Make your own free website on Tripod.com
POBUNJENI UM - web magazin


Зошто Советската Бирократија не е Нова Владеачка Класа

од Ернест Мандел

(текстот објавен во Monthly Review 1979/80)

 

Конечно Пол Свизи почна да дискутира за марксистичката традиција, која, тој признава е, воглавно, претставена од троцкизмот, во односот на Руската револуција и нејзината понатамошна судбина. Тој, сепак, сеуште ја отфрла таа интерпретација. Но, барем е спремен за дискусија, а неговите први коментари во Monthly Review (Октомври 1978) се од провизорен карактер. Со нивно одговарање се надеваме дека ќе допринесеме во конструктивна дебата, и со Пол Свизи, со уредниците на Monthly Review, и со читателите на овој магазин, околу она што останува клучна тема на меѓународното работничко движење

.

Свизи нас не` води кон повторување, по четириесет години од анализата на Троцки во 1939, на тезата дека судбината на Советскиот Сојуз и, според тоа, прашањето за природата на бирократијата дека сеуште не се јасни. Троцки, според Свизи, имал смисла бидејќи го поставил прашањето за краткорочна перспектива. Мандел, тој продолжува, само го повторува Троцки без да сфати дека временската скала за која тој зборува го руши кредибилитетот на теоријата.

 

Поентата што Свизи ја пропушта е дека во проблемите што Троцки ги постави не е во прашање временската скала, но основните насоки на развој на современиот свет. Ова постанува јасно ако ги повториме двата пасуса од статијата „СССР во војна“ од Троцки цитирани од Свизи:

 

Ако, сепак се допушти сегашната војна да предизвика не револуција, туку пад на пролетеријатот, тогаш преостанува друга алтернатива: понатамошен распад на монополистичкиот капитализам, негова понатамошна фузија со државата и замена на демократијата кадашто останала со тоталитарен режим.

 

Неспособноста на пролетеријатот да го раководи општеството може тогаш под овие услови да води во раст на нова експлоатирачка класа од бонапартистичка фашистичка бирократија.

 

И повторно:

 

Ако, спротивно на сите можности, Октомвриската Револуција не успее во текот на сегашната војна, или веднаш потоа, да најде продолжение во некоја од развиените земји; и ако, напротив, пролетеријатот е бутнат назад насекаде и на сите фронтови, тогаш ние без сомнение треба да ги ревидираме нашите поими за сегашната епоха и за движечките сили. Во тој случај не е во прашање плескањето на збирката предмети заведена под СССР или сталинистичката банда, но преоценка на светската историска перспектива за следните декади, ако не и векови: Влеговме ли во епоха на социјална револуција и социјалистичко општество, или напротив, во епоха на општествено пропаѓање на тоталитарна бирократија?

 

Сега, вели Свизи, нема нова победа на пролетерска револуција во развиена земја, во текот на Втората Светска Војна или веднаш потоа. Несомнено точно. Но, Свизи заборава на вториот дел на прашањето поставено од Троцки: Имаше ли „пад на пролетеријатот“? Во бројки? Во вештина? Во нивото на организација или милитантност? Како може некој да брани такви тези по мај 1968, кога беа видени трипати повеќе штрајкувачи кои ги превземаа фабриките во Франција од претходното рекордно ниво во јуни 1936? По есента 1969 во Италија, каде имаше шест пати повеќе работници кои ги завземаа фабриките од познатиот штрајкувачки бран во ноември 1920? По првите шест месеци во 1976 во Шпанија, со три пати повеќе штрајкувачи отколку во врвот на револуцијата во 1936? И тоа е покрај Британија, Јапонија, помалите европски земји, Португалија, и другде, каде работничката класа со својата борба од далеку ги надмина највисоките предвоени нивоа.

 

Дали пролетеријатот беше „бутнат назад насекаде и на сите фронтови“? Дали (буржоаската) демократија кадешто беше останата во 1939-40 се замени со тоталитарен режим? Повторно, јасно не. Значи не се држиме до термините на тезите на Троцки од 1939 од рутинизам или претераната почит за „учителот“. Дојдовме до овој заклучок бидејќи се базираме на трезвена пресметка на она што се случило во изминатите 40 години.

