POBUNJENI UM - web magazin



(Ukoliko imate problema sa prikazom teksta, u Internet Exploreru u meniju View / Encoding odaberete opciju Cyrilic.)

Државата и капитализмот:
Критика на економијата на јавните добра
автор: Драган Драча
datum: 27/11/02


И покрај тоа што граѓанските (буржоаските) економски теоретичари имаат обичај да го гледаа капитализмот неисториски, како вечен и единствен можен облик на општествено уредување, а што имплицира единствена теорија на капитализмот, нивните погледи и теории за капитализмот се менуваат напоредно со неговиот развој, постојано судирјќи се и разидувајќи се. Резултат на тоа е она што денес претставува „економска наука“ - нехомогeно множество на идеи, меѓусебно спротивставени и понекогаш со потполно исклучиви теории. Граѓанските економисти го преферираат еуфемизмот „економски школи“, но со тоа не се менува суштината на стварите. Која од нив, во некој момент, ќе се смета за вистина и со тоа темел на економската политика на државата, зависи од стадиумот на развој во кој се наоѓа капиталистичкиот систем во дадениот момент и од интересот на владеачката (капиталистичка) класа, која го артикулира државниот апарат како нејзин инструмент за одржување на дадениот поредок. [7, 11]

Ова е посебно очигледно според примерот на економиката на јавните добра, дисциплина на граѓанската економија која се занимава со улогата и местото на државата во капиталистичкиот систем поради тоа што таа влијае понепосредно на формулирање на тековната економска политика отколку општата граѓанска економска теорија. Сите методолошки слабости, неисториски и статички третман на економските (и воопшто општествените) појави, на кои Маркс укаѓал со својата критика на класичната политичка економија [11, 12], присутни се во економиката на јавните добра. А како и може да биде поинаку,a да не ги пробиe рамките на граѓанската економија? Покрај бројните „мaли теории“, денешните доктрини кои доминираат со економиката на јавните добра се кејнсијанското и монетаристичкото гледaње на местото и улогата на државата во капиталистичкиот систем. Ниту тие самите не се хомогени, туку претстaвуваат множества на „во главно согласни“ погледи со стотина „нијанси“. Обете „школи“ тргнуваат од сфаќањето дека луѓето консумираат „приватни“ и „јaвни“ добра со цел задоволување на своите потреби. [18]


Приватни и јавни добра

Приватните добра се дефинираат како добра кои имаат особини на исклучивост и ривалство. Под ривалство се подрaзбира дека ако една личност има некое добро, тогаш другите го имаат помалку, а под исклучивост дека е можно да се ускрати доброто на другите луѓе. Значи, добра кои можат да бидат предмет на приватна сопственост.

Јавните добра се оние добра кои се истовремено достапни на сите и кои можат да се консумираат неограничено од страна на сите луѓе. Овие дефиниции на приватните и јавните добра, на тие темелни категории на економиката на јавните добра сликовито ја изразуваат сета апсурдност и ненаучниот карактер на методологијата на граѓанските економисти. Баш како што почнуваат од постоење на приватната сопственост како дадена, како вечна и „природна состојба на стваритите“ и го занемруваат фактот дека таа е општествена-историска категорија, така тука материјалните добра се гледаат како тие да имаат некое објективно својство што ги прави склони да бидат приватни или јавни. Затоа проблемот на местото и улогата н државата во капиталистичката економија го сведуваат на идентификување на јавните добра и нивно обезбедување од страна на истата. Меѓутоа, наизглед оваа едноставна задача се покажува невозможна! Добрата тврдоглаво одбиваат да се потчинат на нивната поделба.

Соочени со ваквта празна и апстрактна поделба која не може да произведе никакви конкретни резултати, затоа што се покажува дека речиси и да нема „чисти“ јавни добра [18] граѓанските економисти измислуват трета категорија: квази-јавни добра. Тоа се добра кои се „ниту таму, ниту ваму“ и во кои може да се вброи практично било што, по потреба. Можат да бидат просторно, временски ограничени, со или без исклучивост, итн. Тука веќе настануваат разидувањата меѓу граѓанските економисти околу тоа што спаѓа во квази-јавни добра, а кои за последица го имаат помалото или поголемото присуство на државата во капиталистичката економија. Колку што е поширок кругот во кој ги вметнуваат квази-јавните добра, толку тие економисти повеќе се залагаат за државна интервенција, и обратно. Овој фундаментален проблем на класификување на добрата е нерешлив затоа што е погрешно поставен. Приватана сопственост не е, ниту може да биде, однос меѓу ствари. Приватната сопственост е општествен однос, те., однос меѓу двојца или повеќе луѓе поради стварите. Самите ствари не може да имаат својство на приватност или јавност per se. Приватната сопственост претставува доброволно или под закана на сила откажување од дејство над некој предмет во корист на друго лице. Тоа просто значи неинтеракција со тој предмет без согласност на неговиот сопственик, ништо повеќе. Тој предмет не ги менува своите својства во ниту една смисла ниту добива ново со самиот чин на воспоставување на сопствеништво над него. Значи, не постојат „објективно“ приватни и „објективно“ јавни добра, па со тоа сосема залудно е да им се одреди такво нешто. Граѓанските економисти остануваат потполно слепи на општествената условеност на приватните добра. Некое добро е приватно само до оној момент до кој остатокот на општеството им го признава правото на сопствеништво на неговиот сопственик.

