда со повикување на правото на нацијата за само-определување. И сега се одвива монструозна борба на Косово. Секако ние ги подржуваме косоварите во само-определувањето. Тие имаат право на своја територија, тие имаат право да не бидат угнетувани и убивани. Ама не е баш толку едноставно. Мора секогаш да се кажува вистината. А вистината е оваа: та, не еднаш судбината на мал народ бил цинично манипулиран и експлоатиран од империјализмот за неговите намери. Какошто предвидовме на почетокот, искористувајќи ги Косоварите, НАТО ќе ги напушти и ќе ги предаде. Така било и ќе биде.Ако се допушти Косово да стане независно, неизбежно тоа ќе тежнее да се спои со албанската држава, така создавајќи го чудовиштето на Велика Албанија--следејќи го чекорот на Велика Хрватска, Велика Србија, Велика Бугарија, Велика Грција. Малата македонска држава е многу кршлива, и има големо албанско малцинство. И ако Македонија се разруши, што би било неизбежно под тие услови, тогаш тоа ќе значи војна. И тоа ќе биде војна од друг вид од она што сме го виделе досега на Балкан. Војната  во Југославија беше во главно војна помеѓу милиции. Ако Македонија се разруши, Србите, Албанците, Бугарите, Грците и конечно Турците ќе се замешаат. Војна помеѓу Турција и Грција (две членки на НАТО) би било катастрофа за сите народи и кошмар за Американците. Ова Вашингтон не би можел да го толерира. Тие се обидоа да го принудат Милошевиќ на отстапки. Откако не успееја, тие се зезнаа со војна без план и перспектива. Клинтон бил информиран од ЦИА дека војната ќе го клекне Милошевиќ за неколку дена. Овој план падна и позицијата на САД се зачува од Русија кога изврши притисок врз Милошевиќ за постигнување на компромис. Но со какви резултати?Косоварите имаат право на само-определување, исто како и Србите што имаат, или пак Босанците, или Курдите,  Македонците, Палестинците. Постои само еден мал проблем. Како ќе биде спроведено само-определувањето? Како ќе се практикува ова право? Србите нема доброволно да се откажат од контролата над Косово, тие го сметаа како неотуѓив дел од српската територија. Проблемот е што Косоварите, барем ОВК, побараа помош од американскиот империјализам. Што реши милитарната авантура на НАТО на Косово? Ништо. Ја направи ситуацијата илјада пати полоша, сеејќи го семето на нови војни и кошмари. Национализмот и шовинизмот на Балканот, како секогаш, има штетна улога и води во крвав ќорсокак. Реакционерните лидери на ОВК, со моќта добиена со помош на американскиот империјализам, ја имаат најѕверската улога. Додека ги убиваат и угнетуваат српските селани и работници, тие тежнеат да ги завземат клучните места, додека си ги полнат џебовите преку грабеж, изнуда, дилање на дрога и разен криминал. Но има граница до која ќе им биде на ОВК дозволено да постигнат. Албанците од Косово ќе го дочекаат денот кога ќе се покајат за довербата што така слепо им ја дадоа на империјалистите.Иако Вашингтон е очајен да излезе од Косово, тие се таму заглавени и ќе останат така уште некое време. Потоа тука е и другиот "голем брат" криејќи се одзади, Русија, која има интерес во таа област. Противречностите помеѓу Русија и Америка растат цело време. Следствено, Москва го охрабрува Милошевиќ во покренувањето на прашањето за враќање на српската контрола во Косово. Инаку, според интернационалниот закон и компромисниот договор склучен да го прекине непријателството помеѓу Белград и НАТО, Косово останува формално да биде дел од територијата на Југославија. За возврат, НАТО (т.е. империјализмот на Соединетите Држави) не сакаат независно албанско Косово, бидејќи се плаши (со причина) дека тоа води во создавање на Велика Албанија, што веднаш ќе ги дестабилизира Македонија и Црна Гора, фрлајќи искри за нови деструктивни војни. Оваа контрадикција несомнено ќе доведе да албанските Косовари влезат во судир со НАТО силите до одредено ниво. Ова го предвидовме порано, и како што гледаме тоа веќе започнува, како покажуваат немирите во Митровица. Така, целава работа не разреши апсолутно ништо и се претвори во ќошмар на сите засегнати. Затоа повторно обидот да се реши националниот проблем врз капиталистички основи заврши со катастрофа.Многу одамна, Енгелс објасни дека предуслов за решавање на националното прашање на Балканот е елиминација на вмешувањата на странските сили. Во тоа време тој мислеше воглавном на царска Русија. Подоцна Германија и Италија ја играа истата изопачена улога. Сега се Германија и САД. Само со отфрлувањето на капитализмот можно е да се скине јамката на империјализмот на Балкан и да се дозволи вистинска демократска алтернатива на ѕверствата што за историјата се именуваат како "балканизација". Само на овој начин може да достигне она што Енгелс го напиша: "Маџарите, Руманците, Сербите, Булгарите, Арнаутите (турско име на Албанците), Грците, Арменците, и Турците, тогаш конечно ќе можат да ги средат своите заемни разлики без интерференција од странските Сили, да ги постават меѓусебно нивните сопствени потреби и желби." (Собрани Дела-Маркс и Енгелс, том. 27, стр.47) Единствен напреден пат е да се вратиме на Лениновите ставови. Тој не се исплаши да им каже дека независноста на Полјаците во 1916 не беше решение, дека тоа беше утописко дека единствениот пат со кој ќе добијат вистинска независност е револуција во Русија и револуција во Германија. Истата вистина мора да им се каже на Косоварите денес. Обидот да се решат нивните проблеми со тесна националистичка основа не водеа никаде. Единствениот излез се состои во воспоставување на работничката сила во Србија и во цела поранешна Југославија. Ова може да се оствари само со борбено единство на работниците и селаните на Југославија.Работниците и селаните на Србија, Хрватска, Македонија, дури и на Косово, мора сега да го погледнат периодот на Тито со копнеж, што сега сигурно изгледа како сон во споредба со денешната крвава збрка. Обнова на федерацијата на сите народи, базирана на национализирана планска економија, е апсолутна потреба. Но таквата федерација мора да биде демократски контролирана и управувана од самите работните народи , а не од кликите на привилигирани бирократи со поставени интереси играјќи си со националните разлики на нивните сопствени себични интереси, односно Социјалистичка Федерација на Балканот. Само работните луѓе немаат интерес во угнетување на луѓето од другите националности. Затоа, како што Ленин често повторуваше, решението на националното прашање може да се постигне само ако пролетеријатот ја завземе власта во свои раце. Секое друго решение ќе води, во најдобар случај во делумен и нестабилен напредок, а најлошо во потполна катастрофа. Судбината на поранешна Југославија е немилосрдно предупредување до сите работниците во овој поглед.

