|
Февруари 13, 2003: Студентски ден на протести и демонстрации ПОВИК НА ШПАНСКАТА СТУДЕНТСКА УНИЈА ДО СТУДЕНТСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ ДА СЕ МОБИЛИЗИРААТ ПРОТИВ ИМПЕРИЈАЛИСТИЧКАТА ВОЈНА ПРОТИВ ИРАК http://www.sindicatodeestudiantes.org/ http://www.marxist.com/MiddleEast/SE_antwar_call.html 1. Соочени со неизбежната војна што американскиот империјализам ја подготвува против Ирак, Шпанската студентска унија, како дел од интернационалната недела на акции против војната, повика на Студентски протести во четврток, 13.02, кои ќе се состојат од национални студентски штрајкови и демонстации во сите градови во Шпанија. 2. Во име на "слободата" и "демократијата", повторно, империјалистичките сили подготвуваат масакар над недолжните луѓе. Овој пат е ред на ирачкиот народ. Оправданието: Режимот на Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување и затоа безбедноста на САД и остатокот во светот е загрозена. Шокантно е што овие обвинувања се искажани од најмоќната милитаристичка сила на Земјата која троши 37% од светските издатоци за оружје и учествува со 40% во светското производство на оружје.3. Соочени сме со нова империјалистичка војна, класична војна за грабеж и контрола на нови пазари и суровини, во овој случај нафта. Во Персискиот Залив се наоѓаат 65% од светските резерви на нафта, и во првата декада од 21-от век се проценува дека тој регион ќе дава повеќе од половината на светската потрошувачка на нафта, во кој САД учествуваат со 70%. Ирак ги поседува вторите по големина нафтени резерви, по Саудиска Арабија. САД и интернационалната владеачка елита се загрижени за постојната економска рецесија и во вакви околности контролата на светските нафтени резерви станува пресудна. Ова е вистинската причина за американскиот интерес во регионот. Нивната вистинска цел е да го срушат режимот на Садам Хусеин и да воспостават марионетска влада која ќе им овозможи контрола над ирачката нафта без проблеми. Понатаму, американскиот империјализам со карактеристична ароганција за сите угнетувачи, сака да им покаже на сите луѓе на светот дека ако некој се осмели да им се спротистави на нивната моќ ќе се соочи со војна и деструкција. 4. Студентската Унија се спротивставува на оваа империјалистичка војна, без разлика дали е започната од САД или е подржана од Обединетите Нации. ОН е во рацете на империјализмот, а дозволи и го оправда бомбардирањето на луѓето на Југославија, Авганистан и бомбардирањето на Ирак во 1991 - кое предизвика повеќе од 200,000 жртви - истотака го одржуваше и криминалното ембарго против Ирак што веќе предизвика повеќе од милион невини жртви, особено меѓу децата. Токму тие Обединети Нации се слепи и глуви на прекршувањето на сопствените резолуции од страна на Израел (најмоќната регионална милитаристичка сила и финансирана од САД) и на политиката на државен тероризам практикувана од владата на Ариел Шарон која го организира масакрот над палестинскиот народ, политика на геноцид.5. Секако, режимот на Садам Хусеин е диктаторски ( треба да запомниме дека Садам беше подржан, вооружен до заби и финансиран од САД во текот на 80ите за време на војната со Иран која резултираше со еден милион жртви). Ирачката диктатура угнетува милиони ирачки работници и треба да и се спротистават работниците и студентите ширум светот. Сепак, не сме индиферентни кон прашањето како да се сруши Садам, со кои интереси и со кој вид режим ќе биде заменет. Всушност, плановите на САД се сосема јасни: воена окупација на Ирак за најмалку година и пол. Тоа значи замена на Садам со протекторат под воена, економска и политичка контрола на САД. Американскиот империјализам само сака замена на една диктатура која не ја контролира со друг реакционерен режим кој би бил лојален на диктатот на Белата