 

Така, прашањето за секуларниот тек е и останува такво какво е поставено од Троцки во неговата статија од 1939. Сепак, временската скала е очигледно погрешна. И поради ова, „средната“ варијанта е изоставена, која точно објаснува зошто прашањето не е сеуште потврдено од историјата. Постоеше пораст на светска револуција во текот и по Втората Светска Војна. Имаше подем, а не пад на работничката борба. Но поради ефектите на просечната свест на работничката класа на дваесет години на порази на револуцијата, ова издигање беше делумно и можеше затоа да биде канализирано главно од политичките сили на, или од, бирократијата на традиционалното работничко движење (Британската Лабуристичка Партија, француската, италјанската, грчката комунистичка партија, титоизмот, маоизмот, итн.)

 

Во некои полу-колонијални земји не беа спречени победоносните социјалистички револуцијаии, иако тие од старт беа изобличени од бирократијата (Југославија, Кина, Виетнам). Во империјалистичките земји, на друга страна, каде буржоазијата е далеку помоќна и според тоа со поголемо ниво на свест, а потребно е лидерство на пролетеријатот за револуционерна победа, тоа водеше до кастрација на анти-капиталистичкиот потенцијал на масовна борба, но не без придобивки на работничката класа во нови и важни реформи внатре во буржоаското општество и со спречување на буржоазијата во  утеха во отворени диктатури.

 

Заради причини кои не може да се изложат тука, таму следеше нов период на забрзан економски раст во империјалистичките земји, водејќи кон нов раст на пролетеријатот. Како последица се поставија основите на нов револуционерен потенцијал на Западот-експлозијата на мај 1968 како прв израз. Со други зборови, немаше „повлекување на пролетеријатот на сите фронтови“ ама раст, недоволен за симнување на капитализмот, но доволен за спречување на влетувањето кон „општественото пропаѓање на тоталитарна бирократија“. Но, по „големиот бран на експанзија“ на поствоениот капитализам, смената во доцните 1960ти непопусливо го инаугурираа новиот период на длабока и долга криза која го поставува проблемот во Троцкиевите поими.

 

Да додадеме дека Троцкиевата статија од 1939 беше само првичен нацрт на историската перспектива во врска со Втората Светска Војна. Во попрограмскиот документ, неговиот вистински политички тестамент, „Манифестот на Итната Конференција на Четвртата Интернационала“ (мај 1940), Троцки го поставува проблемот на далеку пореалистичен начин:

 

Нема ли револуцијата да се предаде и овојпат, при две Интернационали во служба на империјализмот, додека вистинскиоте револуционерни елементи конституираат ситно малцинство?... Со цел правилен одговор на прашањето, потребно е правилно да се постави. Природно, ова или она востание можат и сигурно ќе бидат поразени поради незрелоста на револуционерното лидерство. Но не е тоа прашање едно востание. Прашање е на цела револуционерна епоха.

 

Потребно е да се припремиме на долги години, ако не декади, на војни, востанија, кратки интермеца со примирје, нови војни, и нови востанија. Млада револуцијаонерна партија мора да се оснива на оваа перспектива. Историјата ќе и` обезбеди многу можност за нејзино тестирање, да акумулира искуство и да зрее. (Документи на Четвртата Интернационала)

 

Во таа смисла, повоената временска скала на Свизи спротивставена на Троцкиевите тези, е истата онаа во која Троцки ја увиде на попрограмски и помалку пропагандистичка формулација на прашањето. Но, ќе праша некој, што се` ова има врска со класната природа на Советската бирократија? Во одговорот на ова, ние сме во историското срце не „Троцкизмот“ т.е., на современиот револуционерен марксизам. Работниците и сиромашните селани, вели троцкизмот, треба ја ја превземат власта секогаш кога им се пружа можност. Во епохата на империјализмот можноста може да се пружи во помалку развиена земја пред да се пружи во високо развиената. Но, земањето на власт (и потиснување на приватната сопственост на средствата на производство) е само еден потребен но за и по себе недоволен предуслов за градење на социјализам. Овој процес може успешно да се постигне само на интернационален размер. (Секако дека треба да биде инициран насекаде каде се крши власта од капиталистите.)