За интернационалистичка политика!

"Тој самиот има земја, ако е поседувач на имот или во некој степен има слобода и сретства да постане таков. Тој кој го нема тоа, нема ни земја." (Вајтлинг)"Работникот нема земја." (Комунистички манифест)Националното прашање е таква широка тема што презентираниот документ не претендира ништо повеќе од епитомизација на главните точки на марксистичките ставови. Тоа е почеток на поопшта дебата на ова прашање низ која лабуралистичкото движење може да завземе јасен и принципиелен став. Низ сериозна дискусија за националното прашање ние можеме да го подигнеме нивото на напредните работници и младина, може да имаме голем удел во светски рамки, и да ги удриме темелите за изградба на интернационално движење врз цврсто тло на марксистичката теорија. Во Комунистичкиот манифест Маркс и Енгелс истакнаа дека прва задача на пролетеријатот е да ги "среди сметките со својата сопствена буржоазија" , да ја отфрли буржоазијата во својата земја, и да се постави на чело на нацијата. Но, тие и додадоа дека "иако не во основа, ама во форма, борбата на пролетеријатот со буржоазијата е првенствено национална борба". Што значи ова? Очигледно е дека работничката класа мора првин да ја освои власта во својата земја. "Бидејќи пролетеријатот првин мора да постигне политичка надмоќ, мора да се подигне да биде водечка класа на нацијата, мора самиот да ја конституира нацијата, тој досега самиот е национален, иако не во буржоаска смисла на зборот."Но, според Маркс, ова е само формата, а не и содржината на социјалистичката револуција. Еднаш освојувајќи ја власта во нивната земја, работниците ќе бидат конфронтирани со опозицијата на буржоазијата од другите земји. Вистинското значење на пролетерската револуција не е национално, туку интернационално, и неможе конечно да успее пред да се прошири во главните земји на капитализмот.Непомирливиот интернационализам на Комунистичкиот манифест распламнува од секој ред:"Националните разлики и антагонизми помеѓу народите секојдневно  се повеќе и повеќе исчезнувааат поради развитокот на буржоазијата, слободата на трговијата, светскиот пазар, униформноста на начинот на произвотство и заради условите на живот што кореспондираат на претходното."Надмоќноста на пролетеријатот ќе предизвика тие уште побрзо да исчезнат. Обединетата акција на водечките цивилизирани земји, на крајот, е еден од првите услови за еманципација на пролетеријатот."Сразмерно на завршувањето на експлоатацијата на една единка од друга, на експлоатацијата на една нација од друга ќе и се стави крај. Сразмерно на исчезнувањето на антагонизмот помеѓу класите во рамките на нацијата, така и на непријателствата на една нација кон друга ќе им дојде крајот."Се разбира, за марксистите, теоријата е водителка за акција. Елементарна должност е борбата против секоја и било каква манифестациај на национално угнетување, расизам, дискриминација и неправда. Неопходно е во секоја земја да се разработи цврста програма за барањата во овој поглед. Без секојдневна борба за напредок под капитализмот, социјалистичката револуција ќе биде утопија. Масите можат само да бидат обучени и јаки за последната битка преку учество во цела серија на делумни битки и престрелки (штрајкови, демонстрации, итн). Се разбира дека е исправна и потребна борбата за секој напредок, ма колку и тој да бил делумен, а се стреми да ги прдобри состојбата на масите. Тоа не се однесува само за социјалните реформи, образованието, здравството и живеалиштата, пензиите итн., туку и за демократските барања до степенот овие да  ја задржат и најмалата виталност.