Граѓанските економисти проблeмот на класификација на приватни и јавни добра го „заобиколуваат“ со тоа што под јавни добра подразбираат се она што не може да се произведе и продаде на пазарот со остварување на профити. Оттаму задачата на државата постанува да го обезбедува сето она што е неопходно за репродукција на постојниот систем и живот на луѓето, а што пазарот не е способен да го произведе. Меѓутоа, ни ова не може да го реши проблемот, поради тоа што пазарот не може јасно да се разграничи со капиталистичката држава. Таа ги создава „институционалните претпоставки“ за егзистенција и функционирање на пазарот. Со други зборови, откако државата со своите механизми на присила ја осигура приватната сопственост и ги дефинира „легалните“ облици на нејзиното движење (купопродажба, подарок, итн.), може да стане збор за постоење на пазар. [6] Антагонизмот помеѓу државата и пазарот, кој во главите на граѓанските економисти е апсолутизиран, е од релативен карактер. На пример денешниот поим на „слободен пазар“ е далеку порестриктивен од она што се подразбирало пред неколку децении или векови (постои забрана на детскиот труд, антимонополски закони, закон за минимална надница, итн.) и она што вчера би се сметало за „државна интервенција и гушење на слободната конкуренција и пазарот“ денес ги чини „институционалните претпоставки на слободниот пазар“. Граѓанските економисти едноставно не можат да се договорат кои од формално-правните елементи на пазарот претствуваат создавање на „институционални претпоставки за постоење на пазарот“,а кои за државна интервенција, те., јавни добра. Тие, а посебно претставниците на неолибералната струја, највеќе би сакале пазарот да функционира сам од себе - дури тие неретко и тргнуваат од историскиот примат на пазарот во однос на државата во своите фантазирања. Ништо подалеку од вистината. Сите современи капиталистички системи настанале, без исклучок, така што капиталистичката класа преку буржоаска револуција ја освојува политичката власт и дури потоа создала формално-правни претпоставки за создавање на национален пазар. Неможноста за јасно разграничување на пазарот од државната интервенција го прави и овој пристап несоодветен; на пазарот можеби и би се произведувале некои добра кои се нерентабилни кога, на пример, постои закон за колективен работен договор и гарантирани минимални заработувачки, а кои би можело рентабилно да се произведуваат кога не би постоел таков закон, затоа што трошоците на работната сила би биле пониски.

Уште поголема забуна настанува околу таканареченото „откажување на пазарот“. Граѓанските економисти го дефинират „отказот на пазарот“ како случај кога пазарот не функционира на идеален начин како што предвидува граѓанската теорија. Кога во пракса ќе се јави теориски „исклучок“, односно пореметување, државата е таа која треба да го регулира. Меѓутоа, тоа ниту теориски, ни практично не е лесна задача за граѓанските економисти, бидејќи не можат да се согласат околу тоа кој е тој идеал на совршен пазарен механизам. [6] Работите се полоши ако се земе предвид дека тие „исклучоци“ во реалноста далеку ја надминуват совршената конкуренција која владее на идеален пазар за кој тие фантазираат; речиси и да нема стопанска гранка во денешните економии која нема некоја „деформација“ во своето функционирање. Тоа е едноставно неминовна последица на процесот на концентрација и централизација на капиталот, [11, 12], пред кој граѓанските економисти го вртат погледот на друга страна, бранејќи се дека тие се занимаваат со „чиста теорија“. Парафразирајќи го Хегел, ако реалноста не се совпаѓа со нивната теорија, дотолку полошо за реалноста.