 

Сталинизмот, победата на бирократијата во Советскиот Сојуз, е резултат од делумните порази на светската револуција. Светската револуција не се прошири во развиените земји. Но исто така не беше поразена до точкa каде капитализмот можеше да се реставрира (империјалистите се обидоа да го сторат тоа, во 1918-21, во 1941-1944, и повторно, иако помалку директно 1948-1951). Конечната судбина на СССР зависи од исходот на светската борба помеѓу капиталот и трудот. Ако пролетеријатот значително се порази, тогаш бирократијата ќе стане владеачка класа (дали нова или капиталистичка е друго прашање). Ако, пак, социјалистичка револуција триумфира на Запад или политичката револуција триумфира во Источна Европа, тогаш за кратко време Советскиот пролетеријат ќе ја симне бирократската власт во СССР пред бирократијата да добие шанса да постане таква владеачка класа.

 

Ние нагласуваме: „или политичката револуција триумфира во Источна Европа“. За другиот аргумент на Свизи, идејата дека работничката класа на сталинистичките земји го прифаќа режимот, иако нерадо, е во контрадикција со спектакуларните настани на кој тој воопшто не се повикува: на работничкото востание во ДР Германија во 1953, на Унгарската револуција во 1956, на Прашката пролет во 1968, и на постојаните масовни востанија на полските работници. И, нели „апстрактната“ идеја за политичка револуција, искажана од Троцки и IV Интернационала пред 45 години, доби реална „конкретна“ содржина со овие историски настани?

 

II

 

Хипотезата дека советската бирократија е нова владеачка класа не кореспондира со сериозна анализа на вистинскиот развиток и на вистинските противречности на советското општество и економија за последниве педесет години. Таквата хипотеза мора да содржи, од гледиште на историскиот материјализам, дека се појавил нов експлоатирачки начин на производство во таа земја. Да беше така, за прв пат во историјата ќе се соочевме со „владеачка класа“ чие општо однесување и приватни интереси (кои се разбира го диктираат однесувањето) се водат спротивно на потребите и внатрешната логика на постоечкиот социо-економски систем. Навистина една од главните карактеристики на Советската економија е неможноста за помирување на потребите од планирање, од оптимизација на економскиот раст (не од „апсолутна“ точка на гледање, туку во рамките на логиката на самиот систем) со материјалнот себе-интерес на бирократијата.

 

Сите последователни економски реформи воведени во СССР под бирократијата, од повторното воведување на сметководството на трошоци базирано како во претпријатијата под Сталин (хозразхот), до експериментот на Хрушчов со совнархоз-от, до Либермановата проектирана употреба на профитот како показател на целокупното стопанско исполнување, до Косигиновото воведување на „мешаните показатели“ за мерење на истото, беа дизајнирани да се надмина таа противречност, но без траен успех. Некој може да го објасни овој очигледен парадокс со потенцирање на паразитската природа на бирократијата која се однесува спротивно на логиката на системот. Некој може да додаде, исто така, дека социјалното планирање може да иде глатко само под управа на здружени произведувачи, материјално заинтересирани во „социјалната дивиденда“, а не во одделните разделни придобивки кои поставуваат фабрика против фабрика, град против град, регион против регион. Но, сето тоа укажува дека бирократијата, која бара такви придобивки, не е нова владеачка класа, која води продажно-репродуктивен нов начин на призводство, туку канцер на општеството при преминот од капитализам во социјализам. Бирократската управа не е само голем отпадок. Таа исто го спречува системот на планска економија, базиран на социјализирана сопственост, на ефикасно делување. И овој непорекнат факт не е во сооднос со карактеризацијата на бирократијата како владеачка класа и со СССР како нов „ експлоатирачки начин на производство“ чии „закони на движење“ никогаш не биле специфицирани.