Куќа. 6. Угнетуваните маси од арапскиот свет ( или на било кој дел на Планетата) неможат да веруваат дека американските бомби, или бомбите на ОН ќе ги решат нивните проблеми. Единствениот пат напред за ирачкиот народ е организирана и свесна борба за ставање крај на империјалистичкото угнетување, ставање крај на диктатурата од која страдаат и ставање крај на економскиот систем кој го одржува тие две: значи капитализмот. За да се ослободат самите од секој марионетски и реакционерен режим наметнат од САД и од угнетувањето на Садам Хусеин, работниците и младината од Ирак, селаните и угнетените мора да тргнат по патот на борбата за социјалистичка трансформација на општеството. Тие мора да изградат нова власт на работниците и угнетените, преку која економските ресурси и богатството создадено од работните луѓе ќе биде ставено во рацете на народот и ќе биде употребувано за задоволување на потребите на мнозинството, а не за поголем профит на моќниците и нафтените коорпорации. Само на овој начин ќе биде возможно да се надмине и конфликтот помеѓу различните национални и религиозни малцинства кои живеат во Ирак. 7. Спротивставувањето на оваа војна од страна на младината и работничкото движење е во пораст низ целиот свет. На 18ти и 19ти јануари, 500,000 луѓе демонстрираа во САД против империјалистичката војна, додека значителен број демонстрации се случуваа и во други земји. Анкетите го рефлектираат константното зголемување на спротивставувањето на оваа војна, која само ги задоволува стратегиските и економските интереси на империјализмот и чија цена, како и секогаш, ќе биде платена од работниците и младината ширум светот, а пред се од угнетените луѓе од Ирак. Единствен начин да се сопре овој империјалистички масакар е да се организира интернационално масовно движење од работните луѓе и младината. Синдикатите и левичарските партии мора да се спротистават на оваа војна и да организираат работнички движења преку анти-воени комитети во фабриките, работните места, училиштата и универзитетите, месните заедници, градовите и населените места, кои треба да бидат координирани со план за акција кој треба да содржи повик за 24 часовен генерален штрајк против војната.8. Шпанската студенска унија ја започнува оваа кампања да организира вакви движења помеѓу младината во Шпанија, учествувајќи во сите мобилизации што се организирани интернационално и повикувајќи мобилизација во Шпанија, поставувајќи комитети против војната во училиштата и универзитетите да ги објасни овие идеи, организира делење летоци, состаноци, дебати и протестни активности. Истотака, шпанската студенска унија го прогласува 13ти фебруари за Ден на Студентска Акција и демонстрации. ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ СТУДЕНТСКИ И МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ШИРУМ СВЕТОТ НА ИСТИОТ ДЕН ДА ПОВИКААТ НА СТУДЕНТСКИ ШТРАЈКОВИ, ДЕМОНСТАЦИИ И ПРОТЕСТНИ АКТИВНОСТИ ПРОТИВ ИМПЕРИЈАЛИСТИЧКАТА ВОНА ПРОТИВ ИРАК. Обединетата борба на студентската младина на 13ти фебруари ќе биде одлучен чекор во поттикнување на масовно движење против империјалистичката војна што ќе биде способно да го принуди американскиот империјализам на повлекување и истотака да создаде сериозни потешкотии за европските влади во нивните планови за вмешување во оваа нова агресија против невини луѓе. Да живее интернационалната борба против империјалистичката војна! Ниеден војник, ниеден куршум, ниедно евро за оваа војна! Парите од интервенцијата да бидат употребени за социјали трошоци! Ако сакате мир борете се за социјализам!
Мадрид, 23 јануари, 2003 Скопје, 8 фебруари, 2003
Секое користење, копирање и дистрибуирање на материјалот е дозволено, освен во комерцијални цели. Ве молиме да ја зачувате ознаката на изворот од кој е превземен материјалот. |
|