Во Британија, на пример, е неопходно да се бороме за укинување на монархијата и Домот на Лордовите, овие реакционерни реликти од феудализмот. Во секоја земја ние ќе застанеме за правата на жените и ќе се бориме за најнапредна легислатива во полето како абортусот и разводот. Истото се однесува и за националното прашање. Британските марксисти даваат критичка подршка за автономијата на Шкотска и Велс. Ова е елементарно демократско берање и се разбира должност е на марксистите за подршка за демократските барања кои имаат и најмала прогресивна содржина. Се разбира, одобрувањето на парламент за Велс и Шкотска нема да реши ништо фундаментално, но тоа е делумна демократска реформа на која никој социјалист не може да и се спротивстави.Но, тоа не е доволно. Во модерни услови, ниедна реформа, било економска, социјална или демократска, не можат подолго да потраат доколку не водат во фундаментални промени во општеството. Дамна, во 1920, на Вториот Конгрес на Комунистичката Интернационала, Ленин истакна дека националното прашање може да се реши само со победата на пролетеријатот и тој демонстративно го отфрли слоганот на буржоаско-демократското движење од програмата на Интернационалата, заменувајќи го со изразот: "национално ослободителни движења".25 Значењето на ова беше потполно изгубено од оние жални "марксисти" кои капитулираа пред барањата на националистичкита водачи на буржоазијата и ситната буржоазија кои бараа работничката класа да ја остави настрана нивната борба за социјализам и да се потчината на "националната борба", т.е.  да го прифатат раководењето од буржоазијата и националистичките елементи од средната класа. Напротив Ленин покажа дека во модерната епоха буржоазијата е неспособна да го реши националното прашање. Ставот на ленинистите беше заокружен од Троцки: "Правота на национално само-определување се разбира е демократски, а не социјалистички принцип. Но, вистинските демократски принципи се подржани и реализирани во нашата ера само од револуционерниот пролетеријат; и заради оваа причина тие се исплетени со социјалистички задачи." (Троцки, Дела, 1939-40, стр.45, наше истакнување.)Тоа е ставот на вистинскиот марксизам, кој ние го браниме. Во денешни услови, неопходно е да на секое ниво да ја поврземе борбота за демократските барања цврсто со перспективата за социјалистичка трансформација на општеството, експропријација на банкарите и капиталистите. И предусловите за ова се безусловното обединување на работничката класа и нивните организации. Нашиот борен слоган не е "нација против нација", туку "класа против класа!" Дури и нашата цел е неостварива за една нација. Тоа е светски распространет социјализам. Таков беше ставот на сите големи марксисти од минатото. Во 1916, во периодот на црната реакција кога Европа беше во очаен напор на катастрофалната војна, Ленин напиша: "Целта на социјализмот не е да стави крај на поделбите на човештвото во малецки држави и во изолација на нациите во сите свои форми, туку е повторен приод на нациите, но исто така и нивна фузија." (СД на Ленин, Социјалистичката Револуција и Правото на Нациитe на Само-определување, јануари-февруари 1916, том. 22, наше истакување.) И покрај сите докази, апологистите на капитализмот не сакаат да признаат она што растечки евидентно за сите што размислуваат: самата национална држава ја игра истата ретроградна улога што ја играше стариот феудален партикуларизам, локалните бариери и патарините од минатото. Понатамошниот развиток на човечката култура и цивилизација ќе биде можен само со тотално уништување на овие архаични бариери и нивна замена со испланиран и хармоничен развој на продуктивните сили во светски рамки. Не застарениот национализам, туку социјалистичкиот интернационализам е единствената надеж за човечката раса. Како Леон Троцки објасни, целта на социјалистите не е подигнување на нови граници, т.е. нови бариери во човечкиот прогрес, туку укинување на сите граници и создавање на нов социјалистички светски поредок:"Сите државни граници се пранги за продуктивните сили. Задачата на пролетеријатот не е да га задржи статус кво, т.е. да ги овековечи границите, туку напротив да работи на нивно револуционерно отргнување со создавањето на Социјалистички Обединети Држави на Европа и на целиот свет." (Троцки, Дела 1935-36.)