 

Од друга страна, би биле конфронтирани, повторно по прв пат во историјата, со владеачка класа која на е способна да се продолжи самата преку делување во самиот социо-економски систем. Нема гаранција дека бирократот ќа остана бирократ. Уште помала гаранција дека нејзиниот или неговиот син или ќерка ќе останат бирократи. Се согласувам дека вертикалната подвижност во Советското општество, една од главните социјални сигурни контролни уреди под Сталин, значително се опаднати во изминатите декади. „Геронтократијата“ на Президиумот е симбол на она што навистина се случува во Советското општество. „Сигурноста на закупнината“ на бирократите недвосмислено е зголемена.

 

Но сево ова води до зголемување на социјалните тензии (на пр. притисок за пристап кон високото образование),  а не кон вистинско решение на проблемот на бирократската неспособност да се гарантира постојаност на нивната положба на моќ и привилегии. Уште повеќе, овие позиции продолжуваат да бидат прицврстени првенствено со одделните функции и зависат од политички одлуки (познатата номенклатура), а не од посебната улога во процесот на социјално производство. Затоа, бирократскиот притисок да се задржат врските со посебни фабрики, претпријатија, трустови (т.е., да се реставрира приватната сопственост во економска смисла пред да се реставрира во јудикарна). Затоа постојани притисоци на големи слоеви на бирократијата кон добивање на квалитативно повисок степен на автономија во фабриките или гранковите нивоа (т.е., да се избегне од железните рамки на централизираните планови). Затоа нивната намера кон акумулација на приватен капитал, преку подмитување, корупција, „сива“ или црноберзијанска активност, гомилење на странски валути или злато, итн. Затоа и трендот на растечка „симбиоза“ со нивните сродници од Западот, вклучувајќи и отворање на банкарски сметки во западните банки (посебно уочливи во „народните демократии“).

 

Сево ова води кон потенцијална појава на „нова владеачка класа“, не „нова“ туку добрата стара капиталистичка класа, базирана на приватната сопственост. Но, пред овој процес да се оплоди, треба да се срушат две цврсти препреки: отпорот на работничката класа, која, со текот на таква реставрација, ќе ги загуби вредностите кои се во сегашната поставеност (односно, веројатно единствените вредни работи): гарантирана работна сигурност, т.е., право на работа, полна вработеност, и, според тоа, многу помалку френетично работно темпо отколку на Запад; и отпор на клучните сектори на државниот апарат (приметите го начинот на кој Тито ги стегна југословенските „милијардери“ во раните седумдесети, кога опасноста од реставрација беше вистинска). Затоа тврдењето за егзистенција и владеење на нова владеачка класа ги промашува реалните општествени борби кои се случуваат во тие земји. Тоа го претпоставува, како веќе разрешен во минатото, исходот на борбата која е сеуште отворена.

 

На трето место, ќе се соочиме, исто за прв пат во историјата, со „владеачка класа“ претставник на „начинот на производство“ чие „симнување од власт“ би ја оставило основната економска структура недопрена. Во добро познатиот пасус од третиот том на Капиталот, Маркс пишува дека секој начин на производство се карактеризира со посебна форма на апропријација на општествениот одвишок производ. Сега во СССР, општествениот одвишок производ се апропреира во дуална форма: во форма на употребна вредност, како што е во најголема мера дел на додатната опрема и суровините; и во форма на стока, како што е во мала мерка дел на луксузните добра (и на посебните услуги) купени од страна на бирократијата со привилигиран приход. Но со симнувањето на бирократската диктатура, ова дуална форма на апропријација нема да се промени, само доколку Советските работници сигурно нема да ги претворат средствата за производство во стоки (а тоа е реставрирање на капитализамот!); но тие исто така ќе бидат неспособни брзо да го потиснат стоковниот аспект на природата на потрошувачките добра (нова револуција во СССР нама да го дозволи градењето на социјализам во една земја). Исто, ни потиснувањето на приватната сопственост на средствата за производство, ниту централизираното планирање, ниту државниот монопол на странската трговија нема да се променат со таква револуција (која ние затоа преферираме да ја нарекуваме политичка). Ако се спојат сите овие фактори, очигледно ја добиваме економската структура која останува во основа непроменета.