Државата и буџетот

Прашањето кое се наметнува е: како во пракса функционира државната интервенција во капиталистичкиот систем? Очигледно економиката на јавните добра и воопшто граѓанската економска теорија не се во состојба да дадат единствено решение, туку претставуват извор на бројни произволни толкувања и активности, давајќи им привид на „научност“. Речиси секој потез на капиталистичката држава може да најде потпирана точка во некоја „економска школа“.

Државата, како објснуваат Маркс и Енгелс, [7, 11, 12] настанува како резултат на поделба на општеството на класи на одреден степен од историскиот развој, и се менува како се менуваат фазите на развој на општеството - робовладетелство, феудализам, капитализам. Капиталистичкиот систем се одликува со поделба на капиталистичка и работничка класа, пришто капиталистичката класа го поседува монополот на сопственост над средствата за производство додека работничката класа мора да ја дава својата работна сила на наем на капиталистичката за да ги заработи средствата за живот. Нивните економски интереси се спротивставени и помеѓу нив се води постојана класна борба. Државата е општествена сила („посебни одреди на оружени сили“,[10]) - „јавна власт“ која произлегува од општеството и која се става над него. Државата наизглед стои над општеството и ја ограничува класната борба држејќи се до границите на „поредокот“ за да го спречи распаѓањето на општеството во борбата и овозможила развиток на производните сили. Државата, како резултат на борбата, е држава на најсилната, економски владечката класа, кој со помош на државата постанува и политички владеачка класа. Со други зборови, државата во капитализмот ги артикулира и спроведува првенствено интересите на капиталистичката класа, со помали или поголеми концесии на работничката во склад со растот и опаѓањето на нејзината снага и отпор. Токму тоа е објаснувањето за промените на државната интервенција во капиталистичките стопанства. Силното државно присуство во стопанството, национализацијата на индустриските гранки и таканаречента „држава на благосостојба“ во повоените децении на втората половина на дваесетиот век се резултат на економската криза на либералниот капитализам и јакнењето на свеста и организираноста на работничката класа; исто како што таканаречената „дерегулација“ и „реприватизација“, односно слабеење на присуството на државата во текот на последниве пар децении на дваесетиот век се резултат на слабеењето на работничката класа и неспособноста на државата со својето влијание да го осигура понатамошниот развој на капитализмот. Сменувањето на либералните, кејнсијанските и неолиберални теории во граѓанската економија само се рефлексија на овие објективни процеси. Поточно, некои идеи за помало или поголемо учество на државата во капиталистичкиот систем добиваат значење отткако ќе се создадат објективни услови за тоа. Се разбира, тоа не значи дека граѓанските економисти искрено не веруваат во исправноста на своите теории и дека не работат пожртвувано на нивен развој, туку просто дека политичката власт - државниот апарат, бира, применува и потикнува понатамошен развиток на овие теории кои во дадениот момент најдобро ги одразуваат моменталните интереси на капиталистичката класа и воопшто допринесуваат во одржување на капиталистичкиот систем. Но, граѓанските економисти не го сакаат ваквото објаснувње на државата и нејзината улога во капиталистичкиот систем, бидејќи таа води кон многу незгодни заклучоци - кон потребта за укинување на класната поделба на општеството, кон социјалистичката револуција! Тие добро разбираат дека тоа е атак на темелите на нивната економска доктрина без која таа не би имала никаква смисла - во светот на институцијата на приватната сопственост.

Тие затоа преферираат да не се задлабочуваат во суштината на државата, туку се задоволуваат со она што веќе го има пред нив.. Јавната власт, која на изборите добива легитимитет да собира даноци и од нив да ги финансира своите работи за одржување на постојниот капиталистички систем - пазарот, тоа е дометот на нивните интересирања за природата на државата. Со тоа се објаснува и како тие доаѓаат до идејата дека пазарот има историски примат во однос на државата: бидејќи јавната власт се менува на избори на секои неколку години, секоја нова власт го затекнува веќе постоечкиот пазар, што граѓанските економисти го екстраполираат бесконечно во минатото и „логично“ заклучуваат дека пазарот и претходи на државата.

Затоа што, значи, државата според нив затекнува некој постоечки пазар, нејзе не и преостанува ништо повеќе од собирањето данок во буџетот и од него да ги финансира „јавните потреби и јавните добра“. Од тоа произлегува фундаменталниот принцип на класичната граѓанска теорија на државата - буџетот мора да биде во рамнотежа, приходите да бидат еднакви на расходите. Така се репродуцира постоечкиот пазарен систем, бидејќи онолку колку му е земено на приватниот сектор, нему му се враќа низ државната потрошувачка, само што е редистрибуирано така што ја намалува противречноста во која пазарот пропаѓа со своето спонтано делување. Тоа што е неоходно за понатамошниот опстанок на пазарот, а што приватните капиталисти не можат и не сакаат да го произведуваат бидејќи не им се исплатува (патишта, училишта, болници), го произведува државата како колективен капиталист.