Лондон, 25 февруари 2000.

Социјалистички Апел: Во Одбрана на Марксизмот

Socialist Appeal’s In Defence of Marxism

 www.marxist.com

 socappeal@easynet.co.uk

Забелешки:

 

[1] Labour Party, или Лабуристичка Партија, сега на власт во Британија

2 Ленинови Собрани Дела понатаму скратено ЛСД

3 шиболет= лозинка

4 отсега како МЕОК

5 Панакеја = лек, лекарство за се

6 отсега скратеното МЕСД ќе значи Собрани Дела од Маркс и Енгелс

7 scab (анг.) =крлеж, на сленг scab значи штрајкбрехер

8 wage labourer (англиски)

9 Trade Unions

10 здравица = долен дел на почвата

11 будалите брзаат кон местата каде анѓелите се плашат да стапнат

12 Life teaches itself

13 ен=јапонска парична единица, се употребува јен

14 Во моментот на пишување на текстот, фебруари 2000, не се знаеше исходот, но како и многупати порано и овојпат предвидувањата на марксистите се остварија

15 A little knowledge is a dangerous thing-да имаш мало познавање, тоа е опасно.

16 Socialist Appeal & In Defence of Marxism - се однесува на марксистите во Британија

17 SWP- Socialist Workers Party

18 IMG – International Marxist Group

19 Labour Party

20 Troops Out Movement

21 се мисли на синдикатите

22 decommision= de + commision (заповед, наредба,...)

23 лек

24 од Првата светската војна

25 Народно-ослободителни движења

 

Забелешка кон преведот:Делото е напишано од двајца истакнати марксити од Британија. Во склад со ново прифатената терминологија наместо терминот народност во современиот македонски јазик се употребува и терминот националност. Сите фусноти, забелешки de facto, се со цел што поверодостојно и разбирливо пренесување на тексот.

 

 

 

[ на почеток | содржина | за авторот | контакт ]


КОМУНИСТ МАГАЗИН (www.come.to/crveni), контакт: proleter@email.com
Секое користење, копирање и дистрибуирање на материјалот е дозволено, освен во комерцијални цели. Ве молиме да ја зачувате ознаката на изворот од кој е превземен материјалот.