 

Вистина е дека ќе биде сменет modus operandi на системот. Масата на производители ќе добие одлучувачка реч за што се произведува и како треба да се произведува. Општествената нееднаквост радикално ќе се намали. Огромниот отпад што го прави бирократијатасо своето не-управување ќе престане. Организацијата на работа и нејзината хиерархиска структура ќе бидат радикално обновени. Но самата горенаведена структура, посебната форма на апропријација на општествениот вишок производ, останува во основа иста.

 

Четврто, хипотезата за бирократијата како нова влдеачка класа не` води кон заклучокот дека , за прв пат во историјата, сме конфронтирани со „владеачка класа“ која не постои како класа пред фактички да владее. Од каде доаѓа? Свизи одговара: „Новата експлоатирачка класа се развива од услови создадени од самата револуција.“ Но, ова е испитување на прашањето. Класите се групи на човечки битија вклучени во посебни односи  кои потекнуваат од процесот на производство („продуктивни односи“). Општествените трансформации може да ги трансформираат; но не можат да ги создадат ex nihilo. Стварно, конзистентна теорија на „нова експлоатирачка класа“ во Советскиот Сојуз има смисла само ако се претпостават секторите на работничката класа (работничката бирократија и работничката аристократија) и интелегенцијата (ситната буржоазија и високите државни функционери). Тука е новата владеачка класа дури и пред да ја „земат власта“, те., пред „револуцијата“. (*1) . Од ваквата претпоставка се креваат јаки последици, вклучувајќи ги практично сите аспекти на современата класна борба низ целиот свет, а и ревизија на сите конститутивни елементи на марксистичката теорија. А без таквата претпоставка, поимот за „нова владеачка класа“ издигната „од историскиот процес“ постанува крајно апсурдна, згора на се`, бирократијата ја превзема власта, како може „непостоечки“ општествен слој да ја превземе власта?

 

III

 

Идејата дека Советската бирократија (како синдикалната бирократија на Западот) не ја пресекла попочната врвка со работничката класа, а дека посебните интереси и политички одлуки може да се видат во рамки на посебен-паразитски однос со пролетеријатот, води кон заклучокот дека класната борба во капиталистичките земји е биполарен процес: капиталот против трудот (со бирократијата која делува како „работнички полковници на капиталот“).

 

Идејата дека Советската бирократија е нова влдеачка класа и неодминливиот заклучок дека Комунистичките партии кои не се на власт, барем што се однесува до централниот апарат, е јадро на  нова експлоатирачка класа, ја имплицира потребата од потполна ревизија на начинот на гледање на целокупната историја на дваесетиот век. Класната борба сега ќе биде триполарна: капиталот против трудот против потенцијалната „нова експлоатирачка класа“.

 

Ова не е просто прашање на измена на историската анализа (која по себе и за себе веќе ја крева косата и која, барем според доказите што ги поседуваме, е невозможна задача). Тоа има политички последици од најголем и најтемен каратктер. Ние сме препуштени на избор помеѓу две зла, обете водејќи не` кон заклучоци, подрамувајќи ги конзистентните адвокати на теоријата на „нова експлоатирачка класа“ против борбата на

меѓународната работничка класа за еманципација. Зошто постојат навистина само два начина да се гледа на новата „експлоатирачка класа“. Или таа е , општо и суштински, прогресивна во однос на капиталистичката класа, т.е., таа стои во ист однос кон буржоазијата како што буржоазијата стоеше кон полу-феудалната аристократија пред и за време на буржоаските револуцијаии. Таква хипотеза се разбира дека е перфектно конзистентна со острата критика за нејзиниот експлоатирачки карактер. Но тоа ќе значи во сите изнесени конфликти помеѓу буржоазијата и „потенцијалната нова класа“, треба да се даде истата онаа „критичка подршка“ која во Комунистичккиот Манифест е предвидена за прогресивната буржоазија. И тогаш ќе треба да ги ограничиме, барем делумно, ако не целосно, анти-бирократските борби на работничката класа за да на ја попречиме победата на „прогресивната“ бирократија над реакционерната буржоазија.