Кејнсијанската доктрина

Работите се компликуваат со појавата на хартиените пари и превземање на монополот на емисија на пари од страна на државата. Количината на пари во оптек сега станува контролабилна променлива од страна на државата, та она и го одзема на пазарот механизмот на спонтано регулирање и истовремено станува потенцијален причинител на нови пореметување на пазарот (премногу пари во оптек води кон пораст на цените - инфлација, а премалку пари кон дефлација). Начинот на кој се одвива тој процес и какви се можностите и последиците на неговот свесно користење, предмет е на повеќе децениски расправи. Големата криза на капиталистичкиот систем во триесетите години на дваесетиот век, и големите материјални разрушувања во Втората Светска Војна ја наметнааа потребата за позначително ангажирање на државата, и токму Кејнсовото сфаќање на овој процес ја обликувало економската политика на капиталистичките држави во повоениот период.

Хроничните кризи на хиперпродукција предизвикни од внатрешната противречност на капиталистичкиот начин на производство [11, 12] Кејнс ги толкува како недоволност на агрегатната побарувачка (што е, се разбира, само површна манифестација!) и како дефект иманентен на капитализмот кој државата треба да го корегира. Тоа претставува квантитативно поместување во однос на погледите на претходните граѓански економисти кои пазарот го набљудувале како стабилен и саморегулаторен. Кејнс истакнал дека мора вештачки да се потикнат инвестициите во стопанството така што ќе се надокнади недостатокот на побарувачка, по цена на појава на дефицит во државниот буџет. Дефицитот, според кејнсијанското сфаќање, е прифатлив и може да се толерира затоа што позитивниот ефект на зголемената побарувачка ќе го забрза стопанскиот развој и ќе ги компензира негативните последици. Се тврди дека растот на количината на пари кој се јавува како последица на дефицитот, поточно како вид на негово покритие од страна на државата, нема значително да го загрози функционирањето на системот. Иако кејнсијанската теорија не излегла од рамките на економиката на јавни добра, во пракса влијанието на државата на капиталистичкиот систем драматично пораснала, преку национализацијата на целосни стопански гранки, основањето на државни претпријатија и ширење на спектарот на нивните активности. „Државата на благосостојба“ требаше да го претвори суровиот систем на конкуренција и експлотација да го претвори во „капитализам со човечко лице“. Кажано со марксистичка терминологија, работничката класа добила бројни концесии во вид на бесплатно здравство, школство, итн., со цел да се смали нејзиниот отпор спрема капитализмот како таков.


Неолибералниот регрес во идеолошкиот фундаментализам

Но, бидејќи кејнсијанскиот концепт не ја разрешил суштината на проблемот, туку само неговата површна манифестција, кризите на капитализот се манифестирале на други начини - низ инфлаторната тенденција, стагнација на стопанскиот раст, итн. Како реакција на тоа, во граѓанската економија се јавуваат теории за нерационалноста на државниот сектор, на неговата бирократија и на економската неефикасност, како причина за нови проблеми. И навистина, капиталистичката држава не може да функционира ефикасно гледано од аголот на профитабилноста како фундаментален капиталистички принцип. Но, тоа им послужило добро на граѓанските економисти и како „доказ“ дека ни реал-социјалистичките системи на Истокот не можат да бидат економски успешни, и како одлично идеолошко оружје за дискредитација на идејата на комунизмот како алтернатива на капитализмот. Тоа што праксата на реал-социјалистичките држави не била отелотворување на идеите на комунизмот, туку тоталитаризам кој се криел позади социјалистичката реторика, тие го игнорирале потполно.

