Make your own free website on Tripod.com
POBUNJENI UM - web magazin




 

Зошто Русија дегенерира во тоталитарна, сталинистичка диктатура, и како така планската економија ги развива производните сили без проверка“ на пазарот?
превод на Why did Russia degenerate into a totalitarian, Stalinist dictatorship,
and how does the planned economy work to develop the productive forces
without the "check" of the market? Marxist FAQ
www.newyouth.com

Најпрво, Руската Револуција ја доживуваме како исклучиво позитивна. За прв пат, рaботниците и селаните докажаа во дело дека е можно да се води општество без земјопоседници, капиталисти и банкари. Се покажа супериорноста на планската економија над анархијата на капиталистичкото производство, не само на полето на идеи ама на конкретната арена на индустрискиот развој, растот на животниот стандард, образование и здравство. Русија, за многу кратко време, стана, од назадна, во главно, земјоделска и империјалистички доминирана земја, една од првите економски и индустриски сили на Земјата. И сето ова само заради планската економија. Ако земеме за пример друга назадна капиталистичка земја од тој период и ја следиме нејзината еволуција во последните 80 години, со многу мали исклучоци, ќе заклучиме дека таа останала назадна и под доминација на империјализмот. Можеме да ги наведеме како примери Индија, Пакистан, Филипини, повеќето од Латинска Америка, итн.

Во исто време мора да објасниме зошто тогаш сталинистичките земји со потенцијално многу продуктивни плански економии влегоа во криза на крајот на 1980те и на крај пропаднаа во раните 90ти. Мислиме дека објаснувањето лежи во немањето демократска контрола во планирањето на економија. Во капитализмот, пазарот претставува, до некоја граница, проверка на економијата. Ако поседуваш фабрика за чевли и произведуваш чевли со слаб квалитет и поскапи од другите на пазарот, најверојатно ќе банкротираш. Ако инвестираш во сектор од стопанството во кој веќе има прекумерно производство, ти најверојатно ќе банкротираш (тоа се случува со сите оние што инвестираат во Југоисточна Азија во фабриките за компјутери, во автомобилската индустрија, итн.)

Така пазарот, иако на анархичен начин и преку разрушувачки квази-циклични кризи, претставува проверка за производните сили (иако таа е намалена со концентрацијата на стопанството во рацете на неколкуте мулти национални кооперации). Во планираното стопанство овој начин не постои. Единствената можна контрола е таа со демократско учество на работните луѓе (потрошувачите н самите производители) во планирањето на економијата. Кој знае подобро од самите работници за потребите во нивното соседство? Кој знае подобро од нив како треба да се организираат фабриките? Проблемот во Советскиот Сојуз беше што непостоеше никаква демократска контрола. Шака бирократи од врвовите на „Комунистичката Партија“ и државниот апарат диктираа се.

Јасно е дека стопанството кое произведуваше еден милион различна стока секоја година не можеше да се контролира без реална вистинска работничка демократија. Па, зошто немаше работничка демократија во СССР? Буржаоските критичари ќе ни кажат дека тоа е неопходна последица на борбата за социјализам. „Комунизмот е анти-демократски и значи диктатура“. Ние одговараме: сево ова се само лаги и клеветења.

Ако ја читаме Лениновата “Држава и Револуција” (препорачлива за сите другари) можеме да видиме како Ленин поставува серија од услови за функционирање на работничката демократија, кој тој ги влече од искуството од Париската Комуна (1871), првата работничка влада во историјата. Има четири главни услови:

            1.) Сите јавни службеници да се избираат со право за отповикување (т.е. може д се сменат веднаш ако повеќе не ги претставуваат интересите на тие што ги избрале).

            2.) Јавните службеници да не примаат плата поголема од онаа на стручниот работник. Маркс рече дека „општественото битие ја определува свеста“, со други зборови начинот на кој живееш го опледелува начинот на кој мислиш. Една од главните причини за реформизмот помеѓу лидерите на работничкото движење се токму покачените плати кои ги примаат како членови на влада, или дури врвните синдикални раководители. Тие конечно мислат дека капитализмот „па, не е толку лош“.

            3.) Без постојана војска, но општо вооружување н народот.

            4.) Во одреден период секој ќе учествува во задачите на водење на стопанството и државата. Според Ленин „ако секој е бирократ никој не е бирократ“.

            Дури и површна анализа на претходните услови, веднаш, е доволна да заклучиме дека ниту еден од нив не се применети во стариот Советски Сојуз. Но, зошто? Во првите години на Револуцијата, Ленин и другите водачи се бореа да се воспостави еден од најдемократските режими кој постоел. Советите, работнички и селански, ја водеа економијата и секому му беше дозволено да учествува во нив. На сите политички партии им беше дозволено да учествуваат во советските избори и дебатите и да ги изложат своите идеи. Малку е познато дека првата советска влада била фактички коалиција помеѓу Болшевичка Партија и Левите Социјал-Револуционери. Единствените партии на кој не им било дозволено биле тие кои се кренале со оружје против Советската власт.