 

Самата идеја за социјалистичка револуција и превземање на власта од работничката класа ќе бидат ставени под знак прашање. Потврдно: може да се каже дека декадентниот капитализам може да води кон социјализам или кон оснивање на нов класан систем, прогресивен во однос на капитализамот. Но во тој случај сите победоносни револуцији кои се постигнати до сега треба да се пре-карактеризираат како „бирократски револуции“, а не како пролетерски. Тогаш, обвинувањата дека идејата за директна транзиција од капитализам во социјализам била утописка концептуална грешка на Маркс и марксистите ќе биде со кредибилитет, така да кажеме.

 

Ако „новата владеачка класа“ е попрогресивна од капитализамот, тогаш од тоа ќе следи дека класното општество, спротивно на Марксовата мисла, не го потрошила својот прогресивен потенцијал со подемот на капитализамот; дека нов и историски развиток на силите за производство, водејќи на долг период кон поширок развој на „општествената индивидуа“, т.е., на човековата слобода, била сеуште возможна без укинување на класното општество. Социјализмот тогаш би бил едино морална претпоставка, а не историска потреба да се спречи варварството и падот на човековата цивилизација.

 

И така, иако започнувајќи со клетви кон бирократијата како нови експлоататори, крвопијци, смртни непријатели на работничката класа и човековата слобода, итн, итн, и недвосмислено 99% од вистинските мотиви на само-прогласените марксистички барања за бирократијата како нова експлоатирачка класа се оснива на таква разбирливо морална индигнација за разлика од студената научна анализа, ќе заврши парадоксално во историско оправдување на истата таа бирократија, ако не и отворен апологетист на сите нејзини злодела.

 

Тоа не е случајно. Во концептуалните рамки на класичниот марксизам, класите, вклучително и владеачките, се барем во некое време од нивното постоење историски неопходни, т.е., неопходни инструменти на општествената организација. Ако Советската бирократијаија е нова владеачка класа, и прогресивна во однос на капиталистичката, тогаш заклучокот е непобедлив: таа одиграла , барем привремено, потребна и прогресивна улога во Советското општество. Па, по долго шетање може да се заврши онаму каде е почнато. Потврдено: гулагот не е баш добар, најтешките трудови закони на светот беа пред се одвратни, но дали навистина имало избор? На крај, Русија мора да се индустријализира и модернизира, и така не се прави кајгана без да се скршат неколку јајца, а да се совлада назадноста потребни се варварски средства. Вчера „ние“ го нарековме тоа градење социјализам со „варварски средства“. Денес „ние“ го нарекуваме тоа градење на класно општество напредно во однос на капитализамот со „„варварски средства“. Но денес, како и вчера, „ние“ мораме „објективно“ да ја одобриме бирократијата, со сите нејзини деспотски злостори, како историски потребни. И така натаму ad nauseam.

 

Таа јама лесно се избегнува со марксистичка т.е. троцкистичка интерпретација на Советската историја и улогата на бирократијата. Се` што е прогресивно во развојот на Русија, Кина итн., е производ на социјалистичката револуција. Се што е реакционерно е производ на владеењето на бирократијата. Не постои логичко мешање, туку јасна контрадикција меѓу нив. Следува дека бирократијата не е класа туку паразитски канцер во пролетерското тело: советското општество не е нов деспотски начин на производство, туку општество во транзиција помеѓу капитализамот и социјализмот, затворено во својот прогресивен развој, смрзнато, од страна на бирократската диктатура, која мора да биде отфрлена за да повторно се отвори патот кон социјализмот.

 

Но, ако претпоставката дека бирократијата, како нова експлоатирачка класа, е прогресивна споредено со буржозијата не` води во сериозни заклучоци, претпоставката дека е реакционерна во однос на капиталистите има десетина пати полоши импликации. Тоа ќе значи дека кога постои конфликт меѓу „новата класа“, или потенцијално „новата класа“, и буржоазијата, треба да се даде критичка подршка на последнава против првата.

 

IV

 

Ако буржаоското општество не водело и нема да води, барем во догледно време, до пролетерски револуцијаии туку до „бирократиски“; ако во дузина земји капитализмот не е заменет со работнички држави (нека се и тешко бирократизирани), ама со ново деспотско класно општество, тогаш, очигледно нешто во основа погрешно има во историските проекции и перспективи на Маркс и класичните марксисти. Исто така, очигледно нешто било погрешно и со нивните општествени, економски и политички анализи на самото буржоаско општество, со природата на нивните внатрешни противречности и посебно со природата на современиот пролетеријат.