Критиката на државната бирократија, здружена со сфаќањето на инфлаторните ефекти на буџетскиот дефицит, можела да отиде само во еден правец: кон барање за „повлекување на државата од стопанството“. За да се направи тоа барање „научно валидно“ било потребно да се пресмета со кејнсијанските погледи за односите помеѓу државата и стопанството. Отфрлени се кејнсијанските тврдења за нестабилноста на капитализмот, и воскреснала либералната теорија за неговото саморегулаторно дејствување. А тоа што кејнсијанската теорија веројатно не би ни постоела кога капитализмот би бил таков каков што го сликаат неолибералните економисти, нив не ги засега ни малку. Овој чекор наназад бил потребен за да на основа на квалитативната теорија на парите се изведе заклучок дека секој дефицит на буџетот и неговото покритие со емисија на пари нема да допринесе до потикнување на инвестиции во стопанството туку само до инфлаторни удари. Концептот за рамнотежа на државниот буџет е реафирмиран. Тоа значело дека државната интервенција мора да се намали, со укинување на „државата на благосостојба“ и реприватизација на јавниот сектор. Во пракса се случиле распродавања на цели сектори на стопанството и до немилосрдно укинување на бројни права на работниците. Енергијата за понатамошниот опстанок на капитализмот се обиделе да ја најдат со зголемување на степенот на експлоатација низ намалување на индиректните трошоци на работната сила - здравствено осигурување, трошоци во школството, пензии, итн. Економиката на јавните добра дошла до крајот на својот пат на развиток во кејнсијанската доктрина. Логичен чекор напред би било потполното превземање на контролата на стопанството од страна на државата, а тоа за граѓанските економисти е рамно на скок во амбис.Таа во неолибералните доктрини се обидува да се сведе на „разумна мера“, те. да се осакати онолку колку е потребно за се оправдаат минималистичките гледишта за улогата на државата во капитализмот. Затоа, таа го доживува своето назадување во последниве децении, како и воопшто граѓанската економска мисла. Неолибералните економисти во име на одбрана на основните идеолошки премиси на граѓанската економија - приватната сопственост и пазарот, ги откопуваат лешевите на ортодоксните теории од деветнаесетиот век. Тие, како некогаш што телата на христијанските „светци“ служеле за прогон на „неверниците“, ќе послужат за крстоносниот поход на критичката економска мисла. Оти, целта на граѓанската економија не е научно сфаќање на објективните законитости на општествениот развиток и самиот развиток на човековото општество, туку идеолошка одбрана на status аuo, односно на постоечкиот капиталистички систем.

Научната мисла мора да раскрсти со оваа апологетика на капиталот, и да ја основа новата наука на рационалната организација на процесите на општествена репродукција врз дијалектичко-материјалистичката метода. Тоа значи укинување на дихотомијата на јавни и приватни добра базирано на точното сфаќање на општествениот карактер на производството, како и отфрлање на априорна даденост на приватната сопственост. Точка на поаѓање е Марксовата критика на политичката економија. При тоа не се мисли на современата „научна мисла“ отелотворена во професионалните адвокати на капиталот на универзитетските катедри, туку на оние прогресивни сили кои ќе го предводат општеството во борба за универзална човекова еманципација, чиј излез е укинувањето на приватната сопственост и ставањето на сите луѓе во еднаков однос спрема средствата за производство.



Литература
1. Michael Albert and Robin Hahnel, "A Quiet Revolution in Welfare Economics"
2. Theodore Bergstrom, "Lectures in the Theory of Public Goods"
3. Barry Bozeman, "Public Value Failure: When Efficient markets May Not Do", Georgia Institute of Technology, 2000.
4. James M. Buchanan, "The Demand and Supply of Public Goods", 1968.
5. James M. Buchanan, "Cost and Choice: An Inаuiry in Economic Theory", 1969.
6. Ha Joon-Chang, "Breaking the Mould: An Institutionalist Political Economy Alternative to the Neoliberal Theory of the Market and the State", United Nations Research Institute for Social Development, 2001.
7. Fridrih Engels, "Poreklo porodice, privatnog vlasnistva i drzave"
8. Raymond Geuss, "Public Goods, Private Goods" (Introduction)
9. J. Patrick Gunning, "Public Choice, Public Goods, and Constitutions"
10. V. I. Lenjin, "Drzava i revolucija"
11. Karl Marks, "Prilog kritici politicke ekonomije"
12. Karl Marks, "Kapital"
13. Milic Milovanovic, "Teorija cena", Ekonomski fakultet, 1999.
14. Julie Novak, "Public Choice Theory: An Introduction"
15. Zarko Ristic, "Menadzment ljudskih resursa", Ekonomski fakultet, 1999.
16. Zarko Ristic, "Fiskalna strategija", Ekonomski Fakultet, Beograd, 2001.
17. Zarko Ristic, "Fiskalni menadzment", Savremena Administracija, Beograd, 2002.
18. Tony Slack, "Public Goods and Externalies"


[ на почеток | содржина | за авторот | контакт ]

POBUNJENI UM web magazin (www.come.to/crveni), kontakt: proleter@email.com
Секое користење, копирање и дистрибуирање на материјалот е дозволено, освен во комерцијални цели. Ве молиме да ја зачувате ознаката на изворот од кој е превземен материјалот..
Make your own free website on Tripod.com