Во рамките на Комунистичката Партија имало широка демократија. За време на Брест-Литовскиот мировен договор со Германија постоеле барем три различни фракции во КП со рзлични опции. Една од нив, Левите Комунисти, предводена од Бухарин, дури издавала за кратко и свој весник, „Комунистот“, противејќи се на Ленинивата позиција на ова прашање! Па, сепак, како е можно таков демократски режим да се изроди во диктатура?

            Ленин, во „Држава и Револуција“ се занимава и со прашањето на економските предуслови за воспоставување на социјализам. Демократското планирање на стопанството може да се оствари само доколку постои стопанска и материјална основа за производство на изобилство за многу. Доколку се појави оскудица на основните добра, сигурно, мора да постои некој кој на  авторитетен начин ќе ја контролира  распределбата на овие оскудни добра. Кратко, во Русија во 1917 материјалните основи за социјализам не постоеа.

            Зошто тогаш Болшевиците ја организира Револуцијата, тогаш? Нивната перспектива никогаш не беше градење на социјализам во Русија во изолација. Тие ја гледаа руската револуција како почеток на европската револуција. Тие мислеа дека земањето на власт на работниците во Русија ќе води до бран на револуционерна борба насекаде низ Европа. Работничката власт во Европа ќе овозвожи материјални средства за брзо развивање на назадната Русија. И, навистина, руската револуција го отвори патот на масовен револуционерен бран во Европа. Во 1918-19 германската револуција, Унгарската Советска Република, шпанскиот револуционерен генерален штрајк, завземањето на фабриките во Италија и општото масовно движење на работничката класа во целиот континент. Но за несреќа сите овие револуции беа поразени.

            Има многу причини за поразите, но на кратко, работничкото движење беше под големо влијание на социјалдемократските реформистички лидери, а комунистите немаа доволно време да се организираат и правеа редици фатални грешки во тој период. Така, руската револуција се изолира во назадната, повеќето селанска земја, разрушена од Првата Светска Војна. И тоа како да не беше доволно па веднаш беа вовлечени во развратната граѓанска војна, во која контрареволуцијата, помогната од 21 странска армија при интервенцијата, се обиде да је сруши младата советска република (и за малку ќе успееа). (што ќе се случеше тогаш? Корнилов? Црните Стотина? zab.prev.)

            Конечно, Црвената Армија победи во граѓанската војна, но плати многу виско. Не само што стопанството беше уништено и масите беа гладни, туку го убија и кремот на кремот на револуционерните комунистички кадри во текот на тешките години. Еден од неопходните услови за работничка демократија е токму општото намалување на работната недела, со цел да се овозможи на работните луѓе да имаат доволно време да го подигнат степенот на обрзование и да учествуваат во политиката и водењето на општеството. Во Русија постоеше подолга работна недела и вопшто многу лоши услови. Учеството во советите полека се намали и се појави слој на службеници, кој полека ги отргаше работниците од политиката и го обесхрабруваше нивното учество.

            Еден од првите кои предупредија на опасноста од бирократизација всушност беше Ленин во последните статии, кои беа потиснувани од Сталин многу години. Но, и под овие екстремно тешки услови не и беше лесно  сталинистичката бирократија да ја задржи власта. Постоеше голема опозиција во редовите и во лидерите на КП. Фактички, бирократијата мораше физички да го елиминира поголемиот дел од партијата за да успее. Ако се земе Централиниот Комитет на партијата во 1917, од револуционерните лидери кои ја спроведоа Октомвриската револуција до 1940 имаше само еден преживеан освен Сталин. Повеќето од нив беа застрелани од Сталин, умреа во затвори и на робија, некои исчезнаа и неколку умреа од старост. Илјадници чесни и лојални Комунисти беа убиени или умреа во концентрациони логори. Личноста која ја водеше најшироката опозиција против растот на бирократија беше Троцки, кој заедно со Ленин ја водеше Октомвриската Револуција и покасно ја организираше Црвената Армија.

            Личноста на Троцки беше замрачена многу години во комунистичкото движење, токму од тие кои безусловно ја бранеа сталинистичката бирократија. Затоа за пофалба е документот на последниот Конгрес на Јужно Африканската КП (бивши сталинисти) во кој се препорчува читање на неговите дела. Комунистите можат да учат од отворена и искрена дебата околу причините за појавата на сталинизмот. (Lenin and Trotsky: What they really stood For). 

 

[ на почеток | содржина | за авторот | контакт ]


ПОБУНЕТИОТ УМ МАГАЗИН (www.come.to/crveni), контакт: proleter@email.com
Секое користење, копирање и дистрибуирање на материјалот е дозволено, освен во комерцијални цели. Ве молиме да ја зачувате ознаката на изворот од кој е превземен материјалот.