 

Марксовиот поим за социјализамот, кој го делеа речиси сите социјалисти до 1920тите, беше за слободно општество на здружени произведувачи развиени од посебни економски, општествени, политички, културни и дури психолошки карактеристики на работничката класа (класата која заработува надница), скициран во Комунистичкиот Манифест и понатака подобрен во следните дела на Маркс и Енгелс на оваа тема.

 

Ако се верува дека капитализамот може да води во ново класно општество, како и, или подобро наместо, социјализамот, дека работничката класа може да си стави нова „експлоатирачка класа“, а не да води кон процес на општа човекова еманципација, тогаш се појавува прашањето:  Дали анализата за револуционерниот и ослободителен потенцијал на современата работничка класа од самиот почеток била погрешна? Не толку многу теоретичари отишле дотаму, Баран-Свизиевото последно поглавие на Монополскиот Капитал е прво и најпрочуено според напорите да се изоди тој пат. Неодамна, источно-германскиот опозициски комунист Рудолф Баро ја публикуваше својата книга Алтернативата, од далеку најдлабока марксистичка критика која потекнува од земја доминирана од сталинистичка бирократија по Троцкиевата „Предадена Револуција“, со уште погласен и посинтетички суд од овој вид: „Пролетеријатот се бори спонтано само да го прифати начинот на живот на буржоазијата, или барем на ситната буржоазија која е најблиску до него.“ Херберт Маркузе, како што може да се претпостави, секако изразил потврда за овој суд.

 

Нека не лутаме на прашањето дали од ваквото отфрлање на класичната марксистичка анализа на работничката класа, од Западот или од Советскиот Сојуз, сеедно, следи или не следи дека социјализмот и бескласното општество постанале невозможни. Разните обиди да се пронајде супститутен „револуционерниот субјект“ како замена за современиот пролетеријат, селанството од Третиот Свет, револуционерните студенти, интелегенцијата, или дури маргинализираната сиромаштија, заборава да вклучи она што Маркс го постигна за социјалистичкото движење: дека природата на општеството што треба да се создаде е барем поврзано со општествената природа, стопанската моќ, социо-политичкиот потенцијал, и материјалните интереси на „револуционерниот субјект“, а не со степенот на морална индигнација и индивидуална победа против постоечкиот ред на оваа или онаа група на луѓе. Никој не може да покаже како некој од горе спомнатите социјални слоеви можат да развијат некој од потребните материјални и општествени услови за подигање на вистинско бескласно општество на повисоко ниво од современата работничка класа. Но, дали е точно е дека 150 години на класна борба на современиот пролетеријат (на страна оставајќи ги побуните на гладните во пораните степени, кои Баро коректно не ги зема предвид во неговата анализа и карактеризација) можат да се сведат на формула на стремеж „спонтано... само да го прифати начинот на живот на буржоазијата, или барем на ситната буржоазија“?

 

Колку ли треба да си слеп на раскошната, многуобразиа и страсна историја на борбите на работничката класа, каде поглавијата на здодевниот „конформизам“ стојат на страна со поглавијата со зачудувачкиот капацитет на имагинација, со големи откритија, со нееднаквиот хероизам, за да се направи таква непотребна генерализација! Дали работниците од Париската комуна, револуционерните работници од Русија 1917-1921, на Германија 1918-23, на Шпанија 1936-37, на Југославија 1941-45, на Унгарија октомври-ноември 1956, на Куба 1959-65, на Франција мај 1968, на Прага 1968-69, на Италија во есента 1969, на Португалија во 1975, на Иран во 1979, само се стремеле „спонтано да го прифатат начинот на живот на буржоазијата, или барем на ситната буржоазија“? И повторно: Дали работниците на Шпанија во 1975-76 се однесуваа согласно перцепциите на Баро, каде за прв пат во историјата бевме сведоци, во екот на недопрениот фашистички угнетувачки апарат, неколку политички регионални генерални штрајкови за тие типичните барања од „начин на живот на буржоазијата,“ -- одбрана и ослободување на политичките затвореници? А ова се само најпознатите примери кои доаѓаат на памет. Некој може да додаде дузина други примери кон оваа листа, па и од историјата на американската работничка класа.

 

Прашањето „Зошто немаше победоносна социјалистичка револуција на Западот?“ со оглед на вистинската слика на работничката борба преку едно столетие и повеќе, како и преобемното историско наследство, треба да се преформулира на историски вистинскиот начин: Зошто нема сеуште таква победа, со оглед на пролетерските периодични спонтани обиди за реконструкција на општеството на социјалистичка основа, обиди кои очигледно ја потврдуваат возможноста од таква победа? Тогаш одговорот мора да се побара сметајќи на тешкотиите на потфатот, улогата на субјективниот фактор, потребата за револуционерно лидерство, нерамномерниот развој на пролетерската класна свест, улогата на намерно кочење која ја одигра прво социјалдемократијата (Германија 1918-19), потоа сталинистичките партии (Шпанија 1936-37), т.е., вистинската историска дијалектика на објективните и субјективните предуслови за светски социјализам, кои единствено може да се десат како свесен потфат на општеството објективно и материјално потготвено за негова реализација. Нема поинаква сила во овој вид на буржоаското општество освен современиот пролетеријат.

 

Марксистите не се религиозни луѓе. Нашата определба околу револуционерниот потенцијал на пролетеријатот е базиран на научни анализи и внимателна проверка на историските записи, не на ирационална верба и схоластички силогизми. Ако обемната историска евиденција покаже дека Марксовите претпоставки се погрешни, тогаш нема друг избор од признавањето на вистината, во вистинскиот дух на самиот Маркс кој, не само како досетка, тврдеше дека негово омилено мото е de omnibus dubitandum.

 

Но, ние аргументираме дека доказите оставени од историјата до сега не обезбедуваат таква брзоплета генерализација. И капитализамот, и бирократската диктатура, се во длабока и неразрешива општествена криза, а не марксизмот. Ако некој сака да го избегне повлекувањето во проста рационализација или свое разочарување од релативната преспорост на историскиот процес, или одвратност против погрешните политички водачи, или своја измореност и деморализираност, тогаш треба да ја зачува смислата на однесување и да каже: ајде да почекаме и да видиме како работниците ќе се борат во наредните декади, ил` половина век. И нека не чекаме пасивно, но да правиме се` што можеме да ги осигураме овие работнички борби да завршат со победоносна социјалистичка револуција, пред да повлечеме незрели чекори или пред да ја превземе власта варварството.

 

Се вративме назад од каде започнавме, но со освета, Да, прашањето дали Советската бирократија е нова владеачка класа е директно поврзано со прашањето за иднината на светската револуција и затоа, со иднината на човештвото. Тоа е поврзано, исто така, директно со прашањето на револуционерниот социјалистичкиот потенцијал на работничката класа, до самата можност за социјализам, т.е., со научниот социјализам како таков. Затоа што овие прашања се во самиот центар на Марксовата анализа и на „марксистичкиот систем“. И нема никакви докази кои сугерираат дека овој систем повеќе не е со цврста и силна основа каков што бил секогаш.

 

Забелешки

 

  1. Завземањето на власт на бирократијата не се „развива просто од условите создадени од самата револуција“, исказ кој го избегнува земањето на став околу конкретните политички борби во дваесетите во СССР! Тоа се развива од победоносната политичка контра-револуција („контра-револуција во рамките на револуцијата“, ако некој сака, класичен претходник Термидор за време на Француската Револуција). Во светлината на тој факт, Свизи и нанесува голема неправда на Левата Опозиција, бидејќи не ја спомнува со своите почетоци рано во 1923, можеби неколку години предоцна, како што се потврдило, во конзистентната борба за Советска демократија и зголемини политички права за работничката класа.

 

[ на почеток | содржина | за авторот | контакт ]


ПОБУНЕТИОТ УМ МАГАЗИН (www.come.to/crveni), контакт: proleter@email.com
Секое користење, копирање и дистрибуирање на материјалот е дозволено, освен во комерцијални цели. Ве молиме да ја зачувате ознаката на изворот од кој е превземен материјалот.